Димче Зографски
политичар
Димче Зографски (Велес, 27 октомври 1898 - Скопје, 3 јуни 1985), македонски револуционер и општествено - политички работник. Во младоста се вклучи во македонското национално движење. Поради својата револуционерна дејност е осуден на пет години затвор. За време на НОВ на Македонија работеше во Акциониот комитет за создавање и ширење на народноослободителното движење, за што е интерниран од бугарската окупаторска власт.
Димче Зографски | |
---|---|
Градоначалник на Скопје | |
На должноста 1945 – 1947[1] | |
Претходник | Лазар Танев |
Наследник | Ѓорги Икономов |
Лични податоци | |
Роден(а) | 27 октомври 1898 Велес |
Починал(а) | 3 јуни 1985 Скопје |
Националност | Македонец |
Партија | КПМ |
Наводи
уреди- ↑ „Официјален портал на град Скопје“. Архивирано од изворникот на 2011-02-15. Посетено на 19 декември 2010.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |