Кузман Сотировски
Кузман Сотировски - Чокалија (за време на српската окупација Сотировиќ ) (Стенче, Тетовско, 16 октомври 1908 - Париз, 25 јуни 1990) — македонски фудбалер и прв македонски олимпиец[1]. Поради фактот што бил Македонец во Белград, го добил прекарот Чокалија.
Кузман Сотировски | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 16 октомври 1908 | ||
Роден во | Стенче, Тетовско, Македонија | ||
Починал на | 25 јули 1990 | (возр. 81)||
Починал во | Париз, Франција | ||
Позиција | напад | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1927–1928 | ОФК Белград | ? ? | |
1928–1932 | ФК Сет | ? ? | |
1932 | ФК Монпелје | ? ? | |
Репрезентација | |||
1928–1931 | Југославија | 5 | (2) |
Животопис
уредиСотировски е роден во тетовското село Стенче на 16 октомври 1908 година. Тој имал тројца браќа и во 1913 година заминале на печалба во Белград. Таму отвориле фурни и никогаш не се вратиле во селото. Еден од браќата при посета на селото му донел на Кузман топка купена во Букурешт и тоа била прва топка во селото Стенче. Играл фудбал во Белградскиот спортски клуб (БСК), кој четирипати го освојувал првенството на Југославија (1923–[1941]). Бил најдобар стрелец во Првата лига во 1927 година, со седум гола. Според досегашните сознанија, тој е прв спортист од Македонија што станал репрезентативец на Југославија (1928–1931), за која играл петпати и дал два гола на натпреварот Југославија–Романија 3:1 (3:0) во Белград на 6 мај 1928. Бил прв учесник и на Олимписките игри во Амстердам (1928). По поразот од Португалија со 2:1, Југославија отпаднала од натамошните натпреварувања[2].
Наводи
уреди- ↑ Мицковиќ, Миодраг (16 октомври 2006). „Кузман Сотировиќ, прв фудбалски репрезентативец и олимпиец од Македонија“. Утрински Весник. Посетено на 2009-11-02.[мртва врска]
- ↑ Pero Zlatar, Zvone Mornar i Roman Garber: Na 5 kontinenta, 1920–1962, Zagreb,1962
Надворешни врски
уреди- Kuzman Sotirović – Профил на службената страница на ФИФА
- (српски) Профил[мртва врска] — Фудбалски сојуз на србија