Отвори го главното мени

Благоја Георгиевски - Буштур (роден на 15 октомври 1950 во Скопје) — поранешен македонски кошаркар и југословенски репрезентативец.

Благоја Георгиевски
Прекар(и)Буштур
Висинам
Тежинакг
Роден15 октомври 1950 (1950-10-15) (69 г.)
Скопје, Југославија
НационалностМакедонец
Проф. кариера1968–1984
Клубови
1968–1984Работнички
Репрезентација


КариекаУреди

Клубска кариераУреди

Благоја својата кариера ја поминал во Работнички, клуб кој се натпреварувал во Првата југословенска кошаркарска лига. Со Работнички во сезоната 1975/76, Благоја стигнал до полуфиналето на Купот на победниците на куповите. Во тоа тоа полуфинале, за време на гостувањето кај Чинцано Олимпија Милано, Георгиевски заедно со соиграчот Драган Радосављевиќ добиле труење од храна, резултирајќи со висок пораз на Работнички поради отсуството на Георгиевски - Буштур и слабиот играчки учинок на заболениот Радосављевиќ.[1]

Младинска репрезентативна кариераУреди

Георгиевски - Буштур бил член на младинската југословенска репрезентација. Со таа репрезентација предводена од Лазар Лечиќ, Благоја ја освоил Балканијадата во Риека во 1970 година. Потоа за време на младинското европско првенство одржано во Атина, Буштур со Југославија го освоил четвртото место на Континентот.[1]

Сениорска репрезентативна кариераУреди

На Европско првенство во 1971 година, кое се одржало во Западна Германија, како член на Југословенската кошаркарска репрезентација Георгиевски освоил сребрен медал. Георгиевски бил учесник на Летните олимписки игри во 1976 година кои се одржале во Монтреал како член на Југословенската кошаркарска репрезентација, каде освоил сребрен медал.

Останата кариераУреди

Георгиевски бил амбасадор на Специјалните Олимписки Игри.

УспесиУреди

Клубски титули и успесиУреди

  РаботничкиУреди

  • Куп на Југославија : вицепрвак 1976, 1983
  • ФИБА Европски Куп на Победниците на Куповите : полуфинале 1975/76

Репрезентативни титули и успесиУреди

  Младинска репрезентација на ЈугославијаУреди

  • Балканијада (1) : 1970
  • Европско првенство под 18 години : четврто место 1970

  Сениорска репрезентација на ЈугославијаУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Зоран Михајлов. „Драган Радосављевиќ: Капитен на една златна генерација“, novamakedonija.com.mk преку web.archive.org, 15 април 2019 (посет. 21 април 2019 г).

Надворешни врскиУреди