Мирко Попов (15 октомври 1972, Скопје - 24 март 2024, Скопје)[1] — македонски автор и продуцент на електронска музика.

Мирко Попов
Роден 15 октомври 1972
Скопје
Починал 24 март 2024(2024-03-24) (возр. 51)
Скопје

Кариера

уреди

Неколкуте авангардни музички револуции во 1980-те години, но и неверојатно високиот квалитет на поп-музиката од тоа време помогнале Мирко Попов да развие здрава љубопитност, дивергентен музички вкус и ориентација кон постојан прогрес, што се одразува пресудно во понатамошните одлуки.

Првиот професионален диџеј ангажман го добил во 1992 година и оттогаш не престанал со настапи. Истата година добил простор во култното скопско музичко радио Канал 103, што е еден од клучните моменти во неговиот равој како личност и музичар. Од 2008 до 2010 година бил и главен и одговорен урeдник на Канал 103.

Во 1995 година Мирко Попов и Александар Малевски ја формирале Прогресивната мултимедијална група (ПМГ колектив), која во следните години прераснала во водечка авангардна сила на скопските улици. Журките на ПМГ од 1990-те биле суштината на скопскиот урбан фолклор од тоа време, а Мирко Попов како диџеј, имал можност редовно да настапува низ регионот, но и низ Европа.

Во 1998 година ја формирал дискографската куќа ПМГ рекордингс, која денес е водечка независна дискографска куќа во земјата, со седумдесеттина изданија. Последните години на минатиот век ги донеле и првите (хаус,техно и електро) продукции, а во 2003 година сето тоа прераснало во бендот ПМГ колектив (еклектична комбинација на жив и електорнски пристап во слободен стил) каде Мирко Попов бил автор на музика, текстови и вокалист. Бендот за кратко време прераснал во еден од водечките домашни бендови од првата деценија на новиот век, со повеќе издадени албуми, како и македонски и европски турнеи.

Во 2011 година, со намера да ја отслика духовната атмосфера на ПМГ подиумот за танц, ја покренал етикетата Патерн ПМГ, специјализиран за електронска денс музика.

Попов бил дел и од опскурниот и култен бенд / проект Кантон 6, со кој имал издадено повеќе EP изданија и албумот „Чил Фолк“.

Попов имал остварено повеќе улоги во театарски претстави, како и на филм. Автор бил и на неколку музички дела за театар и филм. Режирал една радио драма. Попов бил уредник и на неколку емисии на скопското радио Канал 103, како и продуцент на електронска музика во склоп на ПМГ.

Соло кариера

уреди

Од 2020 година продуцирал, издавал и настапувал и како соло артист под името Мирко Попов Квартет. Остварил повеќе улоги во театарски претстави, како и на филм. Негови се неколку музики за театар и филм, а режирал и радио драма.

Tој e сценарист и продуцент на документарниот филм „103 - Љубовно писмо до алтернативната култура” и комплетен автор е на музичкиот филм „До небото замок”. Продуцент, сценарист и автор е на повеќе од 50 музички видеа.

Автор е на книгата „20 години те сакам * Монографија за ПМГ колектив”. Автор е на книгата за деца „Розевата планета” издадена за Чудна шума на македонски и албански јазик. Како музички новинар пишувал текстови во Трн, Реборн, Урбан Магазин, Тротоар, Скопско Метро и други. Објавувал своја проза, поезија и стрипови во Маргина, Лифт, Скопско Метро, и др.

Заедно со музичарот Владан Дробицки, идеен творец бил на џез фестивалот „Крај Вардарот џез“, а бил и иницијатор и уредник на неговиот музички проект, платформата „Силата ЕУ младите“.[2]

Наводи

уреди