Неџметин Ербакан (турски: Necmettin Erbakan) беше премиер на Турција во периодот од 1996 до 1997 година.

Неџметин Ербакан
Necmettin Erbakan
Премиер на Турција
На должноста
28 јуни 1996 – 30 јуни1997
Претходник Месут Јилмаз
Наследник Месут Јилмаз
Лични податоци
Роден(а) 29 октомври 1926
Синоп, Турција
Починал(а) 27 февруари 2011
Анкара, Турција
Партија Партијата за национален ред (1970-71)
Национална ослободителна партија (1972-81)
Добротворна партија на Турција (1987-98)
Felicity Party (2003-11)
Сопружник Нермин Ербакан (1967-2005)
Деца Зејнеп, Елиф, Фатих
Установа Технички истанбулски универзитет
Вероисповед ислам

Во текот на 1970 година ја основал партијата за национален ред, која подоцна била забранета. Во текот на 1973 година ја основал Националната партија на благото. По воениот преврат во 1980 година бил уапсен и му била наложена забрана за политичка активност во период од десет години.

Ербакан бил на чело на коалициската влада во 1996 година, а една година подоцна бил принуден да поднесе оставка под притисок на армијата. Во јануари 1998 година Уставниот суд ја забранил Партијата на благосостојбата, на која Ербакан бил водач, со образложение дека ги загрозува секуларните принципи[1][2]. Ербакан бил лишен од правото за учество во политичкиот живот.

Тој бил осуден на две години и четири месеци затвор во 2002 година поради фалсификување на партиски документи за злоупотреба на средства. Казната на крајот била преиначена во домашен притвор.

Ербакан бил духовен учител на сегашниот премиер и водач на Партијата на правдата и развојот Реџеп Таип Ердоган, кој денес го отфрлува исламистичкото минато и изјавува дека е заштитник на конзервативната демократија.

Наводи

уреди
  1. [1] BBC. Ex-Turkish PM sentenced, March 2000
  2. [2] BBC. Turkey Bans Islamists, January 1998