6 октомври — 279-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (280-и во престапна година). Остануваат 86 денови до крајот на годината. Предлошка:Октомври 2024

Настани:

1582  Поради воведувањето на реформите во календарот, подоцна наречени грегоријански календар според папата Грегор XIII, во Италија, Полска, Португалија и Шпанија овој ден во 1582. година е прескокнат.
1600  Во Фиренца, во Италија во палатата Пити, за време на свеченостите по повод венчавката на англискиот крал Хенри VI со Марија Медичи, е одржана премиерната изведба на операта „Евридика“, прва опера во историјата што ја создаде италијанскиот композитор Јакопо Пери.
1889  Томас Едисон го покажува неговиот прв филм (слики во движење).
1908  Австрија ги анексира Босна и Херцеговина.
1943  Балистите запалија поваќе куќи во селото Кленоец и селото Попоец, Кичевско, а во наредните денови беа ограбени повеќе куќи и убиени луѓе во селата Душегубица, Иванчиште, Малкоец и други.
1981  Во текот на воена парада, убиен е претседателот на Египет Анвар ал-Садат од исламски радикали во војската.

Родени:

1459  Мартин Бехајмгермански морепловец и географ.
1769  Исак Брокбритански командант.
1887  Ле Корбизје — швајцарско-француски архитект.
1888  Роланд Гаросфранцуски пилот.
1889  Марија Домбровска — полска писателка.
1919  Томи Лотон — англиски фудбалер.
1937  Иво Данеу — словенечки и југословенски кошаркар.
1955  Бранко Чрнац Туста — хрватски рок-пејач, член на групата КУД Идијоти.
1967  Кенет Андерсон — шведски фудбалер.
1971  Алан Стабс — англиски фудбалер.
1973  Џеф Дејвисамерикански комичар.

Починале:

1014  Самуилмакедонски цар
1891  Чарлс Стјуарт Парнелирски политичар
1943  Јосиф Јосифовски - Свештаротнароден херој на Македонија.
1973  Сидни Блекмер — американски глумец
2006  Вилсон Такер — американски писател
2007  Лаза Ристовски — српски рок-музичар, член на групите „Смак“ и „Бијело дугме“ (р. 1956).
2018  Скот Вилсон — американски глумец.
2019  Џинџер Бејкербритански рок-музичар.