Радослав Петковски
Радослав К. Петковски (Ресен, 13 август 1916, Охрид, 26 октомври 1955) — македонски писател.
Радослав Петковски | |
---|---|
Споменик на Радослав Петкоски во Охрид (сега го нема) | |
Роден/а | 13 август 1916 Ресен, Македонија |
Починат/а | 26 октомври 1955 Охрид, Македонија | (возр. 39)
Занимање | Писател |
Животопис
уредиЗавршил Правен факултет во Белград. По дипломирањето работел како стажант во битолскиот Областен суд, односно како библиотекар во Градската библиотека во Охрид. По окупацијата, станува член на редакцијата на „Нова Македонија“, а од 1947-ма живее во Охрид каде што и починал на 26-ти октомври 1955-та. Член на Друштво на писатели на Македонија[1] од 1952 година.
Основна тема на неговите дела е животот на луѓето што се борат за основна егзистенција.[2]
Книги
уреди- Продадена, драма, 1939 година;
- Рашанец, раскази, 1950 година;
- Збогум татко, драма, 1951 година;
- Рибарот Климе, раскази, 1952 година.
Извори
уреди- ↑ Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.
- ↑ „Мајстор на деталот и психологијата на луѓето, Утрински весник, број 1914, понеделник, 16 октомври 2006“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-02-24.