Саша Барон Коен
Саша Барон Коен (роден 13 октомври 1971 во Сари, Англија) добитник на BAFTA, номиниран за Emmy Англискиот комичар кој е познат по своите успешни комични ликови Али Џи (MC и гангстер), Борат (казахстански репортер) и Бруно (стереотипен австриски (геј) моден репортер).
Заднина
уредиБарон Коен[1] е роден во Стејнс во Сари во Еврејско семејство од средната класа, вториот од трите сина на Џералд и Даниела Барон Коен. Татко му е сопственик на продавница за машка облека во Пикадили а по потекло е од Велс, додека пак неговата мајка е од потекло од Израел. Тој учеше во Хабердаршкото училиште за момчиња, приватно училиште во Елстри а потоа замина да студира историја во Хрисовиот Колеџ, Кембирџ. Во Кембриџ, тој глумеше во претстави како Сирано де Бержерак и Виолинист на покривот. Тој исто така беше активен член на Еврејското младинско движење, Habonim Dror. Саша Барон Коен настапуваше со драмскиот клуб Cambridge Footlights, иако помалку беше активен во клубот отколку неговиот долгогодишен соработник Ден Мазер и не беше толку ангажиран во нивните поголеми ревии. Барон Коен ја напиша историската теза за универзитетот во Кембриџ во врска со Улогата на Евреите во Американското Движење за Цивилни права.
Тој е свршен со Австралијанската глумица Исла Фишер. Парот планира да се венча во традиционална Еврејска церемонија. Фишер се заколна на преобратување во Јудаизам пред венчавката и го доби благословот на Коеновите родители[2]
Барон Коен е втор братучед на Универзитетски професор во Кембриџ по Развојна Психопатологија - Симон Барон-Коен[3].
Рана кариера
уредиВо 1994 Channel 4 бараше замена за нивниот серијал The Word (Светот) и објави отворен повик за нови презентери. Барон Коен им испрати касета преправен во ликот Кристо, фиктивен телевизиски репортер од Албанија (на кој лик делумно беше заснован и Борат, од Казахстан), тоа му го привлече вниманието на еден од продуцентите кој го зеде предвид. Барон Коен се истакна работејќи за телевизиска компанија основано во Свиндон. Неговата прва филмска улога беше негде во тоа време.
Извори
уреди- ↑ Барон не е титула, туку англицизација на Браух
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-04-05. Посетено на 2006-10-31.
- ↑ Empathizing with Simon Baron-Cohen's cousin, August 04, 2004