Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
„Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) — најстар и најголем универзитет на македонски јазик со седиште во Скопје. Формиран е на 24 април 1949 година со три факултети, а денес претставува заедница на 24 факултети, 9 научни институти (5 составни и 4 кои соработуваат со универзитетот) и 6 други институции. За прв ректор е избран Кирил Миљовски[2], а сегашен ректор е Никола Јанкуловски.
![]() | |
Вид | државен |
---|---|
Основан | 24 април 1949 |
Ректор | Никола Јанкуловски[1] |
Студенти | 36.700 |
Место | Скопје, Македонија |
Припадност | Мрежа на универзитети на ЈИЕ |
www.ukim.edu.mk |
Состав на универзитетотУреди
Универзитетот е составен од 23 факултети, 5 составни институти и 4 јавни научни установи, како и 6 други организации кои соработуваат со универзитетот.
ФакултетиУреди
Универзитет | Резултат |
---|---|
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ | 100 |
Универзитет „Гоце Делчев“ | 85,9 |
Универзитет на Југоисточна Европа | 84,3 |
Универзитет за информатички науки и технологии „Свети апостол Павле“ |
83,9 |
Универзитет „Св. Климент Охридски“ | 83 |
Универзитет Американ Колеџ Скопје | 80,7 |
Меѓународен балкански универзитет | 75,5 |
ФОН Универзитет | 58,9 |
Државен универзитет во Тетово | 56,4 |
Европски универзитет | 47,6 |
Приватна висока стручна школа за новинарство и односи со јавност |
46,8 |
Приватна висока стручна школа „Еуроколеџ“ − Куманово | 46 |
Приватна висока стручна школа „Факултет за бизнис економија“ − НЕОКОМ |
45,7 |
Универзитет за туризам и менаџмент | 43,2 |
Меѓународен универзитет Струга | 41,8 |
Меѓународен славјански институт „Г.Р. Державин“ | 41,7 |
МИТ универзитет | 41 |
Приватна висока стручна школа „Бизнис академија Смилевски“ |
40,3 |
Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА | 35,5 |
Универзитет Евро-Балкан | 20,8 |
Денес во универзитетот постојат 23 факултети од сферата на природните, медицинските, техничките, општествените и биотехничките науки како и уметноста.
Природни наукиУреди
Медицински наукиУреди
Технички наукиУреди
- Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
- Архитектонски факултет
- Градежен факултет
- Машински факултет
- Факултет за електротехника и информациски технологии
- Технолошко-металуршки факултет
- Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Општествени наукиУреди
- Филозофски факултет
- Филолошки факултет „Блаже Конески“
- Економски факултет
- Правен факултет „Јустинијан I“
- Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Биотехнички наукиУреди
- Факултет за земјоделски науки и храна
- Шумарски факултет
- Факултет за ветеринарна медицина
- Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
УметностиУреди
Составни институтиУреди
- Економски институт
- Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
- Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
- Земјоделски институт
- Институт за сточарство
Придружни членкиУреди
Јавни научни установиУреди
- Институт за македонска книжевност
- Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
- Институт за национална историја
- Институт за фолклор „Марко Цепенков“
Други високообразовни институцииУреди
Други организацииУреди
Универзитетска библиотекаУреди
Академска библиотека на „Св. Кирил и Методиј“ е НУБ „Св. Климент Охридски“, која е воедно и национална библиотека на Македонија. Отворена е во 1920 година како библиотека на Филозофскиот факултет, а подоцна станала јавна Народна библиотека и библиотека на универзитетот во сегашната зграда.
НаградиУреди
Во 2007 година Универзитетот „Кирил и Методиј“ е одликуван со Орден на Република Македонија за постигнатите исклучителни резултати во долгогодишната научна, наставна и апликативна дејност, давајќи значителен придонес за севкупниот развој и афирмација на Република Македонија како современа демократска држава во светот.
ДипломциУреди
- Борис Трајковски - Втор претседател на Република Македонија
- Бранко Црвенковски - Трет претседател на Република Македонија
- Зоран Јолевски - Македонски амбасадор во САД
НаводиУреди
- ↑ Јанкуловски е новиот ректор на УКИМ
- ↑ Ректори на УКИМ
- ↑ „Објавени резултатите од рангирање на универзитетите во Република Македонија - 2013“. Министерство за образование и наука на Македонија.
Надворешни врскиУреди
- Официјална страница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
- Студентски правобранител на УКИМ Архивирано на 28 октомври 2019 г.