Дончо Димовски
Дончо Димовски (познат и како Дончо Трајанов Димовски; р. 1 октомври 1954 во Битола) — македонски математичар и универзитетски професор од 1994 година.[1]
Дончо Димовски | ||
Роден | Дончо Трајанов Димовски 1 октомври 1954 Битола, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | математичар |
Животопис
уредиДимовски е роден на 1 октомври 1954 година во Битола. Дипломирал во 1976 на Математичкиот факултет, магистрирал во 1979, а докторирал во 1983 година со темата „Неедноставно сврзани Касонови рачки“ на Универзитетот на Њујорк во Бингамтон, САД, каде што добил награда за најдобра докторска дисертација во 1983 година.[2] Научно работи во неколку области: геометриско-комбинаторна топологија, еднопараметарска теорија на фиксни точки, векторско-вредносни структури и други. Има објавено повеќе од 50 научни трудови и две монографии. Од 2001 до 2003 бил шеф на Институтот за математика. Тој е главен уредник на списанијата „Сигма“ и „Matematika macedonica“.[3][4]
Библиографија
уреди- Non-simply connected Casson handles, Ph.D. thesis – посебно издание на ПМФ, 1984;
- Complex commutative vector valued groups, K. Тренчевски, Д. Димовски, МАНУ, 1992
- One parameter fixed point theory, D. Dimovski, R. Geoghegan, Forum Mathematicum 2, de Gruyter, 1990, 125–154;
- On the affine and projective commutative (m+k,m)-groups, K. Trenčevski, D. Dimovski, J. Algebra, 240, 2001, 338–365.
Наводи
уреди- ↑ ПМФ 1946–2006, Скопје, 2006
- ↑ Развој и состојба на математичките науки во СР Македонија, МАНУ, 1987
- ↑ БУ бр. 759 /’00
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Димовски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 472. Text "series " ignored (help)
Надворешни врски
уреди- Комплетна биографија Архивирано на 26 јануари 2021 г. на страната на ПМФ