Крис Хорнер
Кристофер Брендон „Крис“ Хорнер (англиски: Christopher Brandon "Chris" Horner; р. 23 октомври 1971) — поранешен американски професионален друмски велосипедист,[3] кој возел професионално во периодот 1996-2019 и е најнеодамнешен американски возач кој освоил некоја голема трка.
Хорнер на Трката околу Калифорнија 2011 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Кристофер Брендон Хорнер | ||
Прекар | Хорнет, Вториот најдобар качувач во светот[1] | ||
Роден | 23 октомври 1971 Окинава, Јапонија | ||
Висина | 1,80 м[2] | ||
Маса | 70 кг[2] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Аматерски клубови | |||
1993 1994–1996 | Лајт Биар Нутра Фиг | ||
Професионални клубови | |||
1997–1999 2000–2001 2002 2003 2004 2005 2006–2007 2008–2009 2010–2011 2012–2013 2014 2015 2016 2018-2019 | Франсес де же Меркури Прајм Алијанс Сатурн Вебкор Билдерс Соние Дувал-Продир Давитамон-Лото Астана Тим РадиоШек РадиоШек-Нисан Лампре-Мерида Ергас-Сејфвеј Лупус Рејсинг Тим Тим Илуминејт | ||
Значајни победи | |||
|
Живее во Бенд (Орегон)[4] и доминирал во американскиот друмски велосипедизам со освојувањето на бодовните пласмани на Велосипедскиот национален календар САД во 2002, 2003 и 2004.[5] Тој е моментален првак на Вуелта а Еспања, победувајќи на изданието во 2013, со тоа станувајќи најстариот победник некогаш на некоја голема трка во велосипедизмот.[6]
Кариера
уредиПАА-НутраФиг (1995–1996)
уредиХорнер станал професионалец во 1995 со тимот ПАА-НутраФиг.[7] Ја забележал неговата прва поголема победа на етапа на Тур ДуПон во 1996.
Франсе де Жу (1997–1999)
уредиПотоа бил повикан да вози во Европа кај француската екипа Франсес де же. Од 1997 до 1999 имал три фрустрирачки години со оваа екипа.
Меркури, Прајм Алијанс, Сатурн и Вебкор (2000–2004)
уредиВо 2000 се вратил во Америка да се врати на домашната кариера, возејќи со Меркури во 2000, Прајм Алијанс во 2002, Сатурн во 2003 и Вебкор Билдерс во 2004. Хорнер ја освоил скоро секоја поважна трка во американскиот календар, со исклучок на националните првенства.
Соние-Дувал (2004–2005)
уредиХорнер одлучил да се премести во Соние Дувал-Продир, по завршувањето во првите десет на Светското друмско првенство UCI 2004, бидејќи сакал да учествува на Тур де Франс. Откако се повредил на почетокот на 2005, Хорнер се покажал во силно издание на американските првенства и ја освоил неговата прва поголема европска победа со освојување на шестата етапа на Тур де Свис 2005. Потоа го заслужил неговото место во тимот за Тур де Франс 2005 и скоро победил на етапата 13, кога тој и Силвен Шаванел одбиле да соработуваат во последните километри и биле фатени од групата.
Давитамон и Предиктор (2006–2007)
уредиТој се преместил во екипата на белгиската екипа Давитамон-Лото во сезоната 2006. Освоил етапна победа на Тур де Романди[8] и ја завршил трката на седмото место. На Тур де Франс 2006 и на Тур де Франс 2007, Хорнер бил еден од најважните помошници за фаворитот за генерален пласман Кедел Еванс,[9][10] кој завршил меѓу првите пет на двете изданија.
За 2007 година, Хорнер потпишал со Ед Крал Рејсинг за велокрос сезона.
Астана (2008–2009)
уредиВо 2008, Хорнер се преселил во Астана.[11] Хорнер го добил прекарот „Насмевнатиот“ за неговите спокојни изрази на среќа, дури и во најтешките физички предизвици и „Јаху-кид“ за неговите бурни извици по освојување на трката. Неговите колеги Леви Лајпхајмер и Ленс Армстронг го викале „Црвенокосиот“.
На велосипедскиот класик Каскада 2008, Хорнер го довел Бил Демонг со неговиот скршен велосипед (кој бил од друг тим) до целта.[12][13]
РадиоШек (2010–2011)
уреди2010
уредиНа 4 октомври 2009 било потврдено дека Хорнер ќе настапува за Тим РадиоШек во следните две сезони.[14][15] Во една од неговите најсилни сезони, Хорнер станал прв во генералниот пласман на Вуелта ал Паис Васко (Трка околу Баскија), вклучувајќи и критичната шеста етапа на поединечен хронометар, поразувајќи го Алехандро Валверде. Хорнер исто така влегол во првите 10 места на Пролетните класици Флеш Валон, Лиеж-Бастон-Лиеж и Амстел Голд. Тој и неговите колеги од РадиоШек постигнале добри резултати на Трката околу Калифорнија 2010, особено Хорнер, кој прикажал силно издание на целата трка, а на последната етапа од трката бил член на групата која постигнала разлика пред главната група. Хорнер завршил четвртти во генералниот пласман, 1 минута и 4 секунди зад победникот Мајкл Роџер и само 39 секунди зад тимскиот колега Леви Лајпхајмер. Неговата добра форма се докажала со освојувањето на 10-то место во крајниот пласман на Тур де Франс, како првопласиран американски возач, и покрај тоа што во првите етапи се обидел да му дава поддршка на неговиот капитен Ленс Армстронг.
2011
уредиВо 2011 Хорнер го продолжил успехот на Трката околу Баскија со освојувањето на второто место,[16] како и четвртото на Волта а Каталуња. Потоа во мај, Хорнер го постигнал најголемиот резултат во неговата кариера со освојувањето на етапната трка Трка околу Калифорнија 2011. Забележал соло-победа на четвртата етапа, по направената предност на планинската етапа во Сан Хосе.[17] Го одржал неговото водство и ја носел жолтата маичка до кралската етапа на трката, каде дошол до победа со неговиот тимски колега Леви Лајпхајмер преку бегство, со што го зацврстил водството и со 39 години станал најстариот возач во историјата, кој ја победил трката.[18][19] Неговото учество на Тур де Франс 2011 било кратко, откако учествувал во една несреќа.
РадиоШек-Нисан-Трек (2012-2013)
уреди2012
уредиВо 2012 година, Хорнер потпишал со РадиоШек-Нисан. Ја започнал Тирено-Адријатико како прва трка во сезоната, каде завршил како втор откако го изгубил водството на завршниот хронометар од Винченцо Нибали.[20] Потоа завршил осми на Трката околу Калифорнија, неуспевајќи да ја одбрани титулата од минатата година. Возел и на Тур де Франс, каде завршил 13. во генералниот пласман, откако покажал добра форма на планинските етапи.
2013
уредиЈас сум професионалец скоро 20 години поради што ова претставува цел живот напорна работа. Голема трка е секогаш цел за велосипедист, за да докаже колку добар возач си. Спомените ќе траат вечно и возачите со кои бев беа прекрасни и мојата екипа беше фантастична.
По повредата на почетокот од 2013, Хорнер се вратил на трките со освојување на етапата 5 на Трката околу Јута и завршувајќи на второто место во генералниот пласман. По неполни три недели, на третата етапа на Вуелта а Еспања 2013, Хорнер нападнал во последниот километар за победа на етапата и преземање на водството во трката. Со ова, станал најстариот возач во историјата (41 година и 307 дена), кој освоил етапа и ја носел водечката маичка на некоја голема трка.[22] Повторно победил на десеттата етапа, уште една завршница на нагорнина, повторно преземајќи го водството[23] и поставил нов рекорд за најстар возач (41 година и 314 денови), кој освоил етапа на некоја голема трка. Го изгубил водството на трката на следната етапа од Винченцо Нибали,[24] и паднал на четвртото место во генералниот пласман; меѓутоа, стигнал до второто место во пласманот – 50 секунди зад Нибали – пред завршната седмица на трката.[25] Го намалил водството на Нибали за 22 секунди на етапата 16,[26] и 25 секунди за етапата 18, доцнејќи само 3 секунди.[27] Шест секунди пресврт се случил на етапата 19[28] со што Хорнер прешол во предност од три секунди на претпоследната етапа, која завршила на легендарното искачување Алто де л’Англиру, едно од најтешките качувања во велосипедизмот.
Нибали – кој сакал да го заокружи двоецот Џиро-Вуелта[29] – се обидел да се оддалечи од Хорнер неколку пати на планинската етапа до Англиру каде обожавателите биле густо собрани, а поради стрмните делови немало телевизиски пренос неколку минути. Но, Хорнер одговорил на секој напад пред на крајот да го помине Нибали на кривина со наклон од над 20% на само еден преостанат километар. Меѓутоа, Хорнер продолжил да ја зголемува разликата до 28 секунди до целта. Второто место му донело и временски бонус со што имал победничка разлика од 37 секунди пред Нибали и Крис Хорнер ја освоил Вуелта а Еспања.[30] Тоа била единствена победа на некоја голема трка во неговата 20-годишна професионална кариера и со освојувањето на оваа трка станал најстар победник на некоја голема трка некогаш.[31][32]
Го напуштил РадиоШек-Леопард на крајот на сезоната, бидејќи истекол неговиот договор. Чувствувал дека вредел повеќе отколку што екипата била спремна да му понуди.
Лампре-Мерида (2014)
уредиХорнер се приклучил на Лампре-Мерида за сезоната 2014.[33] Во април, додека тренирал во Италија за Џиро д’Италија 2014, бил удрен од автомобил кој подоцна избегал од настанот. Хорнер имал пукнато белодробно крило и скршени ребра, нарушувајќи го неговиот настап[34] на Џиро д’Италија 2014. Избрал да не настапи на Џирото; на 30 јуни 2014, Хорнер бил именуван во екипата на Лампре за Тур де Франс 2014, каде Руј Кошта бил предводник на екипата.[35]
Завршил втор на планинската Трка околу Јута[36] која му била подготовка за Вуелта а Еспања 2014. Меѓутоа, Хорнер се повлекол од Вуелта пред првата етапа поради неговото ниво на кортизол кое било под границата сметано за здраво. Објавата следела по употребата на Хорнер на кортизон на рецепт по терапевтското закрепнување по бронхитот.[37]
Лампре-Мерида не го продолжиле договорот на Хорнер и во декември 2014 година објавил дека потпишал договор со континенталната екипа Ергас-Сејфвеј за 2015 година.[38]
Тим Илуминејт (2018–2019)
уредиВо јуни 2018 година, Хорнер се вратил на трките за националното друмско првенство, возејќи за Тим Илуминејт. Изјавил дека го надминал бронхитот кој го нарушил крајот на неговата кариера, поради која се вратил на трките.[39] Меѓутоа, на крајот не ја завршил друмската трка.[40]
Медиумска кариера
уредиВо 2019 година, Хорнер станал дел од медиумската куќа NBC за нивниот пренос на Тур де Франс, каде бил коментатор,[41] а во август 2020 година започнал своја емисија на Јутјуб наречена 'The Butterfly Effect'.[42]
Достигнувања
уреди- 1996
- 1. Класик Ланкастер
- 1. Етапа Тур ДуПон
- 2. Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
- 3. Краен пласман Класик Фичбург
- 3. Национално друмско првенство
- 1997
- 3. ГП Западна Франција
- 3. Невада Сити Класик
- 1998
- 7. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант ет де ла Вјен
- 9. Гран при де Насионс
- 1999
- 9. Краен пласман Сиркут де Мин
- 2000
- 1. Краен пласман Тур де Лангкави
- 1. Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
- 8. Краен пласман Критериум Интернасионал
- 8. Рут Адели де Витре
- 2001
- 2. Краен пласман Класик Каскада
- 1. Етапа 3
- 5. Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
- 1. Етапа 5
- 2002
- 1. Велосипедски национален календар САД
- 1. Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Краен пласман Класик Си Отер
- 1. Етапа 3
- 1. Краен пласман Гран при Нејчр Вали
- 1. Етапа 3
- 1. Краен пласман Класик Фичбург
- 2. Национално друмско првенство
- 3. Краен пласман Класик Каскада
- 9. ГП Сан Франциско
- 2003
- 1. Велосипедски национален календар САД
- 1. Краен пласман Трка околу Џорџија
- 1. Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
- 1. ГП Сан Франциско
- 1. Етапа 4 Класик Каскада
- 2. Класик Фичбург
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 3. Краен пласман Класик Си Отер
- 9. Класик Ланкастер
- 2004
- 1. Велосипедски национален календар САД
- 1. Краен пласман Класик Си Отер
- 1. Етапа 2
- 1. Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
- 1. Етапа 1а (ITT)
- 1. Етапа 1б
- 1. Етапа 2
- 1. Краен пласман Тур де Туна
- 3. Краен пласман Трка околу Џорџија
- 8. Светско друмско првенство
- 2005
- 3. Национално друмско првенство
- 5. Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 6
- 6. Класик Ланкастер
- 2006
- 7. Краен пласман Тур де Романди
- 1. Етапа 2
- 8. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 10. Краен пласман Париз-Ница
- 2007
- 3. Џиро дел’Емилија
- 5. Краен пласман Тур де Романди
- 5. Копа Сабатини
- 10. Џиро ди Ломбардија
- 2008
- 7. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 7. Џиро ди Ломбардија
- 2009
- 2. Краен пласман Тур де л’Ен
- 2010
- 1. Краен пласман Трка околу Баскија
- 1. Етапа 6 (ITT)
- 2. Краен пласман Џиро ди Сардења
- 4. Национално друмско првенство
- 4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 7. Краен пласман Критериум Интернасионал
- 7. Флеш Валон
- 7. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
- 8. Краен пласман Тур де Франс
- 9. Краен пласман Критериум ду Дофине
- 10. Амстел Голд Рејс
- 2011
- 1. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 1. Етапа 4
- 2. Краен пласман Трка околу Баскија
- 4. Краен пласман Волта а Каталуња
- 2012
- 2. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 7. Краен пласман Трка околу Јута
- 8. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 9. Краен пласман Трка околу Баскија
- 2013
- 1. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 1. Комбиниран пласман
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 10
- 2. Краен пласман Трка околу Јута
- 1. Етапа 5
- 6. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 2014
- 2. Краен пласман Трка околу Јута
- 8. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 2015
- 4. Краен пласман Трка околу Азербејџан
- 5. Национално друмско првенство
- 5. Краен пласман Трка околу Јута
- 7. Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
- 9. Краен пласман Трка Џила
- 2016
- 9. Краен пласман Трка Џила
Распоред на резултатите во генералниот пласман
уредиРаспоред на резултатите на големите трки | |||||||||||||||||
Голема трка | 1998 | 1999 | 2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | СО | — | — | — | — | — |
Тур | — | — | — | — | — | — | — | 33 | 61 | 14 | — | — | 8 | СО | 13 | — | 17 |
/ Вуелта | — | — | — | — | — | — | — | — | 20 | 36 | — | СО | — | — | — | 1 | — |
Распоред на резултатите на поважните етапни трки | |||||||||||||||||
Етапна трка | 1998 | 1999 | 2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 |
/ Париз-Ница | — | 65 | — | — | — | — | — | — | 10 | 24 | — | — | 49 | — | — | — | — |
Тирено-Адријатико | — | — | — | — | — | — | — | СО | — | — | — | — | — | — | 2 | 6 | СО |
Волта а Каталуња | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 58 | — | — | 3 | — | СО | СО |
Трка околу Баскија | — | — | — | СО | — | — | — | — | 31 | СО | 41 | СО | 1 | 2 | 9 | — | — |
/ Тур де Романди | 43 | — | — | 93 | — | — | — | — | 7 | 5 | — | — | — | — | — | — | — |
Критериум ди Дофине | — | — | — | — | — | — | — | — | 34 | — | СО | — | 9 | — | — | — | — |
Тур де Свис | — | СО | СО | — | — | — | — | 5 | — | 42 | — | — | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ Clarke, Stuart (November 5, 2015). „13 of the strangest nicknames in cycling“. Cycling Weekly. Посетено на May 11, 2016.
- ↑ 2,0 2,1 „Christopher Horner profile“. Архивирано од изворникот на декември 27, 2013. Посетено на декември 26, 2013.
- ↑ „Horner wants to keep racing, says agent“. Cyclingnews.com. Посетено на July 4, 2017.
- ↑ „Биографија на USA Cycling“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2012-03-17.
- ↑ Tooting his own Horner – Part I
- ↑ „Вуелта а Еспања: Крис Хорнер, 41, е најстариот победник на Гранд Тур“. Bbc.co.uk. 15 септември 2013. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ Eurosport.com Chris Horner Архивирано на 3 декември 2006 г.
- ↑ „Horner takes Romandie stage win“. BBC Sport. BBC. April 27, 2006. Посетено на October 25, 2021.
- ↑ „Tales: "What the hell?"“. Eurosport. TF1 Group. July 22, 2006. Посетено на October 25, 2021.
- ↑ Andrews, Conal (July 23, 2010). „Horner continues his progression by sitting tenth in Tour de France“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на October 25, 2021.
- ↑ „Astana sign Chris Horner“. Cycling Weekly. IPC Media. November 16, 2007. Посетено на October 25, 2021.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-12-02. Посетено на 2012-03-17.
- ↑ Свифт, Хајди (16 август 2008). „Крис Хорнер докажа зошто е миленик кај публика“. The Oregonian (англиски). Посетено на 17 август 2008.
- ↑ „РадиоШек-Нисан-Трек го објави составот за 2012“. VeloNews (англиски). Competitor Group, Inc. 5 декември 2011. Архивирано од изворникот на 2012-01-08. Посетено на 17 јануари 2012.
- ↑ „Хорнер потпишал со РадиоШек на две години“, Cycling News, 2009-09-04. Посетено на 2009-10-02.
- ↑ Hood, Andrew (April 9, 2011). „Andreas Klöden takes overall title at Tour of the Basque Country as Tony Martin wins final TT“. VeloNews. Competitor Group. Архивирано од изворникот на March 3, 2016. Посетено на July 4, 2017.
- ↑ „Horner takes control of Tour of California with brilliant Sierra Road climb“. VeloNews. Competitor Group. May 18, 2011. Архивирано од изворникот на March 3, 2016. Посетено на July 4, 2017.
- ↑ Kirsten Frattini (May 23, 2011). „Horner 100 Per Cent Focused On Tour De France After California Victory“. Cyclingnews.com.
- ↑ „Horner, 39, oldest to win Tour of California“. The San Francisco Chronicle. May 23, 2011.
- ↑ „Nibali conquista la Tirreno: E adesso marcia su Sanremo“ [Nibali won the Tirreno: And now march on Sanremo]. Тирено-Адријатико (италијански). RCS MediaGroup. March 13, 2012. Посетено на July 4, 2017.
- ↑ „RadioShack-Leopard's Chris Horner, 41, becomes oldest ever grand tour winner“. Daily Telegraph. September 15, 2013. Посетено на September 17, 2013.
- ↑ Аласдер Фотерингем (26 август 2013). „Хорнер влезе во историјата со етапната победа, води на Вуелта а Еспања“. Cyclingnews.com (англиски). Future plc. Посетено на 3 септември 2013.
- ↑ Ендру Худ (2 септември 2013). „Хорнер повторно го презема водството, се вжештува Вуелта“. VeloNews (англиски). Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 3 септември 2013.
- ↑ Farrand, Stephen (September 4, 2013). „Cancellara powers to Vuelta a España time trial victory“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на October 25, 2021.
- ↑ „Vuelta a Espana 2013: Basso out with hypothermia as Nibali leads“. BBC Sport. BBC. September 7, 2013. Посетено на October 25, 2021.
- ↑ Benson, Daniel (September 9, 2013). „Barguil claims a second Vuelta a Espana stage victory“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на October 25, 2021.
- ↑ Farrand, Stephen (September 12, 2013). „Kiryienka wins Vuelta stage to Peña Cabarga“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на October 25, 2021.
- ↑ „Chris Horner leads Vuelta a Espana after stage 19“. Cycling Weekly. IPC Media. September 13, 2013. Посетено на October 25, 2021.
- ↑ „Nibali targets Giro, Vuelta cycling double“. Bangkok Post. Kowit Sanandang; Post Publishing Public Co. Ltd. Agence France-Presse. August 24, 2013. Посетено на October 25, 2021.
- ↑ Fotheringham, Alasdair (September 14, 2013). „Horner closes in on Vuelta victory on the Angliru“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на October 25, 2021.
- ↑ „Vuelta a Espana: Chris Horner, 41, is oldest Grand Tour winner“. BBC Sport. September 15, 2013. Посетено на September 15, 2013.
- ↑ „Chris Horner wins 2013 Vuelta a Espana“. Cycling News. September 15, 2013. Посетено на September 17, 2013.
- ↑ Farrand, Stephen (January 30, 2014). „Horner signs with Lampre-Merida“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на January 30, 2014.
- ↑ Браун, Грегор (13 април 2014). „Лампре откри повеќе детали за несреќата на Хорнер, враќање на Тур можно“. VeloNews.com. Архивирано од изворникот на 2014-08-27. Посетено на 15 април 2014.
- ↑ „Крис Хорнер именуван во екипата на Лампре-Мерида за Тур де Франс“. Cyclingnews.com. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ „Генерален пласман“. Трка околу Јута. Трка околу Јута 2014. Архивирано од изворникот на 2014-09-14. Посетено на 13 септември 2014.
- ↑ Фотерингам, Вилијам (22 август 2014). „Крис Хорнер се повлекува од Вуелта а Еспања поради ниското ниво на кортизол“. Посетено на 22 август 2014.
- ↑ „Chris Horner signs with Airgas-Safeway“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 1 декември 2014. Архивирано од изворникот на 2016-09-15. Посетено на 10 јануари 2015.
- ↑ Malach, Pat (June 23, 2018). „Horner returns to racing at US Pro Championships“. cyclingnews.com. Посетено на June 25, 2018.
- ↑ Malach, Pat (June 24, 2018). „Jonny Brown wins US Pro Road Championships in Knoxville“. cyclingnews.com. Посетено на June 25, 2018.
- ↑ Malach, Pat (June 22, 2019). „Chris Horner joins NBC's Tour de France broadcast team“. cyclingnews.com. Посетено на June 28, 2019.
- ↑ „Chris Horner - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2021-10-04.
Надворешни врски
уреди„Крис Хорнер“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Биографија на USA Cycling Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Крис Хорнер на Твитер
- „Достигнувања на Крис Хорнер“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Крис Хорнер“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Крис Хорнер“. ProCycling.