<< октомври >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05
06 07 08 09 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31
2024

17 октомври — 290-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (291-и во престапна година). Остануваат 75 денови до крајот на годината.

Настани:

1878  Започнало Кресненското востание на македонскиот народ против османлиската власт, а за ослободување на Македонија и за создавање на независна држава. Околу 400 востаници, предводени од Димитар Поп-Георгиев Беровски и војводата Стојан Карастоилов, го нападнале селото Кресна, каде што се наоѓаla османлиска касарна. Притоа ја зазеле касарната и ослободиле неколку места каде што била создадена народна власт. Востанието било задушено дури во јуни идната година.
1907  Воспоставена е првата радиотелеграфска врска меѓу Европа и Северна Америка. Радиоврската меѓу двата континента се покажала многу попрактична од телефонската врска, за која биле потребни скапи подводни кабли.
1912  Почнала Првата балканска војна. Војната завршила со примирје на 3 декември истата година. На конференцијата во Лондон, на 30 мај 1913 г. Турција морала да се откаже од територите на Европскиот континент, освен од Одрин, кое сојузниците не успеале да го заземат. Македонскиот народ зел активно учество во војната, очекувајќи дека ќе се избори за слобода и независност. Но, наместо тоа, сојузниците ја поделиле Македонија, што пак било причина за почетокот на Втората балканска војна.

Родени:

1760  Клод Анри Сен Симон — француски социјалист, утопист и филозоф.
1917  Мак Диздар — босански и југословенски поет.
1918  Рита Хејворт — американска глумица.
1922  Борислав Михајловиќ - Михиз — српски писател и критичар.
1923  Барни Кесел — американски џез-музичар.
1943  Кирил Дојчиновски — македонски и југословенски фудбалер.
1946  Виктор Третјаков — руски и советски виолинист и диригент.
1950  Јусуф Хатуниќ — босански и југословенски фудбалер.
1959  Билјана Јевтиќ — српска фолк-пејачка.
1963  Серхјо Гојкочеа — аргентински фудбалски голман.
1972  Еминем — американски рапер, музички продуцент и глумец.
1979  Кими Раиконен — фински автомобилист во трките на „Формула 1
1983  Александар Дјаченко — казахстански велосипедист.
1984  Готфрид Свартхолм — соосновач на The Pirate Bay.
1969  Вајклеф Жан — рапер од Хаити.
1992  Адам Марушиќ — црногорски фудбалер.
1995  Алексеј Миранчук — руски фудбалер.
2002  Максимилијан Бајер — германски фудбалер.

Починале:

1404  Катерина Висконти — Војвотка на Милано.
1849  Фредерик Шопен — полски композитор и пијанист.
1849  Васил Дилев — македонски фудбалски голман.
1938  Карл Кауцки — чешко-австриски марксистички теоретичар.
1962  Наталија Гончарова — руска сликарка.
1973  Ингеборг Бахман — австриска писателка.
2012  Силвија Кристел — холандска манекенка и глумица.
2017  Јагода Сланева — македонска балерина.