Иво Погорелиќ — хрватски пијанист.

Животопис

уреди

Иво Погорелиќ е роден во Белград. Почнал да учи пијано на седумгодишна возраст, а на дванаесетгодишна возраст го продолжил школувањето во Москва. Погорелиќ е познат и по својата богата општествена активност: Во 1986 година основал фондација во Хрватска за помош на младите музичари; во Германија основал музички фестивал за поддршка на младите музичари кои се наоѓаат на почетокот од нивната кариера; а значајна е и неговата хуманитарна активност во соработка со Црвениот крст и со други невладини организации.[1]

Музичка кариера

уреди

Настапувајќи на разни меѓународни натпревари, Погорелиќ добил повеќе признанија и награди, а познат е скандалот за време на неговото учество на меѓународниот натпревар „Шопен“ во Варшава, одржан во 1980 година. Имено, жири-комисијата донела одлука да не му дозволи на Погорелиќ да свири на финалниот концерт поради „премногу слободната интерпретација на авторскиот текст“. Тоа предизвикало бурна реакција на публиката, а реномираната аргентинска пијанистка Марта Аргерич, која била членка на жири-комисијата, во знак на протест го напуштила натпреварот. Овој настан ја зголемил популарноста на Погорелиќ кој во 1980-тите продолжил да ја воодушевува публиката ширум светот, а критиката го нарекувала „еден од најголемите и најконтроверзни пијанисти на своето време“.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 55 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12 July -20 August 2015.