Фрида Пинто
Фрида Селена Пинто (родена на 18 октомври 1984 г.) — индиска глумица која главно глуми во американски и британски филмови. Таа е родена и израсната во Мумбаи, Индија, и уште во младите години одлучила да биде глумица.
Фрида Пинто | |
---|---|
Пинто во 2014 година | |
Роден(а) | Фрида Селена Пинто[1] 18 октомври 1984 Мумбаи, Индија |
Занимање |
|
Активен период | 2005–сè уште |
Пинто станала позната преку британскиот филм Милионер од гетото (2008), во кој таа ја играла својата прва филмска улога. Таа била добитник на наградата за најдобар пробив на Меѓународниот филмски фестивал во Палм Спрингс и била номинирана во неколку категории на различни филмски доделувања на награди. Таа играла улоги во неколку американски и британски филмови, најчесто играјќи споредни улоги. Нејзиниот најголем комерцијален успех се случил со научно-фантастичниот филм Планета на мајмуните: Почеток (2011). Пинто добила големо внимание играјќи ја главната улога во филмот Тришна (2011), режиран од Мајкл Винтерботом. Нејзината изведба во биографската драма Пустински танчер (2014) наишла на пофалби од филмските критичари.
И покрај тоа што индиските медиуми ја опишуваат Пинто како жена која ги соборува стереотипите за индиските жени во странските филмови, таа сепак е помалку позната личност во индиската кинематографија. Заедно со филмската кариера, таа промовира хуманитарни дела и е гласна за зајакнувањето на жените.
Кариера
уредиПочетоци и пробив (2008–10)
уредиВо 2007 година, модната агенција на Пинто ја избрала неа и уште шест други модели за аудицијата за главна женска улога за филмот на Дани Бојл, Милионер од гетото (2008) по барање на директорот одговорен за кастингот.[2][3] По шест месечни ектензивни аудиции, Пинто ја добила улогата на Латика, девојката на главниот лик Џамал, игран од Дев Пател.[4] За време на постпродукциската етапа, таа присуствувала на курс за глума кој го водел режисерот Бари Џон во своето студио за глума во Мумбаи.[5] Иако на курсот се изучувало за „техничките аспекти“ на глумењето, таа изјавила дека „во поглед на вистинското искуство, не постои ништо друго како одењето таму и играјќи ја улогата... За мене, мое омилено училиште за глума беа шестмесечните аудиции со Дани Бојл“.[3] Познат особено по содржината и саундтракот, Милионер од гетото излегол како изненадувачки хит;[6][7] направен со буџет од 15 мил. долари, заработувајќи 377.9 мил. долари во светски рамки.[8] Филмот бил најуспешен на 81. доделување на наградите Оскар: номиниран во 10 категории, од кои освоил награда во осум, вклучувајќи Оскар за најдобар филм.[9] Пинто ја добила наградата за најдобар пробив на Меѓународниот филмски фестивал во Палм Спрингс, како и наградата за најдобра екипа од страна на здружението на филмски глумци, заедно со другите глумци во филмот.[10][11] Таа исто така била номинирана за наградата БАФТА за најдобра глумица во споредна улога.[12] Изведбата на Пинто во филмот привлекла мало внимание кај критичарите бидејќи нејзиното присуство во филмот било ограничено.
По успехот на Милионер од гетото, Пинто потпишала за две уметнички продукциски куќи.[13][14] Во комичната драма Ќе запознаеш висок, црн туѓинец (2010), режирана од Вуди Ален,[15] таа глумела покрај Антонио Бандерас, Џош Бролин, Ентони Хопкинс, Анупам Хер и Наоми Вотс.[16] Таа играла улога на „мистериозна жена“ која го привлекува вниманието на главниот лик игран од Бролин. Филмот својата премиера ја имал на Канскиот филмски фестивал во 2010 година, и добил мешани критики по издавањето.[17][18] Пинто потоа глумела во биографско-политичкиот филм Мирал (2010), заснован на полубиографскиот роман од Рула Џебреал, играјќи сираче од Палестина која израснала во бегалски камп во Израел.[19] Пред да започне снимањето на филмот на палестинска територија, Пинто се подготвувала за улогата посетувајќи неколку бегалски кампови во областа.[20] Таа изјавила дека може да се соживее со ликот поради нејзините знаења за искуствата на нејзините роднини за време на поделбата на Индија во 1940. години.[20] Филмот добил негативни критики,[21][22] а изведбата на Пинто ги поделила мислењата на критичарите.[23]
2011–денес
уредиПинто глумела во четири филмови во 2011 година. Првиот бил научно-фантастичниот филм Планета на мајмуните: Почеток.[24] Таа ја играла улогата на Керолајн Арана, приматологист кој се заљубува во главниот лик, игран од Џејмс Франко.[19][25] За да се подготви за улогата, таа ја истражила кариерата на антрополигистот Џејн Гудал.[13] Филмот заработил 481.8 мил. долари во светски рамки; и е нејзин најпрофиабилен филм.[26] Во својот втор филм во годината, Тришна, режиран од Мајкл Винтерботом, таа играла главна улога. Во филмот, заснован на романот Теса од Д'Убервила од Томас Харди, Пинто играла улога на тинејџерка селанка, која го напушта семејството за да работи за индиски хотелиер, игран од Риз Ахмед.[27][28] Филмот за првпат бил прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2011 година и заработил мешани реакции од критичарите.[29][30]
Третата филмска улога на Пинто во 2011 година била улогата на принцезата Лала во слабо прифатениот независен филм Црно злато, драма поставена во Средниот Исток во 1930. години, каде глумела заедно со Антонио Бандерас, Марк Стронг и Лија Кебеде.[31] И покрај негативните критики, Енди Вебстер од The New York Times ги опишал изведбите на Пинто и Кебеде како "освежувачки" и ги пофалил нивните "независни присуства во средина во која доминираат мажи".[32] Последен филм за Пинто во годината бил акционо-фантазискиот филм Бесмртници, во кој таа ја играла свештеничката Федра.[33] И покрај добиените мешани до позитивни реакции од критичарите,[34] филмот заработил 226.9 мил. долари во светски рамки.
По 2011 година, Пинто не глумела во филм две години. Во 2013 година, таа се појавила во музичкиот спот за песната "Gorilla" на Бруно Марс. Таа добила критики од индиските медиуми поради појавата во спотот;[35] дневните весници The Times of India и Hindustan Times го оцениле нејзиното играње како повеќе од „валкано играње“.[36][37] Истата година, Пинто била една од раскажувачите во документарниот филм Подем на девојчињата, снимен за кампањата со исто име која го промовира пристапот до образование за девојчињата низ целиот свет.[38]
Првиот филмски настап на Пинто по двегодишна пауза бил во биографската драма Пустински танчер (2014), која била за животот на иранскиот кореограф Афшин Гафаријан.[39] Таа ја имала улогата на зависничката од хероин Елаија, која била девојка на главниот лик, игран од Рис Ричи.[40] Улогата од неа барала да земе часови по танцување кои се состоеле од осум часовни проби на ден за период од четиринаесет недели.[41] Таа исто така присуствувала на неколку сесии во рехабилитациони центри во САД за да се подготви за улогата[42]
Првиот филм на Пинто во 2015 година бил авангардниот филм Витешки куп режиран од Теренс Малик, во кој главните улоги ги играле Кристијан Бејл, Кејт Бланшет, Натали Портман, и Антонио Бандерас.[43] Таа ја играла Хелен, модел со кој Бејл „флертува“.[44][45] Филмот се нашол во натпреварувачкиот дел на Берлинскиот филмски фестивал,[46][47] и заработил просечни и мешани реакции од критичарите.[48][49] Филмот бил издаден во САД во март 2016 година.[50] Таа била дел од стоте раскажувачи на Единатво (2015), документарен филм кој ги истражува врските помеѓу видовите на Земјата.[51] Нејзин трет филм во годината бил колумбискиот акционен филм Луда повреда, во кој глумела наспроти Рајан Квантен и Мики Рурк како жена која е во потрага по убиецот на нејзиниот брат.[52] Од октомври 2015 година, Пинто работи на филмот Книга за џунглата во режија на Енди Серкис, кој ќе биде авантуристичко-фантазионен филм заснован на истоименото дело од Радјард Киплинг.[53] Таа ќе ја глуми мајката посвоител на Могли.[54][55]
Филмографија
уредиФилм
уредиГодина | Наслов | Улога | Белешки |
---|---|---|---|
2008 | Милионер од гетото | Латика | |
2010 | Ќе запознаеш висок, црн туѓинец | Дија | |
2010 | Мирал | Мирал | |
2011 | Планета на мајмуните: Почеток | Керолајн | |
2011 | Тришна | Тришна | |
2011 | Црно злато | Принцеза Лала | |
2011 | Бесмртници | Федра | |
2014 | Пустински танчер | Елаија | |
2015 | Витешки куп | Хелен | |
2015 | Единство | Раскажувач | Документарен филм |
2015 | Луда повреда | Колт | |
2016 | Yamasong: March of the Hollows | Гета | Гласовна улога Постпродукција[56] |
2017 | Љубов Соња | Рашми | Постпродукција[57] |
2018 | Книга за џунглата | Ракша | Постпродукција |
Музички видеа
уредиГодина | Песна | Пејач | Албум |
---|---|---|---|
2013 | Gorilla | Бруно Марс | Unorthodox Jukebox |
Наводи
уреди- ↑ Lindzi, Scharf (May 2012). „What's now! Parties“. InStyle. Time Inc. стр. 108. ISBN 7-09-921064-5.
- ↑ „Woman behind success“. The Tribune (Chandigarh). Indo-Asian News Service. 9 March 2009. Посетено на 28 November 2015.
- ↑ 3,0 3,1 Sung, Helena. „Destiny's Child“. Audrey (magazine) (February – March 2009). Архивирано од изворникот на 12 January 2010. Посетено на 29 April 2009.
- ↑ Hubert, Andrea (3 January 2009). „Desi mates“. The Guardian. Посетено на 20 September 2015.
- ↑ D'Mello, Gerry (25 November 2008). „The Newest Star on the Mangalorean Horizon – Freida Pinto“. Daijiworld Media. Архивирано од изворникот на 2009-04-18. Посетено на 25 November 2008.
- ↑ Huber-Warring, Tonya (2010). Storied Inquiries in International Landscapes: An Anthology of Educational Research. Information Age Publishing. стр. 511. ISBN 978-1-60752-395-6. Посетено на 20 November 2015.
- ↑ Gant, Charles (20 January 2009). „Slumdog Millionaire is the UK's biggest ever sleeper hit“. The Guardian. Посетено на 29 October 2015.
- ↑ „Slumdog Millionaire“. Box Office Mojo. Посетено на 29 November 2015.
- ↑ Elsworth, Catherine (23 February 2009). „Oscars 2009: Slumdog Millionaire wins eight Academy Awards including best picture and best director“. The Daily Telegraph. Посетено на 30 October 2015.
- ↑ „Octavia Spencer to Receive Breakthrough Performance Award“. Palm Springs International Film Festival. 12 July 2011. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 11 September 2015.
- ↑ „Slumdog Millionaire bags 2 more US film awards as well as picking up 8 awards at the oscars“. CNN-IBN. 26 January 2009. Посетено на 1 February 2009.[мртва врска]
- ↑ „Film Awards Winners in 2009“. British Academy of Film and Television Arts. Архивирано од изворникот на 11 October 2014. Посетено на 25 April 2013.
- ↑ 13,0 13,1 Blair, Iain (4 August 2011). „Freida Pinto rises up in new 'Planet of the Apes'“. Reuters. Посетено на 11 September 2015.
- ↑ „Slumdog to stardom: How Freida Pinto has adapted to the demands of fame“. The Independent. 13 July 2011. Посетено на 11 September 2015.
- ↑ Scott, A. O. (21 September 2010). „Looking for Something When Life Signifies Nothing“. The New York Times. Посетено на 16 April 2013.
- ↑ Verma, Sukanya (17 December 2010). „A twisted Woody Allen fairytale!“. Rediff.com. Посетено на 16 April 2013.
- ↑ „You Will Meet a Tall Dark Stranger“. Metacritic. Посетено на 29 November 2015.
- ↑ „You Will Meet a Tall, Dark Stranger (2010)“. Rotten Tomatoes. Посетено на 29 November 2015.
- ↑ 19,0 19,1 Joshi, Tushar (30 May 2012). „Freida's freed herself from desi stereotypes“. The Times of India. Посетено на 11 September 2015.
- ↑ 20,0 20,1 Adams, Sam (27 March 2011). „Miral's Freida Pinto aims for a global takeover“. Los Angeles Times. Посетено на 19 September 2015.
- ↑ „Miral (2010)“. Metacritic. Посетено на 29 November 2015.
- ↑ „Miral (2010)“. Rotten Tomatoes. Посетено на 29 November 2015.
- ↑ J Pais, Arthur (22 March 2011). „Freida Pinto gets good reviews for Miral“. Rediff.com. Посетено на 22 September 2015.
- ↑ Bagdadi, Danish (12 July 2014). „All 8 'The Planet of the Apes' Movies Ranked from Worst to Best“. Daily News and Analysis. Посетено на 11 September 2015.
- ↑ „Freida Pinto out of 'Planet of the Apes' sequel“. Mid Day. 4 June 2013. Посетено на 11 September 2015.
- ↑ „Freida Pinto: Worldwide (Unadjusted)“. Box Office Mojo. Посетено на 23 March 2016.
- ↑ French, Philip (11 March 2012). „Slumdog Millionaire star Freida Pinto captivates in Michael Winterbottom's bold reading of Hardy's tragedy“. The Guardian. Посетено на 22 February 2016.
- ↑ Collin, Robbie (8 March 2012). „Trishna, review“. The Daily Telegraph. Посетено на 16 April 2013.
- ↑ „Trishna“. Metacritic. Посетено на 29 November 2015.
- ↑ „Trishna (2012)“. Rotten Tomatoes. Посетено на 29 November 2015.
- ↑ Pringle, Gill (17 February 2012). „Freida Pinto: An actress who has the whole world at her feet“. The Independent. Посетено на 11 September 2015.
- ↑ Webster, Andy (2 March 2013). „Blood Spills Over Black Gold“. The New York Times. Посетено на 29 November 2015.
- ↑ „Freida Pinto takes on Immortals“. The Indian Express. 23 July 2010. Посетено на 25 September 2010.
- ↑ „Immortals (2011)“. Rotten Tomatoes. Посетено на 29 November 2015.
- ↑ De, Shobhaa (26 October 2013). „Why did Freida Pinto do pole dance?“. Mumbai Mirror reprinted by The Times of India. Посетено на 29 November 2015. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Bruno Mars: Gorilla“. The Times of India. Посетено на 20 December 2015.
- ↑ Goyal, Samarth (17 October 2013). „Freida Pinto stuns fans with dirty dancing in Bruno Mars“. Hindustan Times. Посетено на 24 November 2013.
- ↑ „Freida Pinto, Anne Hathaway join Girl Rising documentary“. The Indian Express. 17 April 2013. Посетено на 11 May 2013.
- ↑ „Freida Pinto: Dancing diva“. Khaleej Times. 7 February 2015. Архивирано од изворникот на 2015-10-01. Посетено на 11 September 2015.
- ↑ Webster, Andy (9 April 2015). „Review: 'Desert Dancer' Tells the Story of the Afshin Ghaffarian“. The New York Times. Посетено на 30 November 2015.
- ↑ Joshi, Priya (13 October 2012). „Freida Pinto: 'Dance training for Desert Dancer was daunting“. Digital Spy. Архивирано од изворникот на 2020-12-30. Посетено на 16 April 2013.
- ↑ „Freida Pinto goes to rehab for her next role“. India Today. 6 June 2014. Посетено на 22 February 2016.
- ↑ O'Falt, Chris (3 September 2014). „The Lowdown on Terrence Malick's Three New Films“. The Hollywood Reporter. Посетено на 29 November 2015.
- ↑ Mcgovern, Joe (3 March 2016). „Wes Bentley discusses Knight of Cups and the Terrence Malick experience“. Entertainment Weekly. Посетено на 23 March 2016.
- ↑ Bradshaw, Peter (8 February 2015). „Knight of Cups review: Malick's back! With the least interesting spiritual crisis in history“. The Guardian. Посетено на 23 March 2016.
- ↑ „Programme 2015“. Berlin International Film Festival. Архивирано од изворникот на 2015-09-07. Посетено на 27 October 2015.
- ↑ Sexton, David (13 February 2015). „Berlin Film Festival: Knight of Cups – film review: Christian Bale, Cate Blanchett and Natalie Portman star in Terrence Malick's latest“. London Evening Standard. Посетено на 11 September 2015.
- ↑ „Knight of Cups“. Rotten Tomatoes. Посетено на 29 November 2015.
- ↑ „Knight of Cups reviews“. Metacritic. Посетено на 29 November 2015.
- ↑ McNary, Dave (23 July 2015). „Christian Bale's 'Knight of Cups' Gets March Release Date“. Variety. Посетено на 21 May 2016.
- ↑ McNary, Dave (22 April 2015). „Documentary 'Unity' Set for Aug. 12 Release with 100 Star Narrators“. Variety. Посетено на 11 September 2015.
- ↑ McNary, Dave (31 October 2014). „AFM: Ryan Kwanten-Mickey Rourke's 'Blunt Force Trauma' Heads to Voltage“. Variety. Архивирано од изворникот на 2016-05-03. Посетено на 21 February 2016.
- ↑ „Freida Pinto reunites with Andy Serkis for Jungle Book: Origins“. The Indian Express. 9 May 2015. Посетено на 11 September 2015.
- ↑ „Freida Pinto Filmed Knight of Cups Without a Script. She Had 'Fun'“. NDTV. Indo-Asian News Service. 17 March 2016. Посетено на 23 March 2016.
- ↑ Murphy, Desiree (3 March 2016). „EXCLUSIVE: Freida Pinto Reveals the Role She's Playing in 'Jungle Book: Origins'“. Entertainment Tonight. Посетено на 20 July 2016.
- ↑ Trivedi, Sachin (28 July 2015). „'The Mindy Project' Season 4: Freida Pinto To Date Danny; 'Dancing with the Stars' Brooke Burke Playing Herself“. International Business Times. Посетено на 13 October 2015.
- ↑ Jha, Subhash K. (23 May 2016). „How Freida Pinto managed to shoot on Mumbai roads for an upcoming film“. Daily News and Analysis. Посетено на 23 May 2016.
Надворешни врски
уреди- Фрида Пинто — AllMovie (англиски)
- Фрида Пинто на Семрежната филмска база на податоци (англиски)