Јани Атанасов

македонски фудбалер

Јани Атанасов (роден 31 октомври 1999 година) ― македонски професионален фудбалер кој игра како играч од средниот ред за полскиот клуб Краковија.

Јани Атанасов
Атанасов играјќи за Македонија во 2023 година
Лични податоци
Полно име Јани Атанасов
Роден на 31 октомври 1999(1999-10-31)(24 г.)
Роден во Струмица, Македонија
Висина 1.87 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Краковија Краковија
Број 6
Младинска кариера
2013–2017 Академија Пандев Академија Пандев
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2017–2018 Академија Пандев Академија Пандев 29 (4)
2018–2020 Бурсаспор Бурсаспор 11 (0)
2020–2023 Хајдук Сплит Хајдук Сплит 55 (4)
2023– Краковија Краковија 9 (1)
Репрезентација
2015 Македонија Македонија 17 3 (0)
2017–2018 Македонија Македонија 19 8 (3)
2018–2020 Македонија Македонија 21 11 (6)
2021– Македонија Македонија 6 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 9 април 2023
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 27 март 2023

Клупска кариера уреди

На 5 јуни 2018 година, Атанасов му се приклучил на Бурсаспор по успешната дебитантска сезона со Академија Пандев во Првата македонска фудбалска лига.[1] Тој го направи своето професионално деби со Бурсаспор во поразот со 2–1 во Супер лигата од Фенербахче на 11 август 2018 година.[2]

На 8 септември 2020 година, Атанасов бил најавен како нов играч на ХНК Хајдук Сплит, потпишувајќи тригодишен договор.[3] Тој пристигнал како слободен играч, откако го раскинал договорот со Бурсаспор и го добил дресот со број 20.[3]

На 23 јануари 2023 година, тој бил префрлен во полскиот клуб Краковија за необјавена сума, потпишувајќи договор на три и пол години.[4]

Меѓународна кариера уреди

Иако тој е од македонска националност, тој поседува и бугарско државјанство и затоа ги исполнува условите за да настапува за двете земји. На 11 ноември 2021 година тој го направил своето меѓународно деби за Македонија, заменувајќи го Елиф Елмас во 83. минута на натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2022 година против Ерменија, која Македонија го добила со 5-0.

Наводи уреди

  1. „Jani Atanasov signs for Bursaspor! - Macedonian Football“. 5 јуни 2018. Посетено на 3 мај 2023.
  2. „FENERBAHÇE A.Ş. BURSASPOR - Maç Detayları TFF“. tff.org.
  3. 3,0 3,1 „Jani Atanasov novi je igrač Hajduka!“. hajduk.hr (хрватски). Посетено на 3 мај 2023.
  4. „Jani Atanasov dołącza do Cracovii!“ (полски). Краковија. 23 јануари 2023. Посетено на 3 мај 2023.

Надворешни врски уреди