Приказна од западната страна

Приказна од западната страна (англиски: West Side Story) е американски музички филм од 1961 година, режиран од Роберт Вајз (Robertom Wise) и Џером Робинс (Jerome Robbins). Филмот претставува адаптација од истоимениот Бродвејски мјузикл од 1957 година, кој, пак, бил делумнo адаптиран од претставата „Ромео и Јулија“ на Вилијам Шекспир. Во главните улоги играат: Натали Вуд (Natalie Wood), Ричард Бејмер (Richard Beymer), Рас Тамблин (Russ Tamblyn), Рита Морено (Rita Moreno), Џорџ Чакирис (George Chakiris) и Сајмон Оукленд (Simon Oakland). Филмот се смета за една од најдобрите адаптации на театарски претстави и за најдобар мјузикл на 1960-тите. Тој настанал врз основа на Бродвејската претстава, дело на Артур Лорентс (Arthur Laurents) која во 1957 година ја поставил еден од најдобрите холивудски кореографи Џером Робинс. Вештината со која двајцата режисери ги споиле елементите на операта, балетот и драмата успеала да ја преслика класичната трагедија во современо опкружување и на тој начин, филмот ги поставил стандардите за сите идни генерации. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во 11 категории, а освоил десет награди, меѓу кои и оние за најдобар филм, за режија и за споредни глумци (Рита Морено и Џорџ Чакирис), додека Натали Вуд не била ниту номинирана за „Оскар“.[1]

„Приказна од западната страна“
Филмскиот плакат
РежисерРоберт Вајзи
Џером Робинс
ПродуцентРоберт Вајзи
Главни улогиНатали Вуд
Ричард Бејмер
Рас Тамблин
Рита Морено
Џорџ Чакирис
МузикаЛенард Бернстајн (музика)
Стивен Сондејм (текст)
КинематографијаДаниел л. Фап
МонтажаТомас Станфорд
СтудиоMirisch Company
ДистрибутерUnited Artists
Премиераоктомври 18 1961 (1961-10-18)
Времетраење152 минути
Земја САД
ЈазикАнглиски
Шпански
Буџет$6 милиони
Бруто заработка$43.700.000

Синопсис

уреди

Дејството на филмот се одвива во Њујорк каде се спротивставени две улични банди - белците под водство на Риф (го игра Тамблин) и Порториканците предводени од Бернардо (го игра Чакирис). Една ноќ, Бернардо ја води својата сестра Марија (ја игра Вуд) на игранка, каде ја забележува најдобриот другар на Риф, Тони (го игра Бејмер). Порано, Тони бил водач на бандата, но сега води мирен живот и има постојана работа. Меѓу Тони и Марија веднаш се развива голема љубов. Двете банди договараат меѓусебна тепачка на која се појавува и Тони, кој сака да ја спречи тепачката. Меѓутоа, во борбата, Бернардо го убива Риф и тогаш разлутениот Тони го убива Бернардо. Марија е скршена поради смртта на нејзиниот брат, а Тони е разочаран од непријателската средина во која живее и се договара со неа да се иселат на друго место, далеку од насилството. Во меѓувреме, еден припадник на порториканската банда се заканува дека ќе го убие Тони и затоа бандата на белците се обидува да го пронајде со цел да го предупреди. Кога Тони се среќава со Марија на закажаното место, тој е убиен од Порториканецот, а Марија ги обвинува присутните за неговата смрт.[2]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>