Христо Андонов Полјански
Христо Андонов Полјански (Дојран, 21 септември 1927 - Скопје, 7 октомври 1985) — македонски историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје (1984-1985), долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ.[1]
Христо Андонов Полјански | ||
Роден | 21 септември 1927 Дојран, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 7 октомври 1985 Скопје, Македонија |
Животопис
уредиОсновното и средното образование и Филозофскиот факултет (Група историја) ги завршил во Скопје. Бил избран за асистент на Катедрата за историја (1953), докторирал (1958), бил избран за доцент (1959), за вонреден професор (1966), а потоа за редовен професор (1970) по предметот Општа историја на новиот век. Бил продекан (1960-1963), шеф на Катедрата за историја (1971-1974 и 1974-1976) и ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј (1984-1985).
Како професор дал евидентен придонес за создавање стручни и наставно-научни кадри. Истражувал во земјата и во странство. Дел од архивската документација објавил во одделни зборници на документи, како што се трите тома Британски документи за историјата на македонскиот народ. Учествувал на научни собири во земјата и во странство. Неговото научно дело се состои од над 500 единици стручни и научни трудови, монографии научни статии и прилози, рецензии, библиографии и др.
Автор е на 463 библиографски единици, од кои 40 се книги [2]. Од неговите трудови посебно се издвојуваат шесте томови за Гоце Делчев, „Британската библиографија за Македонија“, „Странскиот печат за Илинденското востание“, „Британски документи за историјата на македонскиот народ“, Гоце Делчев и неговото време и итн.[1]
Добитник е на наградите „АВНОЈ“ и „11 Октомври“.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 30. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Македонска Енциклопедија
- ↑ Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 22. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help)