Џенерал Електрик
Џенерал Електрик (англиски: General Electric Company, GE) е мултинационална компанија со седиште во САД.[6] Според пазарната вредност на акциите, „Џенерал Електрик“ е трета највредна компанија во светот.
Вид | акционерски друштво |
---|---|
Дејност | Конгломерат, присутна во повеќе индустрии |
Основано | 1878 во Менло Парк, Њу Џерси |
Основач | Томас Едисон |
Распуштено | 2 април 2024 |
Седиште | Феарфилд, Конектикат[1] |
Клучни личности | Џефри Р. Имелт (Претседател) и (Главен извршен директор) |
Производи | Авијација Електрика Бела техника Забава Финансии Гасни турбини Индустриска автоматика Осветлување Медицински апарати Здравствена информатика Електрични мотори и генератори Локомотиви Ветерници |
Доход | УСД 172,738 милијарди (за 2007.)[2] |
Оперативен доход | УСД 26,598 милијарди (2007.) |
Нето-доход | УСД 22,208 милијарди (2007.) [2] |
Вкупно актива | УСД 795,337 милијарди (2007.) |
Вк. капитал | УСД 115,559 милијарди (2007.) |
Вработени | ~327.000 (сеп. 2008.)[3] |
Подружници | GE Energy Infrastructure GE Technology Infrastructure GE Capital NBC Universal[4][5] |
Мреж. место | www.ge.com |
Историја
уредиКомпанијата настанала кога во 1876 година, Томас Едисон отворил нова лабораторија во Менло Парк, Њу Џерси. Од таа лабораторија настанал веројатно најупотребуваниот производ во светот - електричната светилка. Веќе во 1890. година, Едисон ги водел своите бизниси во фирма која се викала „Едисон Џенерал Електрик Компани“. Во 1892. година, компанијата на Едисон се споила со конкурентот „Томсон-Хјустон Електрик Компани“ со што настанала фирмата „Џенерал Електрик“, со седиште во Шенектади, во државата Њујорк.
Поради намаленото влијание во формирањето на вредноста на индексот, во 2018 година било најавено дека „Џенерал Елетктрик“ нема повеќе да биде дел од познатиот берзански индекс „Дау Џонс“ (Dow Jones) во кој членувала од 1907 година.[7]
Наводи
уреди- ↑ Our Company Архивирано на 6 мај 2007 г.; GE website; retrieved December 29 2006
- ↑ 2,0 2,1 [https://web.archive.org/web/20081003181856/http://www.ge.com/ar2007/pdf/ge_ar2007_full_book.pdf Архивирано на 3 октомври 2008 г. GE_PressRelease_US_all [Convert]
- ↑ 3,0 3,1 „Company Profile for General Electric Co (GE)“. Посетено на 2008-09-29.
- ↑ http://www.bloggingstocks.com/2008/07/25/ge-slices-itself-into-four-parts/ Архивирано на 4 јуни 2009 г. Blogging Stocks - GE Slices itself into four parts
- ↑ http://milwaukee.bizjournals.com/louisville/stories/2008/07/21/daily48.html Bizjournals.com GE to Reorganize operations;
- ↑ Company Information: General Electric, U.S Securities and Exchange Commission
- ↑ Мирослав Саздовски, „Генерал Електрик излегува од престижниот индекс Дау Цонс (Dow Jones)“, Економија и бизнис, година 20, број 241, јули/август 2018, стр. 80.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |