Анте Поповски
Анте Поповски (Лазарополе, 3 јуни 1931 — Скопје, 1 октомври 2003) — македонски поет, есеист, препејувач, публицист и политичар. Тој се смета за великан на македонската книжевност и е еден од најистакнатите македонски поети од втората генерација.
Анте Поповски | ||
Роден | 3 јуни 1931 Лазарополе, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 1 октомври 2003 Скопје, Македонија | (возр. 72)|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Познат | по: Непокор Глас од дамнина Оковано време | |
Занимање | поет есеист публицист академик |
Животопис
уредиАнте Поповски дипломирал медицина, но се занимавал со литература. Работел како директор на НИП „Нова Македонија“ (1970 — 1973)[1] и на „Вардар филм“, а во два мандати и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. На почетокот на 1990-тите, тој бил еден од основачите на политичката партија МААК. Исто така, Поповски бил член на МАНУ од 2001 година.
Книжевно творештво
уредиПозначајни дела на Поповски се:
- Одблесоци (поезија, 1955)
- Вардар (поезија, 1958)
- Самуил (поезија, 1963)
- Непокор (поезија, 1964)
- Камена (поезија, 1972)
- Тајнопис (поезија, 1975)
- Љубопис (поезија, 1980)
- Родопис (поезија, 1981)
- Сина песна (поезија, 1984)
- Глас од дамнина (со литературно-историски и поетолошки карактер, 1986)
- Ненасловена (поезија, 1988)
- Оковано време (статии и коментари, 1991)
- Меѓу животот и знаците (есеи, 1991)
- Провиденија (поезија, 1995)
- Две тишини (поезија, 2003)
Избори од неговата поезија во посебни книги се објавени во Албанија, Грција, Франција, Русија, Турција, Италија, Германија, Велика Британија и Индија.
Награди
уредиПоповски е добитник на наградите:
- „Браќа Миладиновци“ за 1964 година за стихозбирката „Непокор“,
- „Браќа Миладиновци“ за 1995 година за стихозбирката „Провиденија“,
- „11 Октомври“ за 2002 година,
- „Кочо Рацин“,
- „Гоцева повелба“
и на Меѓународната награда за најдобра песна „Premio Europa“.
Осврт кон творештвото
уредиВо својот осврт кон поезијата на Поповски, Санде Стојчевски вели дека во секој стих и во секој наслов, поетот со трепет и надеж се наведнува над секоја тема, оставајќи ни толку стихови во кои удира пулсот, а неговото поетско писмо се движи во просторот меѓу стравот и надежта. Неговата песна речиси никогаш не се оддалечува од природата и сведочи за исконската поврзаност на човекот со елементарното, а неговите песни се проткаени со свеста за заедништвото. Мошне значаен дел од неговото творештво се татковинските песни („Татковина“, „Македонија“, „Гоце Делчев“, „Самуил“, „Вардар“ итн.) при често гради песни-циклуси, песни-вериги, песни-семејства.[2]
Наводи
уреди- ↑ Панде Колемишевски „Анте Поповски и весникот 'Нова Македонија'“, „Нова Македонија“, 01.11.2019.
- ↑ Санде Стојчевски, „Поезија на (од) (со) страв и надеж - Поговор кон едно извишено поетско дело“, во: Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 199-208.