Виктор Емануел III (итал. Vittorio Emanuele III; Неапол, 11 ноември 1869 — Александрија, 28 декември 1947) бил крал на Италија од Савојската династија од 1900 до 1946 година. Бил и цар на Етиопија (1936-1943) и крал на Албанија (1939-1943). Во текот на неговот долгогодишно валдеење се случиле двете светски војни, како и раѓањето, ојакнувањето и умирањето на фашизмот под водство на Бенито Мусолини.

Виктор Емануел III Савојски
Принц Виктор Емануел, слика од неговото детство.

Животопис

уреди

Виктор Емануел е роден во Неапол. Бил единствено дете на Умбрет I, кралот на Италија. За разлика од своите роднини, бил многу низок човек, дури и за стандардите на 19 век. Бил висок само 153 cm.[1]

На 24 октомври 1896 се оженил со црногорската принцеза Јелена Петрович Његош. Стапил на престолот на 29 јули 1900 година, после убиството на неговиот татко, од страна на анархистот Гаетано Вреши.

Прва светска војна

уреди

Кога почнала Првата светска војна Италија прво била неутрална, безразлика на тоа што била член на Тројанскиот сојуз. Во 1915 година. Италија потпишала неколку тајни договори со који се обврзала да се вклучи во војната на страна на Антантата, без разлика на тоа што поголем дел од населението, како и собранието на Италија биле против војната. Во тоа време кралот имал најголема моќ и можел да ја поништи одлуката на собранието. Така Виктор Емануел самостојно ја донел одлуката Италија да влезе во војната.

Меѓутоа, поради неорганизираното војување, и големите загуби во италијанската војска и особено после големиот пораз во Битката кај Кобарид и големата економска депресија која ја следела војната го преубедила кралот против бојната. И покрај сето ова, кралот посетувал различни места во северна Италија кои биле на фронт. Таму покажувал голема храброст и грижа, бидејќи лично ги посетувал многу од лиѓето и заедно со својата жена водел грижа за ранетите. Во овој период за време на Првата светска војна кралот уживал во голема популарност помеќи неговото население.[2]

Римскиот марш

уреди

После завршувањето на Првата светска војна, Италија се нашла во голема економска криза, која довела до екстремизам во работната класа на Италија. Тоа придонело Италија да стане политички нестабилна држава. Во 1922 година, Мусолини го однел своите фашистички поддржувачи на Марш во Рим. Премиерот Лујџи Факта и неговиот кабинет потпишале вонредна состојба. Виктор Емануел се сретнал со премиерот после полноќ и рекол дека следното утро во 9 часто ќе се потпише. Меѓутоа, следното утро кралот го променил своето мислење во врска со потпишувањето за вонредна состојба. Сметал дека неговата војска не е во состојба да го одбрани градот од фашистичкиот марш. Но сведоштвата на воените водачи и зачуваните воени записи покажуваат дека кралот не бил во право.

Фашистичкото насилство растело во текот на летото и есента во 1922 година, и со тоа донело до гласини за можен удар. Виктор Емануел ги имал сите средства на располагање за да ги избрка Мусолини и неговите фашисти. Генералот Пјетро Бадољо му рекол на кралот дека војската лесно би можела да излезе на крај со бунтовниците, кои немале повеќе од 10.000 луѓе. Војниците биле лојални на кралот. Дури и Цезар Марија Де Вечи, командант на фашистите и еден од организаторите на Маршот во Рим, му рекол на Мусолини дека не сака да се противи на желбите на монархијата. Во тој момент фашистичкиот водач помислил да ја напушти Италија. Меѓутоа, во една минута до полноќ, користејќи телеграма, му рекол на кралот да дојде во Рим. На 30 октомври бил именуван за премиер без претходни искуства во политиката.

Кралот не се свртил против Мусолини ни после неговата злоупотреба на власта (вклучувајќи и убиства на противниците на фашизмот). Во 1926 година, Мусолини на власт донел закон во кој е одговорен само за кралот, а не за Парламентот.

Иако кралот во своите мемоари напишал дека стравот од граѓанска војна го мотивитал за неговите дејности, изгледало како да добива и алтернативни совети, највероватно од генералот Арманда Диаза, да би било подобро да постигне договор со Мусолини. Каква и да била ситуацијата Виктор Емануел покажал слабост во одлуките, со големи долгогодишни последици за Италија и нејзината монархија. Изгледало како неговите одлуки не само да имале лошо расудување, туку и недемократски чувства.

Нема сомнение дека фашизмот понудил политичка стабилност и опозиција левици. Во тоа доба му одговарало на поголемиот дел од населението во Италија, како и на самиот крал. Луѓето мислеле дека Мусолини и неговиот режим биле многу по привлечни од алтернативата на тоа доба: добата на социјализмот и анархизмот. Настаните во Руската револуција и трагедиите во Првата светска војна имале големо влијание во тие политички одлуки.

 
Младоит принц Викторио.
 
Витор Емануел со Алберт I од Белгија (лево). Фотографијата го покажува нискиот раст на кралот.

Латерански договор

уреди

На 7 јуни 1929 година конечно е решено римското прашање со потпишувањето на Латеранскиот договор и воспоставување на Ватикан.

Инвазија на Етиопија и Албанија

уреди

Италијанската монарија со децении имала голема популарност. Меѓутоа, колку популарен Виктор Емануел и да бил, неколку негови договори се покажале како фатални по монархијата со која владеел. Помеѓу овие одлуки била и преземање на Етиопија и Албанија, како и јавниот молк кога фашистичката влада на Мусолини издаде озлогласени расни закони.

Цар на Етиопија

уреди

Во 1936 година Виктор Емануел ја презел титулата за цар на Етиопија. Таа одлука не била универзално прифатена. Виктор Емануел можел да ја преземе титулата на цар дури кога италијанската војска ќе ја нападне Етиопија и кога ќе го урне царот Хајле Селасие во од престолот во текот на Втората италијанско-етиопска војна.

Друштвото на народите го осуди учеството на Италија во оваа војна, а италијанската окупација на правото на етиопските територии беше осудена од страна на некои членови на меѓународната заедница, но таа беше прифатена од Обединетото Кралство и Франција во 1938 година. Етиопија го повратила своето право на круната после петгодишната окупација. Виктор Емануел III се откажа од титулата како цар на Етиопија во ноември 1943 година, со признавање на претходниот носител на оваа круна како законит.

Кралот на Албанија

уреди

Во 1939 година Виктор Емануел је презел круната на кралот на Албанија. Италијанските сили ја нападнале оваа готово не бранета земја и го натерале кралот Зогу I да побегне. Во 1941 година додека бил во Тирана, монархот го избегнал атентатот од страна на 19-годишниот албански патриот, кој испукал четири куршуми во него, но промашил. Атентаторот бил уапсен и обесен десет дена подоцна.

Втората светска војна

уреди

На 10 јуни 1940 година, италијанскиот диктатор Бенито Мусолини направил фатална одлука, Италија да се вклучи во Втората светска војна на страната на нацистичката Германија. Италија не била спремна за војна и од самиот почеток поразите следеле еден после друг. Во 1940 година италијанската армија во северна Африка и Грција деживеала понижувачки порази. На крајот на 1941 година, италијанската источна Африка е изгубена, а во 1942 година италијанска Либија. Пред крајот на 1943 година, последните италијански сили во Тунис се предале и Сицилија е освоена од страна на сојузниците. Италијанската морнарица и воздухопловните единици немале современа опрема за војување.

На 19 јули 1943 година, Рим бил бомбардиран првпат во својата историја долга 2.500 години, што дополнително придонело на разочарувањето на италијанскиот народ со својот некогаш популарен крал. На ден 25 јули 1943 година кралот, кој веќе некое време размислувал за тоа да го уништи италијанскиот диктатор, го повикал Мусолини кај себе и го сменил од местото на премиер на Италија и на неговото место го поставил маршалот Пјетро Бадољо. Тогаш наредил Мусолини да се уапси и се откажал од титулите за Етиопија и Албанија во корист на легитимните владати на тие држави.

 
Споменик на Виктор Емануел III во Неопол.

На 8 септември 1943 година Виктор Емануел направил грешка кога ја објавил капитулацијата на Италија, а пред тоа не и наредил на италијанската војска да го брани Рим од Германците. Останувајќи без наредувања, италијанските сили се распаднале по фронтовите. Многу единици кои не се предале им се придружиле на Германците.

Плашејќи се од навлегувањето на Германија во Рим, Виктор Емануел и неговата влада се преселиле во Бриндизи. Ова можеби било потребно со цел да се заштити неговата безбедност, бидејќи Хитлер планирал да го уапси после ставањето на Мусолини на власт. Меѓутоа, народот влечел контраст со британскиот крал Џорџ VI и кралицата Елизабета кои одбиле да го напуштат Лондон во текот на неговот бомбардирање, како и папата Пиј XII кој излегувал на улици и се молел со народот на Рим после неговото бомбардирање.

Сфаќајќи дека е премногу обележан со неговото поранешно поддржување на фашизмот, Виктор Емануел ги префрлил повеќето од своите овластувања на неговиот син Умберто II во април 1944 година. Со ова Виктор Емануел се откажал од неговите преостанати овластувања со задржавање на кралската круна.

Наводи

уреди
  1. „Biography for King Victor Emmanuel III“. IMDb.com. Посетено на 2013-09-16.
  2. „Lettere al re (1914-1918)“. Архивирано од изворникот на 12 март 2016. Посетено на 1 јануари 2016.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди