18 октомври
датум
<< | октомври | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
2024 |
18 октомври — 291-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (292-и во престапна година). Остануваат 74 денови до крајот на годината.
Настани:
1842 | Свечено отворен споменикот „Валхала“ — сала на истакнатите дејци и владетели во историјата на германските народи сместен во околината на Регенсбург, Баварија. |
1867 | Владата на САД го купила од Русија, полуостровот Алјаска за 7,2 милиони тогашни долари. |
1912 | Во Лозана, Турција и Италија потпишале Лозанскиот договор, со што завршила Италијанско-турската војна (1911-1912). |
1943 | Во Москва почна конференцијата на министрите за надворешни работи на земјите сојузнички во борбата против силите на Оската. |
1962 | После неколку дневните поројни дождови, реката Вардар се излеала во градот Скопје. Бидејќи на било регулирано коритото на реката, поплавата го зафатила целиот град, сè до насипот во населбата Пролет. Поплавата траела три дена, но без човечки жртви. Предизвикана е голема материјална штета. |
1967 | Како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица „Венера-4“, спуштила научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати успешно се испитани атмосферата и површината на планетата. |
1972 | Потпишана е спогодба со која СССР се обврзува на САД да им ги врати 722 милиони долари, добиени во Втората светска војна врз основа на договорот за заем и наемнина. |
1994 | Британската кралица Елизабета II за првпат во петвековната соработка допатува во тридневна посета на Русија. Рускиот претседател Борис Елцин изјави дека посетата е признание за руската демократија. |
- 1998 - Во Република Македонија се одржува првиот круг од третите парламентарни избори.
Родени:
1130 | Џу Си — најзначајниот филозоф на конфуцијанството по Конфуциј. |
1777 | Хајнрих фон Клајст — германски писател. |
1859 | Анри Бергсон — француски филозоф. |
1894 | Тибор Дери — унгарски писател. |
1898 | Вера Циривири Трена — носител на „Партизанска споменица 1941“, прв претседател на АФЖ на Македонија. |
1926 | Клаус Кински — германски глумец. |
1941 | Били Кокс — американски рок-музичар. |
1956 | Мартина Навратилова — чешка и американска тенисерка. |
1958 | Предраг Пашиќ — југословенски фудбалер. |
1961 | Винтон Марсалис — американски џез-музичар. |
1983 | Данте — бразилски фудбалер. |
1984 | Фрида Пинто — индиска глумица. |
1984 | Линдзи Вон — американска скијачка. |
1985 | Тијаго Машадо — португалски велосипедист. |
1989 | Ли Хауард — австралиски велосипедист. |
2003 | Алехандро Балде — шпански фудбалер. |
- 1925 - Рамиз Алија, албаски политички водач
- 1929 - Виолета Чаморо, никарагвански претседател
- 1956 - Мартина Навратилова, американска тенисерка
- 1959 - Милчо Манчевски, македонски режисер и сценарист
Починале:
1893 | Шарл Гуно — француски композитор, кој заедно со Санс, е главен претставник на класичниот правец на француската музика во XIX век. |
1901 | Август Малмстрем — шведски историски сликар. |
1931 | Томас Алва Едисон — американски пронаоѓач од областа на електротехниката. |
1990 | Гога Џаџу — првоборец и носител на „Партизанска споменица 1941“. |
2003 | Мануел Васкес Монталбан — шпански писател |
- Празници
- Ден на Алјаска
- Европски ден за борба против трговија со луѓе