Движење на неврзаните

Движењето на неврзаните е меѓународна организација во која членуваат 120 земји членки главно земји во развој. Движењето на неврзаните се занимава со прашањето на националните борби за независност, надминувањето на сиромаштијата, економскиот развој на земјите и се противи на колонијализмот, империјализмот и нео-колонијализмот. Земјите членки на Движењето на неврзаните претставуваат 55% од населението на Земјата и речиси 2/3 од членките на Обединетите нации[1][2].


Движење на неврзаните
  Земји членки
  Земји набљудувачи
Членство
  • 120 членки
  • 17 набљудувачи
Основана 1961 во Белград
Страница
csstc.org

СФР Југославија до својот распад беше една од основачите и предводниците на Движењето. Нејзините земји наследнички по стекнувањето на независност го изгубија интересот за членување во движењето, но некои, Босна и Херцеговина и Србија, имаат статус на набљудувачи.

Самити на Движењето на неврзанитеУреди

 
1 самит, Белград
 
16ти самит, Техеран

Самитите на Движењето на неврзаните обично се одржуваат на секои три години.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „NAM Members & Observers“. Архивирано од изворникот на 27 March 2019. Посетено на 20 March 2019.
  2. „About NAM“. mnoal.org. Non Aligned Movement. Архивирано од изворникот на 23 March 2019. Посетено на 20 March 2019.

Надворешни врскиУреди