Ефрем Чучков
Ефрем Чучков (Штип, 21 ноември 1870 - Софија, Бугарија, 1 октомври 1923), македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Ефрем Чучков | ||
![]() | ||
Роден | 1870 Штип, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1923 Софија, Бугарија | |
Познат | организатор и војвода на ТМОРО |
Животопис Уреди
Ефрем Чучков е роден на 21 ноември 1870 година во Штип, тогаш во Отоманското Царство. Студирал во Штип, Скопје и во Солунската егзархиска гимназија.
По завршувањето на средното образование, работел како учител во штипското Ново Село, а потоа заедно со Гоце Делчев студирал во военото училиште во Софија. Потоа заедно со него и го напуштил училиштето. Дипломирал на педагошкото училиште во Казанлак во 1896 година и потоа учителствувал неколку години во Пехчево и Мелник, каде што започнал да ја развива организациската дејност на Организацијата.
Од крајот на 1897 година, Чучков бил во илегала. Тој бил меѓу организаторите на револуционерната мрежа во Штипско, заедно со Тодор Лазаров и Мише Развигоров.[1] Кратко време во текот на 1902 година бил пунктовен началник во Ќустендил[2] при што бил јавно физички нападнат од врховистите.
На 2 јануари 1905 година учествува на Скопскиот конгрес на Скопскиот револуционерен реон. За членови на окружното раководство биле избрани Даме Груев, Ефрем Чучков, Крсто, Мише Развигоров и Атанас Бабата.
По смртта на Мише Развигоров во април 1907 година, Ефрем Чучков, заедно со Тодор Александров бил окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ.[3]
Подоцнежна дејност Уреди
На Ќустендилскиот конгрес од 1908 година, Ефрем Чучков бил избран за дополнителен член на ЦК, заедно со Петко Пенчев, Павел Христов, Петар Ацев, Аргир Манасиев и Стамат Икономов[4].
За време на Балканските војни, Чучков ја командувал единицата бр. 35, кој учествувала во борбите за Кочани.
По Првата светска војна, тој учествувал активно во обновата на ВМРО, а во тоа време негов четник бил и Дончо Христов.
Чучков бил втората по важност личност во обновената организација, по нејзиниот водач Тодор Александров. Тешко болен, Чучков умрел во Софија на 1 октомври 1923 година.[5]
Негов внук е македонскиот револуционер и политичар Емануел Чучков.
Извори Уреди
- ↑ Дечо Добринов, „Последният цар на планините“, Биографичен очерк за Тодор Александров, "Македония", София, 1992.
- ↑ Дино Кьосев, „Гоце Делчев. Писма и други материали“
- ↑ „„Битката за Тодор Александров в Р Македония", в-к "Македония", брой 32, 9 септември 1998 г.“. Архивирано од изворникот на 2009-10-26. Посетено на 2009-10-26.
- ↑ 100 години от Кюстендилския конгрес на ВМОРО (1908 г.), Слави Славов
- ↑ Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 150-152.
Литература Уреди
- Енциклопедичен речник КЮСТЕНДИЛ А-Я, София, 1988 г., изд.БАН., с.704;
- Енциклопедия България, том 7, Академично издателство „Проф.Марин Дринов“, София, 1996.
- Кратка биографија на Ефрем Чучков
Галерија Уреди
-
Мише Развигоров, Даме Груев, Ефрем Чучков, Атанас Бабата
-
Зборната чета на Скопскиот конгрес. Војводите Ефрем Чучков, Мише Развигоров, Атанас Бабата, Стефан Димитров и други.