Еварист Галоа
Еварист Галоа (француски: Évariste Galois; (25 октомври 1811 - 31 мај 1832) — француски математичар роден во Бур ла Рен (денес во состав на Париз). Како математичко чудо, уште додека бил во своите тинејџерски години успеал да даде потребен и доволен услов за полиномите (полиномните равенки) да можат да се решат со помош на корените, притоа решавајќи долгорочен математички проблем. Неговата работа претставувала основа за Галоаовата теорија, што претставува главна гранка во апстрактната алгебра, и е гранка на врските на Галоа. Тој бил првиот што го користел зборот „група“ како технички поим во математиката за да претстави група на пермутации. Загинал во двобој на дваесетгодишна возраст.
Оваа биографска статија за личност од Франција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |