20 октомври
датум
<< | октомври | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
2024 |
20 октомври — 293-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (294-и во престапна година). Остануваат 72 денови до крајот на годината.
Настани:
1728 | Во Копенхаген избувнал голем пожар, опожарувајќи го поголемиот дел од градот. |
1803 | Сенатот на САД го ратификувал договорот со Франција за купување на големата територија околу сливот на реката Мисисипи наречена Луизијана. Со овој договор, САД речиси ја удвоиле својата дотогашна територија. |
1865 | Отава станала новата престолнина на Канада. |
1941 | Втора светска војна: Пред силната офанзива на германските армии, советската влада прогласи опсадна состојба во Москва и мина во Кујбишев. Тоа беше најкритичниот момент во текот на нападот на нацистичките трупи врз главниот советски град, но подоцна, по успешната контраофанзива на Црвената армија, дојде до пресврт. |
1944 | Втора светска војна: Ослободен градот Белград |
1945 | Жените во Франција добиле право на глас |
1949 | Југославија била избрана за постојанен член на Советот за безбедност при ООН |
1973 | Англиската кралица Елизабета II свечено ја отворила Сиднејската опера |
1994 | Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предаде акредитивите на претседателот Елцин. „Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија“, изјави Елцин. |
2001 | Протести низ француските градови против зависноста од јадрена енергија. |
Родени:
1864 | Алексо Поројлијата, македонски револуционер. |
1866 | Густав Касел — шведски економист. |
1875 | Димо Хаџи Димов — македонски револуционер. |
1882 | Бела Лугоши — американски глумец со унгарско потекло. |
1915 | Мирче Ацев — народен херој на Македонија. |
1915 | Антон Попов — македонски револуционер, публицист, писател. |
1917 | Жан-Пјер Мелвил — француски режисер и глумец. |
1946 | Елфриде Јелинек — австриска писателка, добитничка на Нобеловата награда во 2004 година. |
1946 | Марко Николиќ — српски глумец. |
1950 | Том Пети — американски рок-музичар. |
1951 | Клаудио Раниери — италијански фудбалер и тренер. |
1958 | Иво Погорелиќ — југословенски и хрватски пијанист. |
1959 | Борис Стрел — словенечки и југословенски скијач. |
1960 | Лепа Брена — српска и југословенска фолк-пејачка. |
1961 | Драгиша Биниќ — југословенски и српски фудбалер. |
1961 | Јан Раш — велшки фудбалер. |
1964 | Ненад Ненадовиќ — српски глумец. |
1965 | Стефано Пјоли — италијански фудбалер и тренер. |
1966 | Абу Мусаб Ал Заркави — член на Ал-Каеда. |
1971 | Снуп Дог — американски рапер и музички продуцент. |
1992 | Матија Де Шиљо — италијански фудбалер. |
1997 | Адемола Лукман — нигериски фудбалер. |
Починале:
1940 | Гунар Асплунд — шведски архитект. |
1987 | Андреј Колмогоров — руски и советски математичар. |
1992 | Коча Поповиќ — српски и југословенски офицер, политичар, филозоф и писател. |
1994 | Берт Ланкастер — американски глумец и режисер. |
1994 | Сергеј Бондарчук — советски сценарист, режисер и глумец. |
2003 | Миодраг Петровиќ - Чкаља — српски глумец и комичар. |
2003 | Ѓоко Георгиев — водител на емисии на Македонското радио и автор на текстови на поп-музика. |
2005 | Ширли Хорн — американска џез-музичарка и пејачка. |
2011 | Муамер Гадафи — либиски диктатор. |
2013 | Лоренс Клајн — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1980 година. |