Луис Капалди
Луис Марк Капалди[3] (англ. Lewis Marc Capaldi; роден на 7 октомври 1996) ― шкотски кантавтор и музичар.[4] Негова најпозната песна е „Someone You Loved“ (објавена во 2018), која во 2019 година се искачила на врвот на топ-листите во многу земји. Во мај 2020 година, било објавено дека песната „Someone You Loved“ станала сингл од британски изведувач кој најдолго се задржал во топ-10 во целокупното постоење на топ-листата.[5]
Луис Капалди | |
---|---|
Луис Капалди на фестивалот во Гластонбери во 2023 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Луис Марк Капалди |
Роден(а) | 7 октомври 1996 Глазгов, Шкотска |
Жанрови | |
Занимања | Пејач |
Инструменти |
|
Период на активност | 2013–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | lewiscapaldi.com |
На 17 мај 2019 година, тој го издал неговиот прв албум, Divinely Uninspired to a Hellish Extent, кој подоцна станал најпродаван албум за 2019 и 2020 година во Обединетото Кралство. Неговиот втор албум Broken by Desire to Be Heavenly Sent бил објавен во 2023 година.
Живот и кариера
уредиКапалди е роден во Глазгов, Шкотска,[3] и таму живеел до неговата четврта година,[6] по што неговото семејство се преселило во Ист Витберн во Западен Лотијан.[7] Тој има шкотско, ирско и италијанско потекло[8] и бил најмал од четирите деца на неговите родители. Се заинтересирал за настапи во живо откако на 4-годишна возраст пеел на бина додека со семејството бил во Франција.[9] Научил да свири гитара на девет години.[10] Веднаш потоа почнал да пишува песни и да свири во пабови.[11]
2014–2016: Почетоци
уредиКога имал 18 години, бил забележан од неговиот подоцнежен менаџер Рајан Волтер преку видео кое го снимил на неговиот iPhone во спална соба и кое го поставил на SoundCloud. Откако стапил во контакт со Капалди, Волтер следниот ден од Америка стигнал во Британија за да го слушне Капалди како свири во живо.[12] [13] Во 2016 година, Капалди дипломирал музика на Њу колеџ во Ланаркшир.[14]
2017–2020: Први изданија и стекнување популарност
уредиТој независно го издал неговиот прв сингл „Bruises“ на 31 март 2017 година. Песната набрзина била пуштена 28 милиони пати на Spotify, а Капалди станал изведувач кој без издавачка куќа најбрзо стигнал до 25 милиони пуштања на платформата.[15] По објавувањето на песната, тој потпишал со германскиот огранок на Universal Music Group. Неговиот прв сингл, како и песните „Lost on You“ и „Fade“ биле вметнати во неговото прво ЕР, Bloom.[16]
Тој го поддржал Reg'n'Bone Man на неговата европска турнеја во ноември 2017 година и германската рок-група Milky Chance на нивната северноамериканска турнеја на Blossom (2018). Во 2018 година бил на турнеја како поддршка за неколку други музичари, а потоа имал и своја турнеја низ Обединетото Кралство и Европа. Vevo DSCVR го прогласил Капалди за еден од „Музичарите на кои треба да се внимава во 2018“[17] и тој ја освоил наградата „Најдобар акустичен изведувач“ на „Шкотските награди за алтернативна музика“.[18] Покрај турнеите, Капалди настапил на многу фестивали во текот на летото 2018 година: Lollapalooza, Bonnaroo, Firefly, Mountain Jam, Osheaga, Reading & Leeds Festival, Rize и TRNSMT. На 8 ноември, било објавено второто ЕР на Капалди, Breach.[19]
Песната од Breach „Someone You Loved“ станала песна со која Капалди се пробил на светската музичка сцена. Песната се нашла на топ-листите во 29 земји. За време на неговата турнеја со групата Bastille во 2019 година,[20] песната се искачила на прво место на топ-листата за синглови во ОК каде што се задржала 7 недели. Таа, исто така, стигнала до прво место на Billboard Hot 100, со што станал прв шкотски соло-изведувач на врвот на американската топ-листа по Шина Истон во 1981 година.[21] Песната била номинирана за Греми за „Песна на годината“.[22] Уште една песна од Breach „Grace“ се пласирала во топ-10 во ОК таа година.[23] И двете песни биле вклучени во неговиот прв албум Divinely Uninspired to a Hellish Extent. Албумот станал најпродаван албум во ОК во претходните пет години.[24]
Капалди бил номиниран за „Награда по избор на британските критичари“ на Британските музички награди во 2019 година. Подоцна бил на турнеја како поддршка на ирската група Picture This.[25]
Во текот на летото 2019 година, Капалди настапил на многу фестивали. Од 16 до 26 август, тој го поддржал Ед Ширан на крајот од неговата светска турнеја Divide.[26] Кон крајот на годината, било издадено продолжено издание од неговиот прв албум заедно со синглот „Before You Go“, кој на 31 јануари 2020 година станал негов втор сингл врвот на топ-листата за синглови во Велика Британија.[27] [28]
На Британските музички награди во 2020 година, Капалди бил номиниран во три категории и освоил две награди.[29] Таа година биле објавени и две песни кои ги напишал Капалди: „How to Be Lonely“ од Рита Ора и „Lasting Lover“ од Сигала.[30]
2021–сега:
уредиВодечкиот сингл „Forget Me“ од неговиот втор албум, Broken by Desire to Be Heavenly Sent, [31] [32] бил објавен во септември 2022 година и станала негова прва песна која дебитирала на прво место на топ-листата за синглови во ОК.[33] Песните „Pointless“ (јануари 2023 година)[34] и „Wish You the Best“ исто така се искачиле на прво место во Обединетото Кралство.[35] Капалди требало да настапи на фестивалот во Рединг и Лидс во јуни 2023 година,[36] [37] но концертот бил откажан поради неговото нарушено ментално здравје.[38]
Во јуни 2023 година, Капалди објавил дека ќе направи подолга и неодредена пауза од турнеи, наведувајќи ја потребата да се насочи на неговото ментално и физичко здравје. Претходно истиот месец, сетот на Капалди на фестивалот Гластонбери во 2023 година бил видливо отежнат од напад на неодамна дијагностицираниот Туретов синдром на Капалди.[39] [40]
Личен живот
уредиОткако стекнал слава, Капалди почнал да чувствува анксиозност и притисок од настапите. Почнал да покажува нервозни тикови. Во септември 2022 година, тој обелоденил дека му бил дијагностициран Туретов синдром.[41] Во април 2023 година, неговиот документарец „Како се чувствувам сега“ бил објавен на Нетфликс.[42]
Капалди, од јуни 2023 година е во врска со шкотската актерка Ели Мекдауел.[43] [44]
Дискографија
уреди- Divinely Uninspired to a Hellish Extent (2019)
- Broken by Desire to Be Heavenly Sent (2023)
Наводи
уреди- ↑ Bassett, Jordan (16 May 2019). „Lewis Capaldi – 'Divinely Uninspired to a Hellish Extent' review“. NME. Посетено на 25 July 2021.
- ↑ Lynskey, Dorian (17 August 2019). „Lewis Capaldi review – an ecstatic sense of homecoming“. The Guardian. Посетено на 7 November 2019.
- ↑ 3,0 3,1 Bachor, Kirsty (2019-05-26). „30 Things You Didn't Know About Lewis Capaldi“. Daily Feed. Посетено на 2020-02-25.
- ↑ „Lewis Capaldi“. Посетено на 13 November 2019.
- ↑ „Lewis Capaldi sets UK chart record with "Someone You Loved": "This is absolutely wild"“. ABC News Radio. Архивирано од изворникот на 6 May 2020. Посетено на 15 August 2020.
- ↑ Love, Lynn (11 July 2019). „Scots singer Lewis Capaldi says his loyalties will always lie with Glasgow“. Daily Record. Посетено на 25 February 2020.
- ↑ Trimble, James (13 June 2021). „Lewis Capaldi's childhood home in West Lothian on sale for just under £400,000“. The Scotsman. Посетено на 13 February 2023.
- ↑ „Lewis Capaldi reveals his Irish roots“. IrishCentral.com. 22 December 2019.
- ↑ „How Lewis Capaldi became the most unlikely ruler of Planet Pop“. Dork. 13 May 2019. Посетено на 10 October 2022.
- ↑ „Lewis Capaldi on his plans for the future“. The Skinny. Посетено на 9 September 2022.
- ↑ „Lewis Capaldi: I don't have a clue about writing a hit, or about Instagram“. The Irish Times. Посетено на 15 October 2022.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „How Lewis Capaldi became a billion-stream superstar – according to his manager, Ryan Walter“. Music Business Worldwide. 16 September 2019. Посетено на 4 June 2020.
- ↑ „Former student Lewis Capaldi tops UK music charts“. www.nclanarkshire.ac.uk. Посетено на 2020-02-25.
- ↑ „Lewis Capaldi – Fade (Listen) – Mahogany“. 6 October 2017. Архивирано од изворникот на 9 October 2018. Посетено на 20 October 2017.
- ↑ Murray, Robin (12 September 2017). „Lewis Capaldi Announces 'Bloom' EP“. Clash Magazine.
- ↑ „vevo dscvr – Lewis Capaldi“. dscvr.vevo.com. Посетено на 3 December 2017.
- ↑ „SAMAs: 2017 winners announced – The Skinny“ (англиски). Посетено на 2020-06-04.
- ↑ Предлошка:Citetweet
- ↑ „Bastille Announce Still Avoiding Tomorrow EU Tour 2019“. Genre is Dead!. 12 October 2018. Посетено на 19 November 2022.
- ↑ Bethany Minelle (30 October 2019). „Lewis Capaldi is first Scottish artist to get US number one in nearly 40 years“. Sky News.
- ↑ „Lewis Capaldi“. The Recording Academy. Посетено на 8 November 2022.
- ↑ „Official Singles Chart Top 100“. Official UK Charts Company. Посетено на 21 November 2022.
- ↑ „ALBUM CHAMPION, LEWIS CAPALDI DOMINATES UK'S OFFICIAL BIGGEST ALBUMS AND SINGLES LISTS OF 2019 SO FAR“. National Album Day. 2 October 2019. Посетено на 21 November 2022.
- ↑ Clayton-Lea, Tony (27 March 2019). „Picture This at 3Arena, Dublin: Everything you need to know“. The Irish Times. Посетено на 19 November 2022.
- ↑ „Lewis Capaldi Confirmed As Tour Support For Ed Sheeran“. Stereoboard. Посетено на 27 September 2022.
- ↑ „LEWIS CAPALDI ANNOUNCES DIVINELY UNINSPIRED TO A HELLISH EXTENT (EXTENDED EDITION) OUT NOVEMBER 22“. UMusic. Архивирано од изворникот на 2022-11-08. Посетено на 8 November 2022.
- ↑ Justin Myers. „Lewis Capaldi claims second chart-topper with Before You Go“. OfficialCharts.com. Посетено на 31 January 2020.
- ↑ Brocklehurst, Steven (2020-02-19). „Lewis Capaldi: From Bathgate to Brits success“. BBC News (англиски). Посетено на 2020-02-25.
- ↑ „Credits for Lewis Capaldi“. Tidal. Посетено на 22 November 2022.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Lewis Capaldi surprises fans by playing new song at The O2 - and reveals when it'll be released“. Sky News (англиски). Посетено на 2022-09-06.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Ainsley, Helen (13 January 2023). „Lewis Capaldi scores fourth Official Number 1 single with Pointless: "The support has been incredible"“. Official Charts Company. Посетено на 13 February 2023.
- ↑ Griffiths, George (21 April 2023). „Champion! Lewis Capaldi a knockout with fifth Number 1 single with Wish You The Best“. Official Charts Company. Посетено на 22 April 2023.
- ↑ „Lewis Capaldi and James Marriott announce intimate gig at The Wardrobe ahead of Leeds Festival“. ITV News. 23 May 2023.
- ↑ Skinner, Tom (2023-05-23). „Lewis Capaldi announces intimate Reading & Leeds warm-up show“. NME (англиски). Посетено на 2024-01-26.
- ↑ „Lewis Capaldi cancels intimate Leeds gig at The Wardrobe as he tells fans he needs to 'rest and recover'“. Yorkshire Evening Post. Посетено на 26 January 2024.
- ↑ France, Lisa Respers (2023-06-28). „Lewis Capaldi announces break from tour, citing impact of Tourette syndrome“. CNN (англиски). Посетено на 2023-06-29.
- ↑ Halliday, Josh (2023-06-24). „Lewis Capaldi announces he needs a mental health break after Glastonbury“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2023-06-29.
- ↑ „Lewis Capaldi reveals he has Tourette's - saying diagnosis is a relief“. Sky News (англиски). Посетено на 7 September 2022.
- ↑ Shutler, Ali (4 April 2023). „Truth, Tourette's and Elton John: dissecting Lewis Capaldi's new Netflix doc“. NME. Посетено на 6 April 2023.
- ↑ Gayle, Latoya (28 June 2023). „Lewis Capaldi's girlfriend Ellie Macdowall is 'comforting' him as he quits touring 'for the foreseeable future'“. GlasgowWorld. Посетено на 2023-08-22.
- ↑ Santino, Catherine (10 July 2023). „Who Is Lewis Capaldi's Girlfriend? All About Ellie MacDowall“. People. Посетено на 2023-08-22.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Луис Капалди на Семрежната филмска база на податоци (англиски)