Димитар Гешоски
Димитар Гешоски (роден на 14 септември 1928 во Прилеп - починал на 28 октомври 1989 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Во својата богата уметничка дејност остварил над стотина театарски, телевизиски и филмски ликови.
Димитар Гешоски | ||
Роден | 14 септември 1928 Прилеп, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 28 октомври 1989 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | (возр. 61)|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Денови на искушение Нели ти реков Црвениот коњ Трговецот од Солун Илинден Најдолгиот пат | |
Занимање | глумец | |
Сопружник | Нада Гешоска Милица Стојанова | |
Деца | Искра Гешоска (ќерка) |
Животопис
уредиДимитар Гешоски учествувал во формирањето на првиот професионален драмски ансамбл во Прилеп во 1950 година. Професионалната кариера ја продолжил во Скопје како член на Драмата при Македонскиот народен театар од 1958 до 1964 година кога станал член на Драмски театар - Скопје.
Димитар Гешоски бил член на првиот изведувачки состав на Градскиот народен театар во Прилеп и бил еден од неговите најангажирани, најамбициозни и најталентирани глумци. На сцената на професионалната театарска куќа во родниот град играл скоро една деценија, по кое својата кариера ја продолжил во Скопје (Македонски Народен театар, Драмски театар и Естрада-59).
Гешоски учествувал во поголем број на театарски претстави, како: “Кралот на Бретањова’’ од Иван Цанкар, “Без вина виновник’’ од Островски, “Ружа на ветровите’’ од Шпак, “Вујко Вања’’ од Чехов, “Вејка на ветрот’’ од Коле Чашуле, “Како Џими’’, “Случајот Форестер’’ од Брикли, “Заеднички стан’’ од Добричанин и многу други.
Како еден од водечките глумци на Народниот театар во Прилеп во првата негова деценија, Гешоски повремено се занимал и со режија. Ја постави комедијата „Роднини од Америка“, реализира и една куклена претстава. Освен тоа, тој бил активно вклучен и во некои други медиуми (филмот, радиото, телевизијата).
Димитар Гешоски е добитник на неколку признанија, меѓу кои и на наградата „13 Ноември“.
Филмографија
уредиГешоски има остварено бројни филмски улоги:[1]
Филмографија на глумецот Димитар Гешоски | |||
---|---|---|---|
Год. | Назив | Улога | |
1950-ти | |||
1957 | Мал човек ТВ-филм | ||
1958 | Мис Стон ТВ-филм | ||
1960-ти | |||
1961 | Солунските атентатори | ||
1965 | Денови на искушение | Тодор Иванов | |
1967 | Каде по дождот ТВ-филм | Службеник | |
1967 | Мементо | / | |
1967 | Македонска крвава свадба | / | |
1968 | Планината на гневот | / | |
1969 | Враќање од рајот ТВ-филм | ||
1969 | Време без војна | / | |
1969 | Сеништа ТВ филм | / | |
1969 | Итрата вдовица ТВ филм | / | |
1970-ти | |||
1970 | Мртва стража ТВ филм | / | |
1970 | Вујковиот сон ТВ филм | / | |
1971 | Веселиот Иван Гулабин ТВ-филм | ||
1972 | Истрел | / | |
1972 | Настан можеби последен ТВ филм | / | |
1972 | Пријатели ТВ-филм | ||
1973 | Смилевскиот конгрес ТВ филм | Анастас Лозанчев | |
1974 | Како се сакаа Пертеф и Леонида ТВ-филм | ||
1975 | Сребрено јаболко ТВ-филм | ||
1975 | Волшебното самарче ТВ серија | / | |
1975 | Светецот од Слатина ТВ филм | / | |
1975 | Последниот ден на Мистер Порфириј ТВ филм | / | |
1975 1976 | Патот кон иднината ТВ серија | / | |
1976 | Најдолгиот пат ТВ-филм | Солунчанец | |
1977 | Сакате ли уште едно парче торта ТВ-филм | ||
1977 | Итар Пејо ТВ серија | Трајко | |
1977 | Нели ти реков ТВ филм | / | |
1978 | Најдолгиот пат ТВ-серија | Солунчанец | |
1979 | Курирот на Гоце ТВ серија | Томе | |
1980-ти | |||
1980 | Учителот ТВ филм | / | |
1980 | Оловна бригада | / | |
1981 | Црвениот коњ | Пени | |
1981 | Булки крај шините ТВ серија | / | |
1981 | Првите цутови ТВ-серија | Дедото | |
1982 | Илинден ТВ серија | / | |
1982 | Тумба, тумба, дивина ТВ филм | / | |
1982 | Едно лето ТВ серија | / | |
1983 | Црвениот коњ ТВ-серија | Пени | |
1984 | Јуначко колено ТВ серија | / | |
1984 | Нели ти реков | / | |
1984 | Комедијанти ТВ серија | Татко на наивката | |
1985 | Трговецот од Солун ТВ филм | / | |
1987 | Трето доба ТВ серија | / | |
1988 | Еурека ТВ-серија | ||
1989 | Тврдокорни ТВ-серија | ||
1990-ти | |||
1992 | Време, живот | / |
Награди
уреди- 1966 - 13 Ноемвриска награда за камерата во филмот за Киро Билбиловски Нели ти реков Архивирано на 28 септември 2007 г.
- 1984 - ФЈИФ, Пула, Награда за најдобар плакат за Владимир Боројевиќ
- 1984 - МФФ, Лос Ангелес, Трета награда за филмскиот плакат за Владимир Боројевиќ
Наводи
уреди- ↑ „Dimitar Gesovski“. IMDb. Посетено на 23 јануари 2023.
Надворешни врски
уреди- Димитар Гешоски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)