Андарти

Грчка герилска паравоена формација

Андартите (Αντάρτης) се припадници на грчка герилска паравоена формација. Имале различни цели во зависност од историските периоди во кој биле активни:

Андартскиот капетан од Лерин, фотографија на браќа Манаки. Снимено во Битола, 1908 година
Рушевини во селото Загоричани, после нападот на Андартите

Кон крајот на XIX и почетокот на XX век учествувале во Борбата за Македонија, со цел делови од Македонија и Тракија да бидат присоединети кон Грција [1].

Во Атина, бил формиран т.н. Македонски комитет, кој раководел со овие чети. Андартските чети не избирале средства за да ги принудат македонските и влашките села, кои ја напуштиле Цариградската патријаршија, да се вратат во нејзините редови и со тоа да го зголемат бројот на „Грците“ во Македонија. Водачи на андартските чети биле офицери на грчката армија, а речиси и целиот друг боречки состав главно бил регрутиран во Кралството Грција. Од почетокот на македонската борба до пролетта 1905, грчко-турската граница ја поминале околу 2800 андарти. Андартските чети често се судирале со четите на ВМРО, но најмногу ги напаѓале македонските села во кои вршеле жестока одмазда (Загоричани, Зеленич и др.) По Младотурската револуција во 1908, андартските чети биле распуштени. Но набрзо потоа ја обновиле својата дејност што траела сè до 1912 година.[2]

Во текот на Втората светска војна се бореле против германската окупација над Грција [3].

Наводи

уреди
  1. Германос Каравангелис, Спомени
  2. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 28–29. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Drez, Ronald J. (2009), Heroes Fight Like Greeks: The Greek Resistance Against the Axis Powers in WWII, Ghost Road Press