Карлос Бетанкур

колумбиски велосипедист

Карлос Алберто Бетанкур Гомес (шпански: Carlos Alberto Betancur Gómez; р. 13 октомври 1989) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.[1]

Карлос Бетанкур
Бетанкур на Џиро д’Италија 2011
Лични податоци
Цело имеКарлос Алберто Бетанкур Гомес
ПрекарЛа Ронка, Бананито
Роден13 октомври 1989(1989-10-13)(35 г.)
Боливар,  Колумбија
Висина1,67 м
Маса60 кг
Податоци за клубот
Мом. клубМовистар Тим
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2011–2012
2013–2015
2016-
Аква & Сапоне
Аг2р-Ла Мондијал
Мовистар Тим
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Пласман за млад возач (2013)

Етапни трки

Париз-Ница (2014)

Еднодневни трки и класици

Џиро дел’Емилија (2011)
Последна промена
5 февруари 2020

Кариера

уреди

Во 2010 година ја освоил етапната трка Џиробио; аматерска верзија на Џиро д’Италија, а во 2011 година победил на Џиро дел’Емилија, негова прва освоена професионална трка.

Бетанкур требало да се приклучи на екипата Ликвигас-Канондејл во 2012,[2] но останал со екипата Аква & Сапоне.[3] Бетанкур го напуштил Аква & Сапоне на крајот на сезоната 2012 и преминал во Аг2р-Ла Мондијал со двегодишен договор од сезоната 2013.[4]

Аг2р-Ла Мондијал (2013–2015)

уреди

Ја започнал сезоната во 2013 со седмо место на Трката околу Баскија, вклучувајќи го второто место на третата етапа.[5] Потоа продолжил да вози на арденските класици, завршувајќи трет на Флеш Валон по раниот напад на само 500 метри пред целта[6] и четвртото место на Лиеж-Бастон-Лиеж, каде со неговиот напад била создадена избрана група од шесторица кои се бореле за победа.[7]

По 12. место на Тур де Романди, Бетанкур заминал на Џиро д’Италија. Отпрвин имал лоши резултати, откако изгубил време на спустот на третата етапа и на долгиот хронометар на осмата етапа, по кој бил на 28. место и 6 минути и осум секунди зад предводникот и крајниот победник Винченцо Нибали.[8] Меѓутоа, по вторите места на деветтата етапа,[9] десеттата,[10] и петнаесеттата,[11] и неколку други одлични резултати на други планински етапи, успеал да се искачи до седмото место и бил на само две секунди до носителот на белата маичка за најдобар млад возач (која всушност успеал да ја преземе на петнаесеттата етапа, но ја загубил на хронометарот на етапата 18) до претпоследната етапа. На последната планинска етапа, иако му се дупнала гума на последното искачување, успеал да ги достигне и да ги претекне повеќето соперници во генералниот пласман, завршувајќи четврти. Ја завршил трката како најдобар млад возач и петти во генералниот пласман.[12]

Во декември 2013, Бетанкур потврдил дека ќе се насочи на Тур де Франс за 2014 година. Меѓутоа, пропуштил да дојде во Франција на 3 јуни, соопштувајќи дека има вирусна инфекција и ја променил неговата цел на Вуелта а Еспања.[13]

Во август 2015 година, Аг2р-Ла Мондијал објавиле дека го ослободуваат од договорот со екипата, кој требало да трае до крајот на 2016 година.[14]

Мовистар (2016–денес)

уреди

Подоцна, во октомври Мовистар Тим објавиле дека потпишале двегодишен договор со Бетанкур од 2016 година.[15] Бетанкур ја освоил својата прва трка за екипата - првата етапа на Вуелта а Кастиља и Леон - завршувајќи го 760-дневното чекање за победа. Последна трка која ја освоил била Париз-Ница 2014.[16]

Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[17]

Достигнувања

уреди
2009
2. Светско друмско првенство под 23 години
2010
1. Краен пласман Џиро д’Италија под 27 години (Џиробио)
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 1 Вуелта а Колумбија
2011
1. Џиро дел’Емилија
9. Џиро ди Ломбардија
2012
1. Трофео Мелинда
1. Етапа 5 Трка околу Белгија
1. Етапа 5 Џиро ди Паданија
4. Краен пласман Џиро дел Трентино
1.   Пласман за млад возач
4. Краен пласман Четири дена Динкерк
2013
3. Флеш Валон
4. Лиеж-Бастон-Лиеж
5. Краен пласман Џиро д’Италија
1.   Пласман за млад возач
7. Краен пласман Трка околу Баскија
2014
1.   Краен пласман Париз-Ница
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 5
1. Етапа 6
1.   Краен пласман Тур ди От Вар
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
2016
1. Етапа 2 Вуелта а Астурија
9. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
1. Етапа 1
2018
4. Класика Примавера
5. ГП Мигел Индураин
2019
1. Класика Примавера
8. Краен пласман Тур де Свис

Распоред на резултатите на етапните трки

уреди
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 59 5 20 СО 15
  Тур 18
  Вуелта 126 158 СО
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Париз-Ница 1
  Тирено-Адријатико 44 116
  Волта а Каталуња 46 НЗ НЗ
  Трка околу Баскија 7 СО 98 27 СО
  Тур де Романди 13 СО 43 СО 11
  Критериум ди Дофине
  Тур де Свис 17 8

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. „Movistar Team ready to open new era in 2020“. Мовистар Тим. Abarca Sports SL. 19 декември 2019. Посетено на 2 јануари 2020.
  2. „Ликвигас-Канондале потврди дека Бетанкур доаѓа во 2012“. Cyclingnews.com. Посетено на 23 ноември 2011.
  3. „Гарцели разгледува повлекување по исклучувањето од Џиро д'Италија“. Cycling News. Future Publishing Limited. 10 јануари 2012. Посетено на 13 јануари 2012.
  4. „Аполонио и Бетанкур потпишаа за Аг2р-Ла Мондијал“. Cycling News. Future Publishing Limited. 2 август 2012. Посетено на 2 август 2012.
  5. „Енао тесно го победи Бетанкур за етапна победа на Трката околу Баскија“. Velonation.com. 3 април 2013. Посетено на 9 октомври 2013.
  6. Cycling. „Флеш Валон 2013: Даниел Морено триумфираше на Мур де Хуј, додека Маријане Вос ја освои женската трка“. Telegraph. Посетено на 9 октомври 2013.
  7. Аласдер Фотерингем (21 април 2013). „Dan Martin Takes Breakthrough Classics Win In Liege-Bastogne-Liege“. Cyclingnews.com. Посетено на 9 октомври 2013.
  8. ProCyclingStats. „Хронометар на Џиро д'Италија 2013: Габиче Маре - Салтара“. ProCyclingStats. Посетено на 9 октомври 2013.
  9. „Максим Белков освои соло победа на деветатата етапа на Џиро д'Италија“. Cycling Weekly. Посетено на 9 октомври 2013.
  10. „Ригоберто Уран ја освои десеттата етапа на Џиро додека Вигинс и Хесједал изгубија време“. Cycling Weekly. Посетено на 9 октомври 2013.
  11. „Џовани Висконти победи на етапата до Кол ду Галибје на Џиро д'Италија“. Cycling Weekly. Посетено на 9 октомври 2013.
  12. Стивен Фаранд (25 мај 2013). „Betancur Takes Back The White Jersey At The Giro D'Italia“. Cyclingnews.com. Посетено на 9 октомври 2013.
  13. Стивен Фаранд (12 јуни 2014). „Извештај: Бетанкур ќе го пропушти Тур де Франс поради вирус“. Cyclingnews.com. Посетено на 26 јули 2014.
  14. „Ag2r-La Mondiale and Carlos Betancur part ways“. cyclingnews.com. 21 август 2015. Посетено на 21 август 2015.
  15. „Бетанкур потпиша двегодишен договор со Мувистар“. Cyclingnews.com. 18 октомври 2015. Посетено на 19 октомври 2015.
  16. „Carlos Betancur vuelve a sonreir“ [Carlos Betancur smiles again]. Vanguardia.com (шпански). 15 април 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-21. Посетено на 15 април 2016.
  17. „2017: 104th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 28 јуни 2017.

Надворешни врски

уреди