Битка кај Зама
Битката кај Зама се извела во 202 година п.н.е. во близина на Зама, во денешен Тунис, и го означила крајот на Втората пунска војна. Римската војска предводена од Публиј Корнелиј Скипион, со круцијална поддршка од водачот на Нумидија, Масиниса, ја поразил Картагинската војска предводена од Ханибал.
Битката кај Зама | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Втората Пунска војна | |||||||
Движењата на спротивставените армии пред биткат |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Римската Република Кралството на Нумидија | Картагина | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Публиј Корнелиј Скипион Масиниса крал на Нумидија | Ханибал | ||||||
Сила | |||||||
35,100 вкупно војници • 29,000 пешадија • 6,100 коњаница[2] | 40,000 вкупно војници • 36,000 пешадија • 4,000 коњаница 80 слонови[2] |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
4,000–5,000 1,500–2,500 римски жртви 2,500+ нумидски жртви[3] | 33,500–40,000 Според Полибиј и Ливиј:
Според Апијан:[4]
|
Откако ги поразил картагинските и нумидијанските војски во битките кај Утике и кај Големите рамнини, Скипион наметнал мировен договор на Картагинците, кои немале друг избор освен да го прифатат. Истовремено, Картагинците ја повлеколе армијата на Ханибал од Италија. Самоуверени во силите на Ханибал, Картагинците го прекинале примирјето со Рим. Скипион и Ханибал се спротивставиле во близина на Зама Регија . Ханибал имал 36 000 војници на спроти Скипион кој имал 29 000. Една третина од армијата на Ханибал биле регрутирани граѓани, а Римјаните имале 6.100 коњаници на спроти Картагинските 4.000, бидејќи повеќето од Нумидијската коњаница која Ханибал ја користел со голем успех во Италија се придружила на страна на Римјаните.
Ханибал исто имал и 80 воени слонови. Слоновите ја започнале битката напаѓајќи ја главната римска војска. Војниците на Скипион ги избегнале слоновите со отворање на своите редови и ги избркале со проектили. Римската и Нумидијанската коњаница подоцна ја победиле Картагинската коњаница и ги бркале од бојното поле. Првата линија на платеници на Ханибал ја нападнале пешадијата на Скипион и била поразена. Втората линија на регрутирани граѓани и остатоците на платениците ги нападнале и нанесоа големи загуби на римската прва линија. Римската втора линија се приклучила на борбата и го истерала картагинскиот напад. Третата линија на ветерани на Ханибал, засилена со регрутираните граѓани и платеници, се соочиле против римската војска, која била прераспределена во една линија. Борбата била жестока и рамномерно изедначена. Конечно, коњаницата на Скипион се вратила во битката и ја нападнала армијата на Ханибал од позади, по што била уништена и бегала картагинската војска.
Од картганиската страна биле 20.000-25.000 убиени и 8.500-20.000 заробени. Скипион изгубил 4.000–5.000 војници, а биле убиени 1.500–2.500 Римјани и 2.500 Нумидијанци. Поразени на свој терен, картагинската владејачка елита барале мир и прифатиле понижувачки услови, ставајќи крај на 17-годишната војна.
Претходни настани
уредиПреминувајќи ги Алпите, Ханибал стигнал до италијанскиот полуостров во 218 година п.н.е. и предизвикал неколку големи порази за римските војски. Римјаните не успеале да го совладаат на теренот и тој останал во Италија, но по одлучувачката победа на Скипион во Битката кај Илипа во Шпанија во 206 година п.н.е., Иберија била освоена од Римјаните. Во 205 година п.н.е. Сципион се вратил во Рим, каде бил избран за конзул со едногласно гласање. Скипион предложил да се стави крај на војната со директно напаѓање на Картагинската татковина.[5] Сенатот првично се спротивставил на оваа амбициозна идеја на Скипион, убедени од Квинт Фабиј Максим дека идејата е премногу опасна. Скипион и неговите приврзаници успеале да го убедат Сенатот да го ратификува планот и на Скипион му биле дадени потребните овластувања за да се обиде да изврши инвазија.[6]:270
Првично, Скипион не добил регрутирани трупи и тој запловил до Сицилија со група од 7.000 доброволци.[7]:96 Подоцна бил овластен да ги искористи редовните сили стационирани на Сицилија, кои главно се состоеле од остатоци од 5-та и 6-та легија, прогонети на островот како казна за понижувањето што го претрпеле во Битката кај Кана.:119
Скипион продолжил да ги засилува своите трупи со локални дезертери.[6]:271 Стигнал до Утика каде што ја поразил картагинската војска во Битката кај Големите рамнини во 203 година п.н.е. Картагинците во паника сметале дека немаат друга алтернатива освен да му понудат мир на Скипион, и имајќи овластување да го стори тоа, Скипион дал мир под дарежливи услови. Според договорот, Картагина смеела да ги задржи своите африкански територии, но би ја изгубила својата прекуморска империја. .Му било дозволено на Масиниса да ја прошири Нумидија во делови на Африка. Исто така, Картагина морала да ја намали својата флота и да плати воена отштета. Римскиот сенат го ратификувал договорот. Картагинскиот сенат го повикале Ханибал, кој сè уште бил во Италија (иако бил ограничен на југот на полуостровот) кога Скипион стигнал до Африка, во 203 година п.н.е.[8] Во меѓувреме, Картагинците го прекршиле договорот за примирје со заробување на изгубената римска флота во Тунискиот Залив. Картагинците не верувале дека договорот сè уште бил во нивни интерес.[9]
Битката
уредиНа почетокот на битката, Ханибал ги пуштил своите слонови и стрелци против римските трупи со цел да ја разбијат кохезијата на нивните редови и да ги искористи пробивите што би се појавиле.[10] Нападот го дочекале римски стрелци. Покрај тоа, Скипион им наредил на коњаницата да користат гласни рогови за да ги исплашат слоновите, што делумно им успеало, а неколку разбеснети слонови се свртеле кон картагинското лево крило и го нарушиле целосно. Користејќи ја оваа можност, Масиниса ја предводел својата коњаница ја нападнал левата крила на картагинската армија, која исто така била составен од коњаница, и била привлечена од теренот. Во меѓувреме, останатите слонови биле внимателно намамени преку редовите и пренесени на задниот дел од римската војска, каде што биле совладани. Планот на Скипион да ја неутрализира заканата од слоновите успеал; неговите трупи потоа се поставиле во традиционалната римска борбена формација. Лаелиј, командантот на римското лево крило, го нападнал картагинското десно крило. Картагинската коњаница, постапувајќи по инструкциите на Ханибал, им дозволила на римските коњаници да ги бркаат со цел да ги намамат од бојното поле за да не ги напаѓаат картагинските војски од позади.[11]
Сципион потоа марширал со војската кон Картагинците, кои биле под директна команда на Ханибал. Ханибал се движел напред со две редови; третата линија на ветерани ја чувал во резерва. По блиска борба, неговата прва линија била истерана од римските хастати.[12] Ханибал и наредил на својата втора линија да не ја дозволува првата линија во нивните редови. Најголемиот дел од нив успеале да избегаат и да се позиционираат на крилјата од втората линија по инструкции на Ханибал.[8] Ханибал сега нападнал со својата втора линија. Следеше бесна борба и римските хастати биле истерани со големи загуби. Скипион ги засилил Хастатите со втората линија принкипес.[13]
Со ова засилување римскиот фронт го обнови нападот и ја совлада втората линија на Ханибал. Повторно, не беше дозволено да се спои со третата линија и била принудена на крилјата, заедно со првата линија. Картагинската коњаница добро ги извршувале упатствата на Ханибал и немало никаква трага од римска коњаница на бојното поле. Откако Картагинската коњаница била доволно далеку, тие се свртиле и ја нападнале римската коњаница, но на крајот биле истерани. Во овој момент се случила пауза во битката бидејќи двете страни ги прераспоредиле своите трупи. Скипион се обидувал да добие во време со тоа што ги прераспрередувал силите во една линија со хастатите во средината, принкипес во внатрешните крилја и триарии на надворешните крилја. Ханибал чекал за Скипион да нападне. Судирот бил жесток и крвав, ниту една од страните немаше супериорност. Скипион успеал да ги собере своите војници.[12] Битката конечно се претворила во корист на Римјаните кога римската коњаница се вратила на бојното поле и ја нападна картагинската линија од позади. Картагинската пешадија била опколена и уништена. Илјадници картагинци, вклучувајќи го и Ханибал, успеале да избегаат од колежот.[9] Ханибал доживеал голем пораз со кој се ставил крај на целиот отпор од Картагина. Вкупно, дури 20 000 војници на Ханибал биле убиени кај Зама, додека уште 20 000 биле заробени. Римјаните претрпеле 2.500 жртви.[14]
Последици
уредиНаскоро по победата на Скипион кај Зама, војната завршила, со картагинскиот сенат барајќи мир. За разлика од договорот со кој се стави крај на Првата пунска војна, термините кои ги прифатила Картагина биле толку казнувачки што никогаш повеќе не била во можност да го предизвика Рим за надмоќ на Средоземното море. Договорот ја банкротирала Картагина и уништила каква било шанса да биде воена моќ во иднината, иако нејзиното економско закрепнување било брзо. Една одредба од договорот било дека Картагинците не смееле да војуваат без римска согласност. Ова им овозможило на Римјаните да имаат casus belli за Третата пунска војна во која што Картагинците се бранеле од нумидијанските навлегувања во кои Римјаните не интервенирале.
Кога Рим повторно започнала војна со Картагина 50 години подоцна, Картагинците имале малку моќ и не можеле да го победат тогаш многу постараиот Масиниса во Африка. Тие организирале одбрана на нивниот роден град кој по продолжената опсада бил заробен и целосно уништен во 146 година п.н.е. Имало само 55.000 преживеани.[13]
Наводи
уреди- ↑ Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica. 24 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 406. supports the 19 October date.
However, Cary, M. (1967). History of Rome: Down to the Reign of Constantine. London: Macmillan. стр. 173. gives the date as "summer of 202". - ↑ 2,0 2,1 Lazenby, Hannibal's War, pp.220–221
- ↑ Appian
- ↑ Appian, Appian
- ↑ Livy, 28.40
- ↑ 6,0 6,1 Bagnall, Nigel, The Punic Wars.
- ↑ Liddell Hart, Basil Henry, Scipio.
- ↑ 8,0 8,1 Davis, William Stearns, Readings in Ancient History – Illustrative Extracts from the Sources, стр. 79, ISBN 1-4067-4833-1
- ↑ 9,0 9,1 Delbrück, Hans, History of the Art of War: Warfare in antiquity, стр. 393, ISBN 0-8032-9199-X.
- ↑ Scullard, Howard Hayes (1930), Scipio Africanus in the second Punic war, CUP Publisher Archive.
- ↑ Goldsworth, Adrian (2006), The Fall of Carthage, The Punic Wars 265–146 BC, Phoenix, стр. 304.
- ↑ 12,0 12,1 Africanus, Scipio; Hart, BH Liddell; Grant, Michael, Greater Than Napoleon, стр. 263, ISBN 0-306-81363-7.
- ↑ 13,0 13,1 Nardo, Don, The battle of Zama, стр. 30, ISBN 1-56006-420-X.
- ↑ Adrian Goldsworthy, The Fall of Carthage, The Punic Wars 265–146 BC, Phoenix, 2006, pp. 305–307
Користена Литература
уреди- Paul K. Davis (historian) (2001-06-14). 100 Decisive Battles: From Ancient Times to the Present. Oxford University Press, USA. стр. 47. ISBN 978-0-19-514366-9. Text "Paul K. Davis" ignored (help)
- Hans Delbruck (1990). Warfare in antiquity. University of Nebraska Press. ISBN 978-0-8032-9199-7.
- Theodore Ayrault Dodge (2004-03-30). Hannibal: A History of the Art of War Among the Carthaginians and Romans Down to the Battle of Pydna, 168 B.C., with a Detailed Account of the Second Punic War. Da Capo Press. ISBN 978-0-306-81362-7.
- Steven James. "The Army and Fleet of Publius Scipio's African Campaign: 204 BC".
- Sir Basil Henry Liddell Hart (1926). Scipio Africanus: Greater Than Napoleon. Greenhill Press. ISBN 978-1-85367-132-6.
- Robert F. Pennel; Ancient Rome from the earliest times down to 476 A.D; 1890
- Polybius; The general history of Polybius, Volume 2; W. Baxter for J. Parker, 1823
Надворешни врски
уреди- Битката кај Зама
- Битка кај Зама од UNRV History