Милица Тодоровиќ (Крушевац, 13 октомври 1990 година) српска поп-фолк и турбо-фолк пејачка и глумица.

Милица Тодоровиќ
Роден(а)13 октомври 1990
Србија Крушевац, Србија
Жанр(ови)Поп-фолк
турбо-фолк
Занимање/њаПејачка, глумица
Години на активностод 2005

Животопис

уреди

Победничка е на вториот серијал на Ѕвездите на Гранд. Победила со само 14 години, како најмлада учесничка на натпреварувањето. На коктелот ЦД од 2005 година се најдоа песните Упореди ме, Реци ја како соло песни и Јачи пол, заедно со останатите девојки од таа сезона на Ѕвездите на Гранд. Дури 2006 година ја снима песната Зашто цура седи сама со која преаѓа во финалето на Грандовиот фестивал, потоа снима дует со реперот Драган Дај ми. Во полуфиналето на Грандовиот фестивал во 2008 година настапува со песната СМС.[1] Затоа што морала да причека да стане полнолетна, првиот албум го издала дури на 18 години со насловната нумера Памтим ја. Пет месеци и четири дена пред 46-тиот роденден на Никола Бурсаќ (11 ноември 196316 септември 1991), таткото на Александра Бурсаќ, поточно 7 јуни 2009 година, Милица го снимила видеоспотот за истоимената нумера во која рефренот гласи: "Ал памтим ја, памтим све и срце боли ме још као првог дана, памтим све, ал браним те, јер ти си увек био моја слаба страна, ал памтим ја, памтим све и ова кућа град је туге постала, памтим све, а ти к'о пре, мени је душа хладан камен остала". На почетокот на 2010 издала неколку синглови Са било ким, Само ме загрли, Све је узалуд, Због тебе и Само ме погледај. Во 2013година ја издава песната Нема назад. Песната Три чаше со 80 милиони прегледи на Јутјуб и остварила голем успех, а Милица станала една од најпопуларните пејачки на Ѕвездите на Гранд.[2] После тоа постигнала уште поголем успех со песната Моје злато, која ја издала во лето во 2014 година во дуeл со MC Јанко; која има на Јутјуб 130 милиони прегледи, што ја става на првото место по прегледи во регионот; се смета дека оваа песна е пример за современо балканско лажирање односно пазарување/пумпање на бројот на прегледите, кој повремено и бил враќан на помала цифра — слично важи и за претходната песна.[3][4][5][6] На Грандовиот фестивал во 2014 година освоила второ место со песната Коначна одлука.

Покрај пеењето, Милица се занимава и со глума. Ја играла главната улога во операта на Кустурица Време Цигана, заедно со својот колега Стеван Анѓелковиќ. Операта премиерно е изведена во Франција, во Париз, во „Опера Бастиља”.

Дискографија

уреди

Синглови

уреди
  • Реци ја (2005)
  • Упореди ме (2005)
  • Зашто цура седи сама (2006)
  • Дај ми (2007) (DJ Dragon)
  • СМС (2008)
  • Гаде (2009)
  • Хаљиница (2009)
  • Са било ким (2010)
  • Само ме загрли (2010)
  • Све је узалуд (2011)
  • Због тебе (2012)
  • Само ме погледај (2012)
  • Нема назад (2013)
  • Три чаше (2013)
  • Моје злато (2014) (двобој со МС Јанко)
  • Коначна одлука (2014)
  • Цуре приводе (2016)
  • Лимунада (двобој со Емина Јаховиќ) (2017)
  • Љуби ме будало (двобој со МС Јанко) (2017)
  • Show program (2018)
  • Иста ја (2018)

Албуми

уреди
  • Памтим ја (2009)

Видеоспотови

уреди
Видеоспот Година Режисер
Памтим ја 2009 Filip Shobot
Са било ким 2011 Г.Шливиќ
Све је узалуд 2011 Дејан Милиќевиќ
Нема назад 2013 Милош Надаждин
Три чаше 2013 Creative4D
Моје злато 2014 Visual Fever
Цуре приводе 2016 TOXIC ENTERTAINMENT
Лимунада 2017 Ѓорѓе Трбовиќ, Љуба
Љуби ме будало 2017 SD Solution
Show program 2018 TOXIC ENTERTAINMENT
Иста ја 2018 SILVER PRODUCTION
Авет 2019 TOXIC ENTERTAINMENT
Доза отрова 2019 SILVER PRODUCTION
Љубав мање 2019 TOXIC ENTERTAINMENT
Тајнa 2020 TBA

Наводи

уреди