The Pirate Bay
The Pirate Bay или „Пиратски Залив“ е шведски торент тракер започнат во 2003 година од организацијата „Биро за пиратерија“ (шве. Piratbyrån). Во 2004 година тој се отцепил од организацијата и бил воден од Фредрик Неиј (познат како TiAMO) и Готфрид Свартхолм (познат како anakata). Денес „Пиратскиот Залив“ е управуван од непрофитна организација регистрирана на Сејшелите.[1]
Вид | Интернет |
---|---|
Жанр | комерцијална |
Основано | 2003 |
Основач | Piratebyrån |
Седиште | Стокхолм, Шведска |
Опслужувани подрачја | Целиот свет |
Клучни личности | Фредрик Неиј, Готфрид Свартхолм и Питер Сунде |
Мреж. место | thepiratebay.se |
Историја
уреди„Пиратскиот Залив“ била основана во 2003 година од организацијата „Биро за пиратерија“. Подоцна нејзиното сопствеништво било неколкупати менувано. Компанијата била обвинета од Motion Picture Association of America за „помагање во овозможувањето на материјал заштитен со авторски права да биде достапен без надоместок“. „Пиратскиот Залив“ е добро позната по својот начин на справување со обвинувањата од големите компании кои секогаш се иронични и со голема доза на хумор.[2] Тие имаат отворено и дел на своето мрежно место кое ги исмејува обидите и заканите на големите компании да го симнат „заливот“ од интернет мрежата.[3]
Рацијата во 2006
уредиНа 31 мај 2006 била направена рација од Шведската полиција во координација со FBI во опслужувачските простории на „Пиратскиот Залив“ при што сите опслужувачи биле запленети а „Пиратскиот Залив“ бил симнат од интернет неколку дена. По рацијата „Пиратскиот Залив“ изјавил:[4]
„Само некои статистики... ... еве неколку причини зошто TPB е симнат некогаш - и колку време е потребно да се поправи: Tiamo многу се испијанил и скршил нешто: 4 дена Anakata многу се разболел и нема никој наоколу: 7 дена Владите на САД и Шведска ја натераа полицијата да ни ги украде опслужувачите: 3 дена“
Домаќини
уреди„Пиратскиот Залив“ е хостиран од компанијата PRQ која е сопствеништво на основачите на „заливот“, Фредрик Неиј и Готфрид Свартхолм.[5]
Технички детали
уреди„Пиратскиот Залив“ работи на Lighttpd и PHP на предниот дел, базата е MySQL, Sphinx на двата пребарувачки системи, memcached за кеширање SQL прашалници и PHP сесии и Varnish пред lighttpd за кеширање на статички содржини. „Пиратскиот Залив“ функционира на 31 посветен опслужувач, една база на податоци, 2 пребарувачки мотори и 8 БитТорент тракери.
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-08-03. Посетено на 2012-08-01.
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-05-11. Посетено на 2012-08-01.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-08-03. Посетено на 2012-08-01.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-08-03. Посетено на 2012-08-01.
- ↑ Häyhtiö, Tapio. Net working/Networking, Tampere University Press, p. 344, 2008.