Анатол Франс (псевдоним на Жак-Антоан Анатол Тибо) (француски: Anatole France) (16 април 1844, Париз - 12 октомври 1924, Бешерел, Франција) — француски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1921 година.

Анатол Франс
Anatole France
Роден/аFrançois-Anatole Thibault
16 април 1844(1844-04-16)
Париз, Кралство Франција
Починат/а12 октомври 1924(1924-10-12) (возр. 80)
Тур, Трета Француска Република
ЗанимањеРоманописец
Значајни наградиНобелова награда за литература
1921
Потпис
Анатол Франс (псевдоним на Жак-Антоан Анатол Тибо) (француски: Anatole France)

Животопис

уреди

Франс е роден на брегот на Сена, во Париз, во семејство на татко-книжар. Во книжарницата на татко му, тој многу рано започнал да ги чита делата на старогрчките и римските писатели. Оттука, неговите дела претставуваат химна на класичната мудрост и убавина. Подоцна, Франс се запознал со идеите на мислителите од XVIII век, вклучувајќи ги и водачите на Француската револуција. Исто како татко му, и самиот Франс долги години се занимавал со книжарска, издавачка, библиотекарска работа и со книжевна критика. По завршувањето на колеџот и се вработил во библиотеката на Сенатот.[1] За време на Дрaјфусовата афера, Франс навлегол во политичките води и започнал остро да ги критикува буржоазијата, институциите, свештенството и армијата. Подоцна, под влијание на Жан Жорес, тој станал член на Интернационалата, а од 1921 година, и член на Комунистичката партија на Франција.[1][2]

Дела и творештво

уреди

Франс започнал да пишува во својата зрела возраст. Набрзина поминал низ лирската фаза и речиси целото негово творештво се состои од романи во кои пронашол нов начин на уметничко изразување. Од првиот романЗлосторството на Силвестер Бонар“ (1871) преку „Таида“ (1890) до „Боговите се жедни“ (1912) и „Бунтот на ангелите“ (1914), тој го посветил своето творештво на преиспитување на вредностите на современата култура.[3] На крајот од 80-те години на XIX век излегле четири зборници со литературни критички статии, објавени во весникот „Л'тан“ (Време). Во книгата „Мислењата на Жан Коањар“ (1893) тој ги проширил рамките на социјалистичката критика, а тетралогијата „Современа историја“ (1897-1901) — врв на неговото сатирично мајсторство. Во 1905 година, весникот „Л'иманите“ (Човештво) го објавил социјално-утопискиот роман на Франс „На белиот камен“. Сатиричниот роман „Островот на пингвините“ (1908) — пародија во гротескнокарикатурална форма на историјата на Франција и на човековата цивилизација. Книгата „Боговите се жедни“ (1912), историски роман за Француската револуција, го опишува трагичниот парадокс дека, иако е извршена во името на човештвото, револуцијата го погубува човештвото. Во 1914 година се појавуа фантастичниот роман „Бунт на ангелите“, додека во последните години од животот, тој го завршува циклусот спомени за детството, започнат во 1885 година: „Книга за мојот пријател“, „Пјер Нозиер“ (1899), „Малиот Пјер“ (1918) и „Расцутениот живот“ (1922).[1]

Надарен со напреден и слободарски дух, во своите дела Франс ја романсирал историјата на својот живот и на своите чувства, мешајќи ги стварноста и привидот. Неговото дело се одликува со изразена музикалност на јазикот, непосредност, јасен и убав стил. Франс ги критикува противречностите на современото општество со голема доза на иронија, помешана со песимизам и сомневање во можноста за сознание. Исто така, познат како „папа“ на атеизмот, Франс остро ги напаѓа клерикалните реакционерни кругови и ги проучува односите меѓу римската власт, паганството и раното христијанство.[3]

Германскиот филозоф Фридрих Ниче го истакнува Франс како еден од омилените современи автори, ставајќи во групата на „деликатни психолози“.[4]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010.
  2. N. Lalić, „Beleške o piscu“, во: Anatol Frans, Taida. Beograd: Rad, 1961, стр. 155-158.
  3. 3,0 3,1 N. Lalić, „Beleške o piscu“, во: Anatol Frans, Taida. Beograd: Rad, 1961, стр. 155-156.
  4. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 52.