Жан Батист Карпо
Жан-Батист Карпо (француски: Jean-Baptiste Carpeaux; 11 мај 1827 – 12 октомври 1875)) — истакнат француски вајар и сликар, застапник на правецот академизам.
Родсен е во Валансјен. Првите студии му биле под мајсторот Франсоа Руд. Карпо ја освоил наградата на Рим во 1854. и се преселил во Рим во потрага по инспирација кајшто ги проучувал делата на Микеланџело, Донатело и Верокјо. Останал во Рим од 1854 до 1861 и се стекнал со чувство за движење и спонтаност кои ги придружил во делата кон принципите на барокот.
Во 1861 направил биста на принцезата Матилда Бонапарт, и ова подоцна му донело неколку нарачки од Наполеон III. Работел на декорација на павилјонот Флора и на Операта Гарние.
Неговата склуптура „Танц“ сместена на десната страна на фасадата од Операта била критикувана како непристојна.
Карпо барал предмети од животот и на улиците и расчистил со класичната традиција.
Починал во 1875 г. во Париз.
Познати скулптури
уреди- Уголино и синовите (Ugolin et ses fils) (1861, во збирката на музејот Метрополитен во САД [1] Архивирано на 23 мај 2015 г.) со верзии и во други музеи вклучувајќи го и Музејот Орсе
- Танц (нарачана за Операта Гарние во Париз)
- Наполитанско рибарче (Jeune pêcheur à la coquille) - (Лувр, Париз [2] Архивирано на 23 мај 2015 г.)
- Девојче со школка
- Антоан Вато — споменик во Валансјен
Галерија
уреди-
Четирите страни на светот (Музеј Орсе)
-
Уголино и синовите
-
Танц, Опера Гарние
-
Три грации
Надворешни врски
уреди- Жан Батист Карпо на Ризницата ?
- Страница на мрежното место на Лувр со дела од Карпо
- Страница од insecula.com со дела од Карпо Архивирано на 21 јули 2006 г.
- Страница со анализа и илустрации на Уголино Архивирано на 10 август 2003 г.