Таип Таипи (албански: Taip Taipi; Асамати, Ресенско, 26 октомври 1924 - Белград, 19 октомври 2001) — македонски и југословенски политичар од албанска народност, учесник во НОБ.[1]

Животопис

уреди

Таипи е роден на 29 октомври 1924 година во преспанското село Асамати. Завршил Правен факултет. Бил учесник во НОБ од 1941 година како заднински соработник, а потоа, од јули 1943 година, бил борец во Битолско-преспанскиот партизански одред, во Првата, а потоа во Третата македонска ударна бригада, од каде преминува во Четвртата македонска албанска бригада.[2]

По ослободувањето, тој бил на разни раководни должности во ЈНА до 1956 година, а потоа бил стручен соработник и секретар на Сојузното јавно обвинителство од 1956 до 1966 година, републички секретар за правосудство на СРМ (1966 - март 1969) и пратеник во Соборот на народите на Собранието на СФРЈ во 1970 година. Умира во Белград, Србија на 19 октомври 2001 година.

Наводи

уреди
  1. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1463 стр.
  2. Нешо Маркоски „Беличица во пламен“, „Полог“, Тетово, 1975, 13 стр.

Надворешни врски

уреди