Малколм Тарнбул
Малколм Блај Тарнбул (англиски: Malcolm Bligh Turnbull; р. 24 октомври 1954) — австралиски политичар, водач на Либералната партија и тековен премиер на државата почнувајќи од септември 2015 г. пратеник за Вентворт, Нов Јужен Велс од 2004 г. до денес.
Малколм Тарнбил Malcolm Turnbull | |
---|---|
XXIX Премиер на Австралија | |
На должноста | |
Стапил 15 септември 2015 | |
Монарх | Елизабета II |
Генерален управник | Питер Косгроув |
Заменик | Ворен Трас |
Претходник | Тони Абот |
Водач на Либералната партија | |
На должноста | |
Стапил 14 септември 2015 | |
Заменик | Џули Бишоп |
Претходник | Тони Абот |
Наследник | во служба |
На должноста 16 септември 2008 – 1 декември 2009 | |
Заменик | Џули Бишоп |
Претходник | Брендан Нелсон |
Наследник | Тони Абот |
Лични податоци | |
Роден(а) | Малколм Блај Тарнбул 24 октомври 1954 Сиднеј |
Партија | Либерална партија |
Други припадности | коалиција |
Сопружник | Луси Хјуз (в. 1980) |
Деца | Алекс Дејзи |
Установа | Сиднејски универзитет Оксфордски универзитет |
Вероисповед | католик[1] |
Портал | Матична страница |
Тарнбул ја посетувал Сиднејската гимназија, па запишал право на Сиднејскиот универзитет и дипломирал општествени и правни науки. Потоа добил Родсова стипендија и се запишал на колеџот „Брејзноуз“ на Оксфордскиот универзитет, каде дипломирал граѓанско право. Пред да стане политичар, работел како новинар, правник, инвестициски банкар и стопанисувач со ризичен капитал. Од 1993 до 2000 г. служел и како претседател на Републиканското движење на Австралија.
Во 2007 г., Тарнбул накратко служел како министер за животна средина и водостопанство во кабинетот на Џон Хавард, па во септември следната година бил избран за водач на Либералната партија, и со тоа станал водач на опозицијата. Во 2009 г. застанал на страна на мерките за стакленички гасови предложени од владеачката Лабуристичка партија, што предизвикало поделба меѓу членството на Либералната партијата. Поради ова се свикани нови избори за водач на партијата, на кои Тарнбул изгубил од Тони Абот за еден глас. Во прво време бил со намера да ја напушти политиката, но потоа се премислил, останал на пратеничкото место, па во септември 2013 г. станал министер за комуникации во владата на Абот.
Во септември 2015 г., Тарнбул застанал како противкандидат на Абот за водство на партијата, и го освоил местото со 54 гласа наспроти Аботовите 44. Со тоа, веќе следниот ден го заменил и на функцијата премиер на Австралија.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Malcolm Turnbull interview with Belinda Hawkins“. ABC Australia. August 3, 2009.
- ↑ „Malcolm Turnbull sworn in as Australia's 29th Prime Minister“. ABC News. 15 September 2015. Посетено на 15 September 2015.
Надворешни врски
уреди- Малколм Тарнбул на Ризницата ?
- Матична страница (англиски)
- Парламентарен профил (англиски)