Иванчишта

село во Општина Кичево
(Пренасочено од Иванчиште)

Иванчишта — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Иванчишта

Панорамски поглед на селото Иванчишта

Иванчишта во рамките на Македонија
Иванчишта
Местоположба на Иванчишта во Македонија
Иванчишта на карта

Карта

Координати 41°27′42″N 20°47′30″E / 41.46167° СГШ; 20.79167° ИГД / 41.46167; 20.79167
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Копачка
Население 6 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6261
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12023
Надм. вис. 1.070 м
Иванчишта на општинската карта

Атарот на Иванчишта во рамките на општината
Иванчишта на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во југозападниот дел на Кичевската Котлина, во изворишното сливно подрачје на реката Треска, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Дебрца.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.070 метри. Од градот Кичево е оддалечено 18 километри, а од патот Кичево-Охрид околу 1 километар.[2]

Иванчишта е сместено десно од некогашната железничка линија со тесен колосек Кичево-Охрид, сместено на планинска падина. Низ селото тече Иванчишка Река, на која се наоѓале воденици.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Крстине, Гроб, Љуто’ечки Камен, Митрев Аргач, Кремен, Три Гробо‘и Еѓупски, Метеризи, Божина Ра‘ен, Трпев Гроб, Русе’и Кошари, Долни Ехли, Под Сукало, Умалишта, Дабче’и Градишта, Танаскоски Забел и Матешки Камен.[4]

Селото има збиен тип. Не постојат маала, иако има родовско групирање на куќите.[3]

Селото се наоѓа во областа Горна Копачка, на планината Стогово.

Историја

уреди
 
Улица во селото со стари куќи во традиционална архитектура

Тука постоело стара населба, но со текот на времето, жителите се менувале. Остатоци од старото население се црквиштата и гробиштата.[3]

Во историските списи првпат е споменато како Иваништа во 1476/77 година како дервенџиско село со 15 куќи.[3]

Народното предание вели дека селото било подложно на турски напади поради близината на патиштата Кичево-Охрид и Кичево-Дебар.[3]

Во XIX век, Иванчишта било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

За време на Илинденското востание, селото Иванчишта е изгорено и ограбено од 150 души башибозук и 200 души редовен аскер.[5]

Селото настрадало и од балистите за време на Втората светска војна.[3]

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 16 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 750 хектари, на пасиштата отпаѓаат 595 хектари, а на обработливото земјиште 197 хектари.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948434—    
1953438+0.9%
1961388−11.4%
1971286−26.3%
1981157−45.1%
ГодинаНас.±%
199157−63.7%
199457+0.0%
200229−49.1%
20216−79.3%

Според податоците од 1873 година, селото имало 17 домаќинства со 62 жители христијани (Македонци).[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Иванчишта имало 336 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Иванчишта имало 320 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Иванчица се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[9]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Иванчишта:[10]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
63 53 36 9 45 141 158 299

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[11]

Во 1961 година, Иванчишта било средно село по големина со 388 жители, а во 1994 година, по пат на иселување на населението, преминало во мала населба со 57 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Иванчишта живееле 29 жители, сите Македонци.[12]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, од кои 3 Македонци и 3 лица без податоци.[13]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 336 320 434 438 388 286 157 57 57 29 6
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]

Родови

уреди

Иванчишта е македонско православно село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Јанчевци, Гајтановци, Ѓоновци, Кацуровци и Џвановци. Сите заедно имаа 80 куќи. Првите четири родови се сметаат како родови со непознато потекло, додека родот Џвановци водат потекло од селото Жван.[3]

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Јанчевци (26 к.), Гајтановци (9 к.), Ѓоновци (15 к.), сите не си го знаат потеклото; Кацуровци (3 к.); Џвановци (18 к.), доселени од селото Жван.[4]

Општествени установи

уреди
 
Споменикот на НОБ во селото
  • Поранешна пошта

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Иванчишта, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Ехлоец, Извор, Кленоец, Малкоец и Попоец.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0767 според Државната изборна комисија, сместено во приватен објект.[18]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[19] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[20]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[21]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[22]
Споменици
Реки[23]

Личности

уреди
Родени во Иванчишта

Иселеништво

уреди

Од селото имало повремено иселување на населението. Родот Ивановци (13 к.) во кичевското село Премка е доселен од Иванчишта. По Втората светска војна, иселувањата започнале кон градовите Кичево и Скопје.[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 134. Посетено на 21 јануари 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 94–95.
  4. 4,0 4,1 „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
  5. Македония и Одринско (1893-1903). Мемоар на Вътрешната организация, 1904, с. 152.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 35.
  10. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 75.
  11. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  12. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 јануари 2019.
  13. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  14. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  15. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  16. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  17. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 јануари 2019.
  19. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 21 јануари 2019.
  20. „Референдум 2018“. Посетено на 21 јануари 2019.[мртва врска]
  21. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  22. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  23. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 29. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  24. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 877–882.
  25. 25,0 25,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 883–887.
  26. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди