Зоран Ставрески

(Пренасочено од Зоран Ставревски)

Зоран Ставрески (29 октомври 1964 во Охрид) — министер за финансии во периодот 2009 — 2016 година.[1]

Зоран Ставрески
Министер за финансии
На должноста
8 јули 2009 – 14 јуни 2016
Премиер Никола Груевски
Емил Димитриев
Претходник Трајко Славески
Наследник Кирил Миноски
Вицепремиер
На должноста
28 август 2006 – 14 јуни 2016
Лични податоци
Роден(а) 29 октомври 1964(1964-10-29)(60 г.)
Охрид, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Професија економист
Вероисповед православен христијанин

Животопис

уреди

Дипломирал на Eкономскиот факултет во Скопје во 1987 година, а магистрирал 1997 година на истиот факултет на тема „Избор на оптимална монетарна стратегија и инструменти - случајот на Република Македонија“.

Ставрески зад себе има десетгодишно искуство во развојни политики, со фокус на јавниот сектор и макроекономска политика и петгодишно практично искуство на дијалог и економска соработка меѓу меѓународните финансиски инститиуции и развојните организации и Македонија.

Пред да стане член на владата на Никола Груевски работел во Светската банка, каде од февруари 2006 година бил водечки економист за развојни политики во одделението за операциони политики и услуги за земјите членки. Од јули 2009 година, по разрешувањето на дотогашниот министер за финансии Трајко Славески, бил избран за министер за финансии.

Наводи

уреди
  1. „vicepremier.gov.mk“. Архивирано од изворникот на 2014-09-15. Посетено на 2021-08-12.

Надворешни врски

уреди
Политички функции
Претходник
Трајко Славески
Министер за финансии на Македонија
8 јули 200914 јуни 2016
Наследник
Кирил Миноски