Кубизам
Кубизмот е сликарски правец настанат во Франција во 1907 година, а произлезен од тезата на Пол Сезан дека сè што постои во природата може ликовно да биде претставено со основните форми (коцка, топка, цилиндар, пирамида итн.). Основоположници на кубизмот се Жорж Брак и Пабло Пикасо.
Одлики на кубизмот
уредиКубизмот е фокусиран на проблемот на „објектот“ кој треба да се реконструира, спротивно на расплинатоста и непостојаноста на импресионистичките површини. Потребно е да се елиминира сè што се потпира на субјективност или на одредено и цврсто гледиште, со цел да се дојде до целокупни, поимни, потполни варијанти на формата („Ако чувствата деформираат, само духот формира“). Или Пикасовата изјава „Ги сликам предметите како ги замислувам, а не како ги гледам“, ја дополнува претходната теза.
Во кубизмот е присутно влијанието на црнечката уметност, а основа е коцката. Кубистите на сликите истовремено го прикажуваат она што во реалноста можеме да видиме само непрекинато. Името „кубизам“ го вовел Анри Матис кој за пејзажите на Жорж Брак рекол: „гледај натрупани коцки (англиски: cubes)“. Значаен претставник на кубизмот е и шпанскиот сликар Хуан Грис (Хосе Викториано Гонсалес-Перес), како и плеада на кубисти од Чешка.
Во книгата „Историја на современата архитектура“, Бруно Цеви вели дека времето како четврта димензија влегло во сликарството дури со кубизмот, кој преку уништувањето на третата димензија (волуменот) овозможува предметот да се набљудува истовремено од повеќе страни.[1]
Наводи
уреди- ↑ Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 96.
Оваа статија поврзана со уметноста е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |