Истополов брак
Истополов брак — државно, општествено или религиозно признаен брак во кој сопружниците се од исти пол и живеат заедно во семејство. Други изрази кои го имаат истото значење се „еднаков брак“. Борците за правата на хомосексуалците особено го користат изразот „еднаков брак“, за да ја нагласат еднаквоста на бракот меѓу истите и различните полови.
До денес, 35 земји го имаат законски овозможено склучувањето на граѓански брак помеѓу исти полови:
- Холандија (2001)
- Белгија (2003)
- Шпанија (2005)
- Канада (2005)
- ЈАР (2006)
- Норвешка (2009)
- Шведска (2009)
- Португалија (2010)
- Исланд (2010)
- Аргентина (2010)
- Данска (2012)
- Бразил (2013)
- Франција (2013)
- Уругвај (2013)
- Нов Зеланд (2013)
- Луксембург (2015)
- САД (2015)
- Ирска (2015)
- Колумбија (2016)
- Финска (2017)
- Малта (2017)
- Германија (2017)
- Австралија (2017)
- Австрија (2019)
- Тајван (2019)
- Еквадор (2019)
- Обединето Кралство (2020)
- Костарика (2020)
- Чиле (2022)
- Швајцарија (2022)
- Словенија (2022)
- Куба (2022)
- Мексико (2022)
- Андора (2023)
- Естонија (2024)