Рембрант
Рембрант Херменсон ван Рајн (холандски: Rembrandt Harmenszoon van Rijn; 15 јули 1606 или 1607 – 4 октомври 1669) — веројатно највлијателниот холандски сликар и еден од најголемите сликари во европската историја на уметноста. Рембрант исто бил умешен печатар и нацртал многу цртежи. Неговите придонеси во уметноста се случиле во текот на златното време на холандското сликарство (за време на XVII век) кога холанѓаните го достигнале зенитот на нивната моќ низ светот, нивното политичко влијание, наука, трговија и култура (особено во сликарството).
Рембрант Херменсон ван Рајн | ||
Роден | Rembrandt Harmenszoon van Rijn 15 јули 1606 Лајден, Холандија | |
---|---|---|
Починал | 4 октомври 1669 Амстердам, Холандија | |
Занимање | сликар | |
Сопружник | Саскија Хендрикје (неформално) | |
Татко | ||
Родители | Harmen Gerritsz van Rijn and Neeltgen Willemsdr van Zuytbrouck | |
Деца | Rumbartus, Hendrickje, Titus, Cornelia, Cornelia |
Во биографскиот речник Чемберс пишува: „Ниеден уметник немал толкава комбинација на способности, енергија и сила“. „Неговиот однос спрема човештвото е полн со човечко сочувство и емоции“ (Џ. О. Торн: 1962).
Творештво
уредиЕдинственото познато објаснување од самиот Рембрант за што тој се обидувал да постигне со неговата уметност е пронајдено во писмо кон еден од неговите патрони. Во него Рембрант напишал: „најдоброто и најприродното движење“ (на холандски „die meeste ende di naetuereelste beweechgelickheijt“). Дали тоа се однесува на материјална цел или нешто друго е оставено отворено за интерпретација. Во секој случај, Рембрант беспрекорно ги составувал материјалното и духовното како ниеден друг уметник во западната уметност.[1].
Рембрант создал повеќе од 600 слики, 300 графики и 2.000 цртежи. Тој бил мошне продуктивен сликар на автопортрети и создал скоро стотина (вклучувајќи и 20 графики) низ неговата долга кариера. Овие авто-портрети ни даваат мошне јасна слика за Рембрант, неговиот изглед и уште побитно, неговото битие што може да се осознае во неговото разбраздено лице.
Битни карактеристи на творештвото на Рембрант се: светлосенка (кјароскуро), техника на користење на драматичен контраст на светло, сенки и темница која што Рембрант ја адаптирал од техниката на Караваџо; драматично и живо претставување на неговите субјекти без крута формалност која што била типична за тогашните сликари; длабоко сочувство за човекот без разлика на човековата старост и имотна состојба.
Во неговите дела кои често биле со митолошка, библиска или историска тематика, Рембрант често ја насликувал најблиската фамилија: неговата прва жена Саскиа, синот Титус и неговата неформална жена Хендрикје.
Автопортрети
уреди-
Младиот Рембрант, c. 1628, кога имал 22. Делумно вежба во киараскуро. Државен музеј (Амстердам)
-
„ Авто-портрет во Гаркет “, Германски Националенмузеј , Нирнберг
-
„Автопортрет“ 1630, Национален Музеј, Стокхолм
-
„ Автопортрет со кадифе Берет и Фуред мантија 1634 година
-
Автопортрет на 34 години, 1640, Национална Галерија, Лондон
-
Автопортрет, Виена c. 1655, Уметничкоисториски музеј (Виена),
Влијание
уредиВо песната „Светилници“, францускиот поет Шарл Бодлер го опејува Рембрант како „тажна болница каде тивкиот народ блада“.[2]
Наводи
уреди- ↑ Hughes 2006, стр. 6 .
- ↑ Шарл Бодлер, Цвеће зла. Београд: Култура, 1970, стр. 18-19.
Извори
уреди- Hughes, Robert (2006), "The God of Realism", The New York Review of Books (Rea S. Hederman) 53 (6)
Надворешни врски
уреди„Рембрант“ на Ризницата ? |
- Рембрант ван Рајн во „Историја на Уметноста“ Архивирано на 18 јули 2007 г.
- Четврт Амстердамски Период[мртва врска]
- Прв Амстердамски Период Архивирано на 23 јуни 2006 г.
- Рембрант ван Рајн во галерија на Олга 192 големи слики
- Рембрант ван Рајн: Живот и Дело детаљни информации за големиот холандски сликар Рембрант ван Рајн со повеќе од 500 слики во висока резолуција од неговите насликани дела, графики, цртежи и автопортрети
- Куќата на Рембрант во Амстердам
- Рејк музејот во Амстердам Архивирано на 8 ноември 2004 г.
- Рембрант компјутерски тапети Најразлични дела на Рембрант во форма на компјутерски тапети во висока резолуција
- Artcyclopedia има долг список на музеи кои ги изложуваат делата на Рембрант.
- Истражувачки проект за Рембрант
- Избор на слики од Рембрант Архивирано на 30 април 2007 г.
- Веб Музеј Париз: Многу слики на Рембрант скенирани во висока резолуција
- Архива седум слики во висока резолуција
- УК Беркли Уште една колекција на слики
- Автопортрети
- Разглобување на погледот на Рембрант
- Журнал на Медицина на Нова Англија Архивирано на 31 декември 2008 г. 16 септември 2004.
- Дали Рембрант не можел да гледа во стерео? Архивирано на 7 септември 2009 г.
- Рембрант ван Рајн, Сите Врски Архивирано на 28 јули 2014 г.
- Уметничка Веб Галерија Автопортрети во хронолошки ред.
- Rembrandt.startpagina.nl