Никос Захаријадис
Никос Захаријадис (Одрин, 27 април 1903 - Сургут, 8 август 1973) бил генерален секретар на Комунистичката партија на Грција од периодот од 1931 година до 1957 година.[1][2]
Никос Захаријадис | |
---|---|
Фотографија на Захаријадис | |
Роден(а) | 27 април 1903 Одрин, Османлиско Царство |
Починал(а) | 1 август 1973 Сургут, Руска СФСР, Советски Сојуз | (возр. 70)
Почивалиште | Атина |
Животопис
уредиВо 1913 година се преселил во Солун, а потоа во Никодимија каде што завршил седмокласно основно училиште, а потоа се запишал на одринската гимназија. Во 1919 пристигнал во Цариград и работел како физички работник. Во 1922-1923 работел во Советскиот Сојуз кога и се зачленил во КПСС.
Со размената на населението помеѓу Турција и Грција во 1924 година, семејството на Захаријадис се преселило во Грција. Го посетувал Комунистичкиот универзитет за народите на Источна Европа (КУТВЕ) во Москва, а 1924 се вратил во Грција и раководел со партиски организации во Солун, Пиреја, Волос и Атина. Во 1931 година Комунистичката интернационала го поставила за секретар на ЦК КПГ и многу бргу неа ја претворил во партија од сталинистички тип.[1][3]
Ја прифатил паролата на Коминтерната за независноста на Македонија и на Тракија, но во 1935 ја напуштил и го прифатил стабот за рамноправност на македонското малцинство во рамките на грчката држава. На Шестиот конгрес на КПГ (декември 1935) е избран за генерален секретар на ЦК КПГ. Во 1936 го затвориле и во 1941 е предаден на Германците кои го интернирале во логорот „Дахау“. Во 1945 бил ослободен и на 31 мај 1945 се вратил во Грција и повторно застанал на чело на КПГ. На негов предлог, Вториот пленум на ЦК КПГ (12 февруари 1946) решил да поведе оружена борба против грчката десница. Во август 1948 станал претседател на воениот совет на ДАГ. По поразот на ДАГ емигрирал во источноевропските земји од каде што раководел со КПГ. Во 1955 дошол во судир со новото раководство на КПСС, поради што бил суспендиран од сите функции и интерниран.[1]
Во однос на македонското национално прашање ја претставувал грчката национална ориентација (прагматична струја), т.е. македонското прашање да се стави во служба на за грчките национални интереси и да е сообрзено со т.н. класни интереси на грчкиот пролетеријат.[1][4][5]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 187–188. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Без Вина Виновни (PDF). Торонто, Канада: Risto Stefov Publications. December 20, 2019. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „ЗАХАРИАДИС НИКОС — информация на портале Энциклопедия Всемирная история“. w.histrf.ru. Архивирано од изворникот на 2021-05-06.
- ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 559. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ Егејска Македонија во НОБ. Скопје. 1983. На
|first=
му недостасува|last=
(help)
Оваа статија личност од Грција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |