Отвори го главното мени

Дариј III Кодоман, родено име Кодоман, (ц. 380 - 330 п.н.е.), бил последниот крал од династијата Ахемениди, владетели на Персија. Владеел од 336 п.н.е. до 330 п.н.е., кога бил симнат од власт за време на освојувањата на Александар III Македонски.

Дариј III
Шах на Персија
[[File:Meister der Alexanderschlacht 003.jpg|frameless|alt=]]
детал со Дариј III од Александровиот мозаик
ПочивалиштеПерсеполис
ПретходникАртаксеркс IV Арс
НаследникАлександар Македонски
ДинастијаАхемениди
Монета со ликот на Дариј III

По убиството на кралот Артаксеркс III во 338 п.н.е. и неговиот син Артаксеркс IV во 336 п.н.е. од страна на амбициозниот хилиарх Багој, тој сакал да постави нов монарх кој би бил полесен за контролирање. Тој го одбрал Кодоман, далечен роднина на кралското семејство кој се истакнал во бој со ветерани во војната против Кадусиите [1] и во ова време служел како царски курир [2]. Кодоман бил син на Арсам, син на Остан, еден од браќата на Артаксеркс и Сисигамба, ќерка на Артаксеркс II.

Кодоман го избрал кралското име Дариј III и набргу ја покажал својата независност од неговиот атентаторски добродетел. Багој пробал да го отруе, но Дариј бил предупреден и затоа го натерал сам да си го испие отровот.[3] Новиот крал сега владеел со нестабилна империја, од која големи делови биле управувани од завидливи и превртливи сатрапи, а народот бил незадоволен и бунтовнички настроен.

Во 336 п.н.е. Филип II Македонски бил ополномоштен од Коринтскиот сојуз како негов хегемон да започне света одмаздничка војна против Персијците како казна за нивното палење на атински храмови за време на Втората персиска војна. Филип пратил напредни сили во Мала Азија под водство на генералите Парменион и Атал за да ги ослободат Грците од персискиот јарем. По заземањето на грчките градови кои се протегале од Троја до реката Мајандер, Филип бил убиен и походот бил прекинат додека неговиот наследник Александар Македонски не ја зацврстил контролата врз Македонија и Грција.

Пролетта 334 п.н.е. Александар Македонски извршил инвазија на Мала Азија со неговите македонско-грчки сили и веднаш ја поразил Персија во Битката кај Граник. Во 333 п.н.е. самиот Дариј тргнал на бојното поле да го пресретне Александар, но иако многу поголема, неговата војска била поразена во Битката кај Ис, а Дариј бил приморан да бега, оставајќи ги зад себе неговата двоколка, неговиот логор и неговото семејство. Во 331 п.н.е., сопругата-сестра на Дариј, Статира I, која била добро третирана,[4] умрела во заробеништво пораѓајќи се.[5]

Во септември истата година, по одбивањето на понудите на примирје, Александар повторно го поразил Дариј во Битката кај Гавгамела, кога неговиот возач бил убиен и Дариј бил исфрлен од рамнотежа, што предизвикало огромен метеж кај персиската војска, бидејќи војниците сметале дека кралот бил убиен. Потоа Дариј пребегал во Екбатана за да почне да собира трета војска, додека Александар го зазел Вавилон, Суза и престолнината Персеполис.

Дариј бил симнат од неговиот сатрап Бес, кој зел кралско име Артаксеркс V, а потоа и убиен по негова наредба во јули 330 п.н.е., за да го забави Александровиот поход, и покрај строгата наредба на Александар Дариј да биде доведен жив. Подоцна Александар приредил величествен погреб за Дариј и се оженил со неговата ќерка Статира II кај Опис во 324 п.н.е. Според историчарот Плутарх, Александар исто така зел и еден од катамитите на Дариј, евнухот Багој.[6]

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. Јустин 10.3; cf. Диод. 17.6.1-2
  2. Плутарх, Животот на Александар 18.7-8, Прва орација на среќата или доблеста на Александар 326.D
  3. Диодор 17.5.6
  4. Плутарх, Животот на Александар 21.2-5
  5. Плутарх, Животот на Александар, 30.1
  6. Куртиј, VI.5.23.