Вера Чејковска (Скопје, 16 октомври 1954 - Скопје, 19 ноември 2018) — македонски поет, есеист, физичар, сеизмолог и раководител на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, член на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот П.Е.Н. центар (секретар од 2006 до 2008 година), како и на Друштвото на физичарите на Македонија.

Вера Чејковска
Родена 16 октомври 1954
Скопје, НР Македонија СР Македонија
Починала 19 ноември 2018
Скопје, Македонија Македонија
Занимање поет и сеизмолог

Животопис

уреди

Родена е на 16 октомври 1954 година во Скопје. Завршила Природно-математички факултет во Скопје. Постдипломски студии по Физика на внатрешноста на земјата завршила во Загреб. Работела во Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Таа била членка на ДПМ од 1987 година. Нејзините научни трудови (на македонски, српски, хрватски или англиски) вклучуваат монографии, статии и енциклопедиски одредници од сеизмологијата. Во домашни списанија, антологии и други изданија објавени се нејзини книжевни есеи и есеи на врската меѓу науката и уметноста, како и книжевни или научни преводи од англиски, руски, српски и бугарски јазик. Била уредник во неколку македонски книжевни списанија и научни изданија. Ги добила македонските поетски награди: „Млада Струга“ - 1976, „Кочо Рацин“ - 1992, „Ацо Шопов“ - 2007, „Браќа Миладиновци“ - 2014.

Починала во Скопје по тешко и долго беледување на 19 ноември 2018 година.[1]

Книжевно творештво

уреди
на македонски јазик
  • Човек и врата (Скопје: Сојуз на литературните дружини и клубови на младите од СР Македонија, едиција АЛФА, 1975);
  • Множење на словото (Скопје: Наша книга, 1986);
  • Опит (Скопје: Македонска книга, 1992);
  • Отсуството на Благиот (Скопје: Македонска книга, 1993 7 избор);
  • Рабови (Скопје: Матица македонска, 2007);
  • Отсуството на Благиот II (Битола, Микена, 2008 7 избор, 78-ми том од проектот „Македонска книжевност“);
  • Моите веди (Скопје: Дијалог, 2013).
на албански јазик
  • Leximi i drité's (Читање на светлината; Скопје: Бата прес, 2000).
на англиски јазик
  • The Absence of the Mild One (Отсуството на Благиот; Skopje: St. Clement of Ohrid, National and University Library, 2011 7 78-ми том од преведувачкиот проект “Macedonian Literature in English”).

Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]

Наводи

уреди
  1. IN MEMORIAM: Почина Писателката Вера Чејковска
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 123-126.