Горан Богдан (хрватски: Goran Bogdan; р. 2 октомври 1980 во Широки Бриег) — хрватски театарски, филмски и телевизиски актер. Основно и средно образование стекнал во родниот град, потоа се запишал на Економскиот факултет во Загреб. Паралелно студирал и Сообраќаен факултет, на кој завршил три години од студиите. На Академијата за драмски уметности во Загреб се запишал во 2005 година, а дипломирал во 2012.

Горан Богдан
Goran Bogdan
Роден(а)2 октомври 1980(1980-10-02)(44 г.)
Лиштица, СР Босна и Херцеговина, СФР Југославија
ЖивеалиштеЗагреб, Хрватска
Националностхрватско
Занимањеглумец
Активен период2005–до денес

Животопис

уреди

Роден е на 2 октомври 1980 година во Широки Бриег. Неговиот татко Шимун бил професор на Машинскиот факултет во Мостар, а мајка му Мила, била професорка по математика во Средното машинско училиште во Широки Бриег.

Во Загреб ја започнал својата глумечка кариера играјќи во културниот центар Пешченица. Горан Богдан е еден од најбараните и најпопуларни хрватски театарски, телевизиски и филмски глумци. Остварува значајна кариера не само во Хрватска туку и во странство.[1]

Во 2010 година станал член на ансамблот на Загрепскиот театар за млади (Загребачко казалиште младих) остварувајќи поголем број истакнати улоги: Хамлет, Коко во Париз, Пат околу светот за 80 дена, Гуливеровите патувања и други.[2] Има реализирано и повеќе телевизиски и филмски улоги, истакнувајќи се пред сè со улогите во филмовите Соња и бикот (2012), Некои други приказни, (2010), како и улогата во серијата - Сенките над Балканот.

Покрај кариерата во Хрватска, започнал да игра и во странство - во Франција и во Велика Британија.

Филмографија

уреди

Телевизиски улоги

уреди

Филмски улоги

уреди

Наводи

уреди
  1. Goran Bogdan/
  2. „Postavi pitanje omiljenom glumcu/“. Архивирано од изворникот на 2019-03-30. Посетено на 2019-03-30.
  3. TV and Film roles/
  4. Goran Bogdan - Filmografija/
  5. Goran Bogdan IMBd/

Надворешни врски

уреди