Том Пети
Томас Ерл Пети (англ. Thomas Earl Petty; 20 октомври 1950 – 2 октомври 2017) ― американски пејач, текстописец и гитарист. Тој бил водач на рок-групите Tom Petty and the Heartbreakers и Mudcrutch, а кон крајот на 1980-тите бил член на супергрупата „Traveling Wilburys“. Тој имал и успешна соло-кариера.
Том Пети | |
---|---|
Том Пети на настап во Данска во 2012 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Томас Ерл Пети |
Познат(а) и како |
|
Роден(а) | 20 октомври 1950 Гејнсвил, Флорида, САД |
Починал(а) | 2 октомври 2017 Санта Моника, Калифорнија, САД | (возр. 66)
Жанрови |
|
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1967–2017 |
Издавачи | |
Мреж. место | tompetty.com |
За време на својата кариера, Пети продал преку 80 милиони албуми. Негови најпознати песни со Heartbreakers се: „American Girl“ (1976), „Don't Do Me Like That“ (1979), „Refugee“ (1980), „The Waiting“ (1981), „Don't Come Around Here No More" (1985) и "Learning to Fly" (1991). Како соло-пејач негови најпопуларни песни се: вклучуваат „I Won't Back Down" (1989), „Free Fallin'" (1989) и „You Don't Know How It Feels" (1994).
Пети, заедно со неговата група Heartbreakers, бил примен во Куќата на славните на рокенролот во 2002 година. Во февруари 2017 година MusiCares го прогласила Пери за личност на годината за неговиот придонес во музиката и за неговата филантропија.[1] Тој бил и гласовен глумец; го позајмил гласот на Лаки Клајншмит во анимираната хумористична серија Крал на ридот која се емитувала од 2004 година до 2009 година.[2]
Пети починал од случајно предозирање со лекови во 2017 година на 66-годишна возраст, една недела по завршувањето на турнејата по повод 40-годишнината од основањето на Heartbreakers.[3]
Живот и кариера
уредиПети е роден на 20 октомври 1950 година во Гејнсвил, Флорида.[4] [5] [6]
Интересот на Пети за рокенрол-музика започнал на десетгодишна возраст кога имал можност да го запознае Елвис Пресли.[7] Летото 1961 година, неговиот чичко работел на снимањето на филмот со Пресли, Follow That Dream, во блиското гратче Окала, и го поканил Пети да го гледа снимањето на филмот.[8]
Во 2006 година, Пети рекол дека знаел дека сака да стане дел од музичка група во моментот кога ги гледал Битлси на Шоуто на Ед Саливан во 1964 година.[9] „Бев голем обожавател на Елвис. Но, со Битлси навистина видов нешто што можам да направам. Знаев дека можам да го направам тоа. Не помина долго пред да се појават гаражни групи насекаде.“[10] [5]
Во 1970 година ја основал групата Mudcrutch. Нивниот единствен сингл, „Depot Street“, издаден во 1975 година од Shelter Records, не успеал да се најде на топ листите.[11] По распаѓањето на Mudcrutch, тој во 1976 година ја основал рок-групата The Heartbreakers, која истата година издала истоимен албум. Том Пети почнал да стекнува популарност во Велика Британија, каде што критичарите го вклучиле во „новиот бран“, а самиот Пети инсистирал на тоа дека неговите дела се логично продолжение на наследството на Бирдс и Ролинг Стоунс.
Третиот албум на неговaта група, Damn the Torpedoes (1979), стигнал до второ место на топ-листата во САД и останал на прво место во ОК до објавувањето на легендарниот албум „The Wall“ од Пинк Флојд. Во 1981 година, бил објавен дуетот на Пети со Стиви Никс од Флитвуд Мек, „Stop Draggin' My Heart Around“.[12] Музичките критичари го споредувале Пети со: Боб Дилан, Нил Јанг и Брус Спрингстин. Во 1985 година, Том Пети и Heartbreakers учествувале на Live Aid во Филаделфија пред публика од 89.484 луѓе.
Во 1988 година, Пети, заедно со Џорџ Харисон, Боб Дилан, Рој Орбисон и Џеф Лин, бил основачки член на Traveling Wilburys. Во 1989 година, со поддршка на The Heartbreakers и пријателите од The Traveling Wilburys, Пети го издал неговиот прв соло-албум Full Moon Fever (трето место на Билборд 200), а најголем хит од албумот била песната „Free Fallin“ (7-мо место на Billboard Hot 100).
Вториот соло-албум (Wildflowers) го објавил во 1994 година, а третиот (Highway Companion) 12 години подоцна; и двата албума биле успешни. Во тој период, Пети бил познат по неговите критики на американскиот шоубизнис. Причината за кризата во рок-музиката ја видел во комерцијализацијата на радио станиците и исчезнувањето на независните преносни мрежи.
Во 1997 година, тој имал мала улога како градоначалник на еден мал град, односно камео, во филмот од Кевин Костнер „Поштарот“. Во 2002 година, гласовно се глумел себеси во епизодата од Симпсонови „Како го поминав мојот одмор“ . Од 2004 до 2009 година, позајмувал глас на спореден лик во анимираната серија „Крал на ридот“.
Во 2010 година, бил објавен албумот Mojo (со Heartbreakers), а на почетокот од 2014 година, Пети го најавил објавувањето на 13-тиот студиски албум на групата, Hypnotic Eye. Албумот бил објавен на 29 јули 2014 година.
На 2 октомври 2017 година, Пети бил пронајден во несвест во неговиот дом во Малибу. Лекарите утврдиле дека доживеал срцев удар од предозирање.[13] [14] [15] Музичарот бил пренесен во болница, каде што починал .
Во декември 2023 година, песната од Пети „Love Is a Long Road“ од албумот Full Moon Fever била искористена во првиот трејлер за Grand Theft Auto VI. Трејлерот добил над 90 милиони прегледи на YouTube во првите 24 часа. Поради ова огромно зголемување на популарноста, песната доби речиси 1 милион прегледи на YouTube во истиот временски период и забележала пораст од 36.979% во преносите на Spotify.
Дискографија
уредиСо Heartbreakers
уреди- Tom Petty and the Heartbreakers (1976)
- You're Gonna Get It! (1978)
- Damn the Torpedoes (1979)
- Hard Promises (1981)
- Long After Dark (1982)
- Southern Accents (1985)
- Let Me Up (I've Had Enough) (1987)
- Into the Great Wide Open (1991)
- Songs and Music from "She's the One" (1996)
- Echo (1999)
- The Last DJ (2002)
- Mojo (2010)
- Hypnotic Eye (2014)
Со Traveling Wilburys
уреди- Traveling Wilburys Vol. 1 (1988)
- Traveling Wilburys Vol. 3 (1990)
Соло
уреди- Full Moon Fever (1989)
- Wildflowers (1994)
- Highway Companion (2006)
Со Mudcrutch
уреди- Mudcrutch (2008)
- 2 (2016)
Постхумно
уреди- An American Treasure (2018)
- The Best of Everything (2019)
- Wildflowers & All the Rest (2020)
- Finding Wildflowers: Alternate Versions (2021)
- Angel Dream (Songs and Music from the Motion Picture 'She's the One') (2021)
- Live at the Fillmore 1997 (2022)
Наводи
уреди- ↑ „2018 MusiCares Person of the Year: Fleetwood Mac“. Grammy.org. July 28, 2015. Архивирано од изворникот на November 5, 2016. Посетено на October 8, 2017.
- ↑ Thompson, Simon (October 2, 2017). „Tom Petty: His Legacy In Film And TV“. Forbes. Архивирано од изворникот на October 3, 2017. Посетено на October 3, 2017.
- ↑ „Tom Petty, Rock And Roll Hero, Dies At 66“. Grammy.com. Посетено на March 11, 2023.
- ↑ Sweeting, Adam (October 3, 2017). „Tom Petty obituary“. The Guardian. Архивирано од изворникот на January 10, 2018. Посетено на January 10, 2018.
- ↑ 5,0 5,1 „Tom Petty: Music Producer, Guitarist, Songwriter, Singer (1950–2017)“. Biography.com (FYI / A&E Networks). Архивирано од изворникот на October 3, 2017. Посетено на October 2, 2017. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „biography.com“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ DeYoung, Bill (July 27, 2004). „Tom Petty, Musician“. The Gainesville Sun. Архивирано од изворникот на October 3, 2017. Посетено на October 3, 2017.
- ↑ Sager, Mike (June 30, 2006). „What I've Learned: Tom Petty“. Esquire. Архивирано од изворникот на March 27, 2008. Посетено на April 12, 2008.
- ↑ Dean, Bill (August 16, 2007). „Tom Petty's Life Changed When He Met Elvis“. Gainesville Sun. Архивирано од изворникот на October 9, 2017. Посетено на April 12, 2008.
- ↑ „Tom Petty Knows 'How It Feels'“. Fresh Air. NPR. July 27, 2006. Архивирано од изворникот на April 8, 2008. Посетено на April 12, 2008.
- ↑ Crandall, Bill (February 6, 2014). „10 Musicians Who Saw the Beatles Standing There“. CBS News. Архивирано од изворникот на February 7, 2014. Посетено на January 13, 2019.
- ↑ Greenberg, Rudi (June 7, 2016). „Tom Petty Turned Back the Clock with Mudcrutch at the 9:30 Club in D.C. on June 6“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на October 4, 2017. Посетено на October 3, 2017.
- ↑ Beviglia, Jim (February 10, 2016). „Behind The Song: Stevie Nicks with Tom Petty and the Heartbreakers“. American Songwriter. Архивирано од изворникот на October 3, 2017. Посетено на October 3, 2017.
- ↑ Gonzales, Richard (January 19, 2018). „LA Coroner: Tom Petty's Death Was Due To An Accidental Overdose“. NPR. Архивирано од изворникот на January 15, 2022. Посетено на July 19, 2022.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Том Пети — AllMusic (англиски)
- Пети Том Пети на Discogs (англиски)
- Том Пети на Семрежната филмска база на податоци (англиски)