<< октомври >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05
06 07 08 09 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31
2024

19 октомври — 292-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (293-и во престапна година). Остануваат 73 денови до крајот на годината.

Настани:

202 п.н.е.  Во Битката кај Зама, Римјаните предводени од Скипион Африканецот извојувале конечна победа против Картагинците и Ханибал во Втората пунска војна.
1453  Французите го освоиле Бордо со што завршила Стогодишната војна. Под англиска власт на француска земја останал само градот Кале на Ламанш.
1469  Фердинанд II од Арагон се оженил со Изабела I Кастиљска што било почеток на обединувањето на Арагон и Кастиља во една земја — Шпанија.
1512  Мартин Лутер станал доктор по теологија (лат. Doctor in Biblia).
1812  Наполеон почнал да се повлекува од Москва.
1935  Лигата на народите изгласа санкции против фашистичка Италија поради нападот врз Етиопија.
1944  Втора светска војна: трупите на САД се истоварија на Филипинските острови. Филипини целосни се ослободени од јапонската окупација во мај 1945 година. По завршувањето на војната, на 4 јули 1946 г. е прогласена независна Република Филипини.
1994  Рускиот премиер Виктор Черномирдин поднел писмо до претседателот Борис Елцин, во кое побарал да биде ослободен од должноста поради нарушено здравје.
2002  Во Тетово е убиен 18-годишниот Ванчо Јосифовски од страна на албански паравоени банди.
2003  Папата Јован Павле II со свечената процесија што се одржа на плоштадот Свети Петар во Рим, ја беатифицира, односно прогласи за блажена Мајка Тереза, што е последен чин пред нејзиното прогласување за светица.

Родени:

1735  Џон Адамс — втор претседател на САД (1797 - 1801).
1915  Кирил Симоновски - Џина — македонски и југословенски фудбалер.
1921  Гунар Нордал — шведски фудбалер.
1924  Владимир Брезовски — македонски историчар.
1928  Борисав Јовиќ — српски и југословенски политичар.
1945  Ангус Дитон — шкотско-американски економист, добитник на Нобеловата награда за економија.
1951  Фрањо Владиќ — босански и југословенски фудбалер.
1956  Јасна Мердан Колар — југословенска ракометарка.
1962  Евандер Холифилд — американски боксер.
1978  Руслан Чагаев — узбекистански боксер.

Починале:

1745  Џонатан Свифт — најголем англиски сатиричар, еден од најостроумните критичари на човековата природа и на општествените процеси.
1984  Анри Мишо — белгиско-француски писател и сликар.
1995  Дон Чери — американски џез-музичар.
2003  Алија Изетбеговиќ — претседател на Босна и Херцеговина.