Хенри VI (6 декември 1421 - 21 мај 1471) — крал на Англија во периодот од 31 август 1422 - 4 март 1461 година, како и во периодот од 31 октомври 1470 до 11 април 1471.[1]

Хенри VI
Крал на Англија

(првпат; (more...)
На престол31 август 1422 – 4 март 1461
Крунисување6 ноември 1429
ПретходникХенри V
НаследникЕдвард IV
РегентЈован Ланкастерски
Хамфри
Хенри Бофорт
Ричард Плантагенетски
Крал на Франција
На престол21 октомври 1422 – октомври 19 1453
Крунисување16 декември 1431
ПретходникШарл VI
НаследникШарл VII
крал на Англија

(вторпат на престолот)
На престол30 октомври 1470 – 11 април 1471
ПретходникЕдвард IV
НаследникЕдвард IV
Почивалиште
СопругаМаргарита де Анжу
ДецаЕдвард
ДинастијаДинастија Ланкастер
ТаткоХенри V
МајкаКатерина де Валоа
ПотписХенри VI's signature

Хенри VI бил единствениот син на Хенри V и Катерина де Валоа. Тој се оженил со Маргарита де Анжу во 1445 година, и имале еден син - Едвард. Хенри на престолот се качил уште како бебе, по смртта на својот татко, и бил објавен за крал на Франција и Англија. Додека да наврши полнолетство, со кралството управувале неговите чичковци. Владеењето на Хенри било одбележано со постојани војни и задржувањето на двете круни: англиската и француската.

Војната со Франција продолжила и понатаму, но по конфликтот со Јованка Орлеанка, војната преминала на француска земја. Јованка успеала да го спаси Шарл во 1429 година, кој подоцна станал крал на Франција под името Шарл VII, а Јованка Орлеанка била изгорена на клада од страна на англиските војници. По ова, во 1449 година Англија започнала да ги губи своите територии во денешна Франција. Така, во 1449 година паднал Бретан, 1450 паднала Нормандија, и во 1453 Гасконија. Стогодишната воијна завршила со Парискиот мировен договор од 1453 година. Според овој договор, Хенри VI ги загубил своите претензии кон францускиот престол, а англиското владеење во Франција останало само во Кале.

Истата година, во 1453 година, Хенри психички се разболел, кое пак го наследил генетично од страна на својот дедо Шарл VI. По ова, земјата била управувана од страна на Ричард, војвода од Јорк, кој бил избран за лорд. По оздравувањето на кралот, тој се вратил на неговото место, но т.н. Војна на розите продолжила помеѓу династиите Ланкастер и Јорк. Во 1460 година, поданиците на Јоркската династија успеале да го заробат на кралот и го принудиле идниот крал да биде наследен од страна на нивната династија. Сепак, тој успеал да побегне, и да ги нападне позициите на Јорк, но бил поразен во 1461 година. Така, синот на Ричард, Едвард, бил прогласен за крал на Англија под името Едвард IV, а хенри и неговата сопруга побегнале во Шкотска. Во 1465 година тие повторно биле заробени, и однесени во Лондонската кула. Хенри бил убиен на 21 мај 1471 година.

Хенри VI бил последниот крал на Англија од династија Ланкастер.

Наводи уреди

  1. Ciara.Berry (2016-01-14). „Henry VI (r.1422-1461 and 1470-1471)“. The Royal Family (англиски). Посетено на 2021-06-10.