Пол Валери
Пол Валери (30 октомври 1871 - 20 јули 1945), француски писател, еден од најголемите лиричари на Франција.
Животопис
уредиПол Валери е роден на 30 октомври 1871 година, во малото приморско место Сет. Денес, на вториот кат од градскиот музеј се наоѓа спомен-соба, посветена на Валери.[1]
Пол Валери имал ќерка - Агата Руар-Валери која живеела во Париз.[2]
Творештво
уредиНајпознати дела на Валери се поемите „Морнарски гробишта“ и „Младата Парка“, како и есеите „Вовед во методот на Леонардо да Винчи“ и „Танецот“.
Покрај со поезија, Валери се занимавал и со скулптура. Така, во неговата спомен-соба во градскиот музеј на Сет се наоѓаат три скулптури на Валери: неговиот лик, бистата на Стефан Маларме и бистата на Едгар Дега. По кажувањето на неговата ќерка, Валери ја направил скулптурата на Маларме десет години по неговата смрт, и тоа без да се послужи со никаква фотографија.[3]
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Paul Valéry“ на Ризницата ? |
- Centre for Valéry Studies at Newcastle University.
- Ressources sur Paul Valéry. Архивирано на 24 април 2006 г. (француски)
- The Graveyard By The Sea Архивирано на 23 декември 2017 г. poem
- The Footsteps poem
- Les Harpes Secretes Архивирано на 2 мај 2015 г. Paul Valery's book
- Crisis of the Mind essay
- Works by Paul Valéry (public domain in Canada)
- Essay on Paul Valery's Aesthetics
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |