Едвин ван дер Сар (29 октомври 1970) — поранешен холандски фудбалер, кој играл на позицијата голман.

Едвин ван дер Сар
Лични податоци
Полно име Едвин ван дер Сар
Роден на 29 октомври 1970(1970-10-29)(53 г.)[1]
Роден во Ворхаут, Холандија[2]
Држава Холандија Холандија
Висина &100000000000002010000002,01 м[3]
Играчки податоци
Позиција голман
Сегашен клуб Ајакс Ајакс (извршен директор)
Повлекување 2016 (46 г.)
Младинска кариера
ВВ Нордвајк
Ајакс Ајакс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990-1999 Ајакс Ајакс 226 (1)
1999-2001 Јувентус Јувентус 66 (0)
2001-2005 Фулам Фулам 127 (0)
2005-2011 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 186 (1)
2016 ВВ Нордвајк 1 (0)
Репрезентација
1995-2008 Холандија Холандија 130 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 23
19, 22 мај 2011 (UTC).
† Учества (Голови).

Тој играл за Ајакс, Јувентус, Фулам, Манчестер Јунајтед и ВВ Нордвајк и се смета за еден од најдобрите голмани во модерниот фудбал. Во својата неверојатно богата кариера тој освоил 26 титули, вклучувајќи и двапати Лигата на шампионите во сезоната 1994-1995 со Ајакс и 13 години подоцна со Манчестер Јунајтед.

Со 130 настапи за холандската репрезентација, Ван дер Сар е втор по бројот на настапи за Орање; тој долго бил на чело на оваа листа сè до 2017 година кога Весли Снејдер го престигнал. Својата репрезентација тој ја претставувал на три Светски (Светското првенство 1994, Светското првенство 1998, Светското првенство 2006) и четири Европски првенства (1996, 2000, 2004 и 2008).

Животопис уреди

Тој е оженет од 2006 година со Анемари ван Кестерен. Двојката има две деца: Џо, голман на РКЦ Валвајк роден во 1998 година, и Лин, родена во 2000 година.

Тој е амбасадор на фондацијата „Make-A-Wish“, добротворна организација која се грижи за болни деца

Клупска кариера уреди

Ван дер Сар ја започнал кариерата во ВВ Нордвајк, а на возраст од 19 години, тој го привлекол вниманието на тренерот Луј ван Гал, кој последователно го довел во Ајакс во 1990 година. Во овој клуб тој бранел речиси една деценија до 1999 година, помагајќи им на копјаниците да освојат четири холандски првенства, три титули во Купот на Холандија, три Суперкупа на Холандија, Лигата на шампионите во сезоната 1994-1995, Купот на УЕФА во сезоната 1991-1992, Суперкупот на УЕФА и Интерконтиненталниот куп.

Во 1999 година тој се преселил во италијанскиот Јувентус, за 17 милјарди италијански лири. Тој станал првиот не-италијански голман во историјата на Јувентус. Ван дер Сар бил прв избор на голот на Јувентус и во двете сезони во кои го носел дресот на клубот од Торино, но за жал без поголеми успеси. Во тие две сезони под водство на Карло Анчелоти, Јувентус двапати завршил втор во Серија А иако и во двата случаја имал најдобра одбрана во лигата, за што своеврстен придонес имал и Ван дер Сар. По доаѓањето во Јувентус на Џанлујџи Буфон во летото 2001 година (за рекордна трансфер - сума за голман), Ван дер Сар го загубил своето место во тимот и побарал заминување.

 
Ван дер Сар играјќи за Манчестер Јунајтед.

На 1 август 2001 година, тој потпишал за новиот член на англиската Премиер лига, Фулам, за 7 милиони фунти. Тој го бранел голот на Фулам од 2001 до 2005 година, од каде што потоа се преселил на Олд Трафорд за да игра за англискиот великан Манчестер Јунајтед за само 2 милиони фунти. За црвените ѓаволи бранел до 2011 година, помагајќи им да освојат четири титули во Премиер лигата, Лига купот, три ФА Комјунити Шилд натпреварувања, Лигата на шампионите во сезоната 2007-2008 и Светското клупско првенство 2008. Неговиот тогашен менаџер од Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон го нарекол Ван дер Сар најдобриот голман на Јунајтед од Петер Шмајхел.[4]

Во неговата кариера ван дер Сар бил награден со многу поединечни признанија, вклучувајќи го признанието за најдобар голман во Европа во 1995 и 2009 година, како и најдобар голман на УЕФА во 2009 година. Во сезоната 2008-2009, како голман на Манчестер Јунајтед, тој ја сочувал својата мрежа 1,311 минути без примен гол, со што поставил рекорд по бројот на минути без примен гол во Премиер лигата и избил на четврто место на светскиот список на голмани без примен гол. Исто така, тој е најстариот фудбалер во историјата на Премиер лигата со освоена титула, правејќи го тоа на 40 годишна возраст.

Неговиот последен натпревар во кариерата било финалето на Лигата на шампионите, одиграно на 28 мај против Барселона, во кое неговиот Манчестер Јунајтед бил поразен со 3-1.

Својата кариера ја завршил во 2011 година. Сепак, на 12 март 2016 година, ван дер Сар направил кратко враќање во фудбалот за да одигра еден натпревар за неговиот некогашен младински клуб ВВ Ноордвајк. Тој одиграл еден натпревар во аматерското петто ниво на Холандија, во кој одбранил пенал и примил еден гол во ремито 1-1 против Јодан Бојс.

Репрезентативна кариера уреди

Ван дер Сар бил дел од составот на Холандија на Светското првенство 1994 во САД, но не настапил на ниту еден натпревар.

Своето деби за холандската репрезентација го имал на 7 јуни 1995 година во квалификациски натпревар за Европското првенство 1996 против Белорусија. Тој бил на голот на репрезентацијата во три последователни елиминации од големите натпреварувања по изведување на пенали: Европското првенство 1996, Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000, од кои на последното Холандија била домаќин. Во квалификациите за Светското првенство 2002, Холандија не успеала да се квалификува откако завршиле како трети во квалификациската група, зад Португалија и Ирска.

Светско првенство 1998 уреди

Ван дер Сар бранел на сите натпревари на Холандија за време на Светското првенство 1998, каде што тие биле елиминирани од Бразил со 4-2 на пенали по ремито 1-1. Во натпреварот за третото место, Холандија загубила од Хрватска (1-2) и останала без медал.

Во четвртфиналето против Аргентина, Ван дер Сар имал жестока расправија со Ариел Ортега, откако Ортега се обидел да симулира пенал во шеснаесетникот на Холандија за што добил жолт картон; Аргентинецот потоа го удрил Ван дер Сар со глава за што добил уште еден жолт картон и бил исклучен. Набргу по црвениот картон на Ортега, Денис Бергкамп го постигнал победничкиот гол за Холандија во победата со 2-1.

Европско првенство 2000 уреди

Ван дер Сар ги започнал првите два натпревари на Холандија од групната фаза на Европското првенство 2000, но потоа претрпел повреда во завршната фаза од натпреварот против Данска, кој Холандија го добила со 3-0. Поради таа причина тој бил заменет од Сандер Вестервелд за последниот натпревар од групата против Франција.

Ван дер Сар се вратил во натпреварот од четвртфиналето, против СР Југославија но повторно беше заменет од Вестервелд во 65-тата минута, кога Холандија имала предност од 4-0. Ван дер Сар забележал уште една сува мрежа во полуфиналето против Италија, во ремито без голови, откако Франк де Бур и Патрик Клајверт двајцата не успеале да постигнат гол од пенал регуларното време од натпреварот. Така натпреварот отишол во изведување на пенали, каде иако Ван дер Сар го сопрел ударот на противничкиот капитен Паоло Малдини, Холандија постигнала само еден гол од нивните четири удари и загубила со 3-1.[5]

Ван дер Сар го завршил турнирот без да прими ниту еден гол, но бил изоставен од УЕФА „Тимот на турнирот“ во полза на французинот Фабиен Бартез и на италијанецот Франческо Толдо.[6]

Европско првенство 2004 уреди

Во натпреварот од четвртфиналето на Европското првенство 2004 против Шведска кое било решено по изведување на пенали, Ван дер Сар му го одбранил ударот на Олоф Мелберг, со што Холандија победила со 5-4 и се пласирала во полуфиналето,[7] каде што биле поразени од Португалија.[8]

Светско првенство 2006 уреди

 
Ван дер Сар на Евро 2008.

Пред натпреварот од групната фаза на Светското првенство 2006 против Брегот на Слоновата Коска, Ван дер Сар немал примено гол во девет последователни репрезентативни натпревари. Како капитен на Холандија на овој турнир, тој го соборил рекордот по бројот на настапи за својата земја - кој бил во сопственост на Франк де Бур - во осминафиналето против Португалија каде уште еднаш португалците биле подобри од Орање затворајќи ја за холанѓаните вратата кон четвртфиналето.[9][10]

Европско првенство 2008 уреди

 
Едвин ван дер Сар на тренинг со Холандија пред Евро 2008.

За време на својот 37-ми роденден, Ван дер Сар бил интервјуиран од страна на холандското Радио 538 и изјавил дека има намера да се пензионира од репрезентативниот фудбал по Европското првенство 2008.[11] Пред почетокот на турнирот, тој имал клучна улога во решавањето на долгогодишниот спор помеѓу напаѓачот Руд ван Нистелрој и селекторот Марко ван Бастен.[12] Тој ја сочувал својата мрежа сува во првиот натпревар на Орање на турнирот, импресивната победа од 3-0 над Италија на 9 јуни 2008 година. На 13 јуни тој имал важен придонес и во победата со 4-1 над Франција со која бил обезбеден пласманот во нокаут-фазата. Сепак одличниот впечаток кој репрезентацијата го оставила во групата бил тотално расипан на 21 јуни, кога Холандија била елиминирана од Русија во четвртфиналето со резултат 3-1.[13] Тоа бил 16-тиот настап за Ван дер Сар во натпреварите од Европските првенства, со кој го израмнил рекордот на Лилијан Тирам од само неколку дена претходно. Заедно со 22 други играчи Ван дер Сар бил избран во УЕФА „Тимот на турнирот“.[14] По ова првенство, Ван дер Сар станал човекот со најмногу изиграни минути на Европските фудбалски првенства.[15]

Квалификации за Светско првенство 2010 уреди

На 3 октомври 2008 година, на барање на новиот селектор Берт ван Марвајк, Ван дер Сар се согласил да се врати привремено на голот на Холандија, иако веќе го објавил своето повлекување од репрезентацијата. Сепак, поради повредите на првите двајца голмани Мартен Стекеленбурк и Хенк Тимер, тој бил повикан повторно во репрезентацијата за натпреварите против Исланд и Норвешка.[16] Ван дер Сар ја сочувал својата мрежата сува и во двата натпревари, кои Орање ги доби со 2-0 и 1-0. Својот последен репрезентативен натпревар, го имал на 15 октомври 2008 во победата со 1-0 над Норвешка во Осло. Тоа бил неговиот 130 настап, рекорд за некој холандскиот фудбалер, а со тоа влегол и во првите четириесет фудбалери со најмногу настапи за својата репрезентација на сите времиња.[17] Тој бил водач по бројот на настапи за Холандија до 2017 година, кога бил престигнат од Весли Снејдер.[18]

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Холандија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
7-6-1995 Минск Белорусија   1 – 0   Холандија Квал. за Евро 1996 -1
6-9-1995 Ротердам Холандија   1 – 0   Белгија Квал. за Евро 1996 -
11-10-1995 Та Кали Малта   0 – 4   Холандија Квал. за Евро 1996 -
15-11-1995 Ротердам Холандија   3 – 0   Норвешка Квал. за Евро 1996 -
13-12-1995 Ливерпул Холандија   2 – 0   Ирска Квал. за Евро 1996 -
24-4-1996 Ротердам Холандија   0 – 1   Германија Пријателска -1
4-6-1996 Ротердам Холандија   3 – 1   Ирска Пријателска -1
10-6-1996 Бирмингем Холандија   0 – 0   Шкотска Евро 1996 - Прва фаза -
13-6-1996 Бирмингем Швајцарија   0 – 2   Холандија Евро 1996 - Прва фаза -
18-6-1996 Лондон Холандија   1 – 4   Англија Евро 1996 - Прва фаза -4
22-6-1996 Ливерпул Франција   0 – 0 прод.
(5 – 4 пен.)
  Холандија Евро 1996 - Четвртфинале -
31-8-1996 Амстердам Холандија   2 – 2   Бразил Пријателска -2
5-10-1996 Кардиф Велс   1 – 3   Холандија Квал. за СП 1998 -1
9-11-1996 Ајндховен Холандија   7 – 1   Велс Квал. за СП 1998 -1
14-12-1996 Брисел Белгија   0 – 3   Холандија Квал. за СП 1998 -
26-2-1997 Сен Дени Франција   2 – 1   Холандија Пријателска -2
29-3-1997 Амстердам Холандија   4 – 0   Сан Марино Квал. за СП 1998 -
2-4-1997 Бурса Турција   1 – 0   Холандија Квал. за СП 1998 -1
30-4-1997 Серавале Сан Марино   0 – 6   Холандија Квал. за СП 1998 -
6-9-1997 Ротердам Холандија   3 – 1   Белгија Квал. за СП 1998 -1
11-10-1997 Амстердам Холандија   0 – 0   Турција Квал. за СП 1998 -
21-2-1998 Мајами Гарденс САД   0 – 2   Холандија Пријателска -
27-5-1998 Арнем Холандија   0 – 0   Камерун Пријателска -
1-6-1998 Ајндховен Холандија   5 – 1   Парагвај Пријателска -1
5-6-1998 Амстердам Холандија   5 – 1   Нигерија Пријателска -1
13-6-1998 Сен Дени Холандија   0 – 0   Белгија СП 1998 - Прва фаза -
20-6-1998 Марсеј Холандија   5 – 0   Јужна Кореја СП 1998 - Прва фаза -
25-6-1998 Сен Дени Холандија   2 – 2   Мексико СП 1998 - Прва фаза -2
29-6-1998 Тулуза Холандија   2 – 1   СР Југославија СП 1998 - Осминафинале -1
4-7-1998 Марсеј Холандија   2 – 1   Аргентина СП 1998 - Четвртфинале -1
7-7-1998 Марсеј Бразил   1 – 1 прод.
(4 – 2 пен.)
  Холандија СП 1998 - Полуфинале -1
11-7-1998 Париз Холандија   1 – 2   Хрватска СП 1998 - Натпрвар за 3. место -2
10-10-1998 Ајндховен Холандија   2 – 0   Перу Пријателска -
13-10-1998 Арнем Холандија   0 – 0   Гана Пријателска -
18-11-1998 Гелзенкирхен Германија   1 – 1   Холандија Пријателска -1
10-2-1999 Париз Португалија   0 – 0   Холандија Пријателска -
31-3-1999 Амстердам Холандија   1 – 1   Аргентина Пријателска -1
28-4-1999 Арнем Холандија   1 – 2   Мароко Пријателска -2  
5-6-1999 Салвадор Бразил   2 – 2   Холандија Пријателска -2
18-8-1999 Копенхаген Данска   0 – 0   Холандија Пријателска -
4-9-1999 Ротердам Холандија   5 – 5   Белгија Пријателска -5
9-10-1999 Амстердам Холандија   2 – 2   Бразил Пријателска -2
13-11-1999 Ајндховен Холандија   1 – 1   Чешка Пријателска -
23-2-2000 Амстердам Холандија   2 – 1   Германија Пријателска -1
26-4-2000 Арнем Холандија   0 – 0   Шкотска Пријателска -
27-5-2000 Амстердам Холандија   2 – 1   Романија Пријателска -1
4-6-2000 Лозана Полска   1 – 3   Холандија Пријателска -1
11-6-2000 Амстердам Холандија   1 – 0   Чешка Евро 2000 - Прва фаза - дет.
16-6-2000 Ротердам Данска   0 – 3   Холандија Евро 2000 - Прва фаза - дет.
25-6-2000 Ротердам Холандија   6 – 1   СР Југославија Евро 2000 - Четвртфинале -1   65' дет.
29-6-2000 Амстердам Италија   0 – 0 прод.
(3 – 1 пен.)
  Холандија Евро 2000 - Полуфинале - дет.
2-9-2000 Амстердам Холандија   2 – 2   Ирска Квал. за СП 2002 -2
7-10-2000 Строволос Кипар   0 – 4   Холандија Квал. за СП 2002 -
11-10-2000 Ротердам Холандија   0 – 2   Португалија Квал. за СП 2002 -2
15-11-2000 Севиља Шпанија   1 – 2   Холандија Пријателска -1
28-2-2001 Амстердам Холандија   0 – 0   Турција Пријателска -
24-3-2001 Барселона Андора   0 – 5   Холандија Квал. за СП 2002 -
28-3-2001 Порто Португалија   2 – 2   Холандија Квал. за СП 2002 -2
25-4-2001 Ајндховен Холандија   4 – 0   Кипар Квал. за СП 2002 -
2-6-2001 Талин Естонија   2 – 4   Холандија Квал. за СП 2002 -2
15-8-2001 Лондон Англија   0 – 2   Холандија Пријателска -
1-9-2001 Даблин Ирска   1 – 0   Холандија Квал. за СП 2002 -1
5-9-2001 Ајндховен Холандија   5 – 0   Естонија Квал. за СП 2002 -
6-10-2001 Арнем Холандија   4 – 0   Андора Квал. за СП 2002 -
13-2-2002 Ротердам Холандија   1 – 1   Англија Пријателска -1
27-3-2002 Ротердам Холандија   1 – 0   Шпанија Пријателска -
21-8-2002 Осло Норвешка   0 – 1   Холандија Пријателска -
7-9-2002 Ајндховен Холандија   3 – 0   Белорусија Квал. за Евро 2004 -
16-10-2002 Виена Австрија   0 – 3   Холандија Квал. за Евро 2004 -
20-11-2002 Гелзенкирхен Германија   1 – 3   Холандија Пријателска -1
30-4-2003 Ајндховен Холандија   1 – 1   Португалија Пријателска -1
7-6-2003 Минск Белорусија   0 – 2   Холандија Квал. за Евро 2004 -
20-8-2003 Брисел Белгија   1 – 1   Холандија Пријателска -1
6-9-2003 Ротердам Холандија   3 – 1   Австрија Квал. за Евро 2004 -1
10-9-2003 Прага Чешка   3 – 1   Холандија Квал. за Евро 2004 -3
11-10-2003 Ајндховен Холандија   5 – 0   Молдавија Квал. за Евро 2004 -
15-11-2003 Единбург Шкотска   1 – 0   Холандија Квал. за Евро 2004 -1
19-11-2003 Амстердам Холандија   6 – 0   Шкотска Квал. за Евро 2004 -
18-2-2004 Амстердам Холандија   1 – 0   САД Пријателска -
31-3-2004 Ротердам Холандија   0 – 0   Франција Пријателска -
28-4-2004 Ајндховен Холандија   4 – 0   Грција Пријателска -  
29-5-2004 Ајндховен Холандија   0 – 1   Белгија Пријателска -1
1-6-2004 Лозана Холандија   3 – 0   Фарски Острови Пријателска -
5-6-2004 Амстердам Холандија   0 – 1   Ирска Пријателска -1
15-6-2004 Порто Германија   1 – 1   Холандија Евро 2004 - Прва фаза -1
19-6-2004 Авеиро Холандија   2 – 3   Чешка Евро 2004 - Прва фаза -3
23-6-2004 Брага Холандија   3 – 0   Латвија Евро 2004 - Прва фаза -
26-6-2004 Фаро Шведска   0 – 0 прод.
(4 – 5 пен.)
  Холандија Евро 2004 - Четвртфинале -
30-6-2004 Лисабон Португалија   2 – 1   Холандија Евро 2004 - Полуфинале -2
18-8-2004 Солун Шведска   2 – 2   Холандија Пријателска -2
3-9-2004 Утрехт Холандија   3 – 0   Лихтенштајн Пријателска -
8-9-2004 Амстердам Холандија   2 – 0   Чешка Квал. за СП 2006 -
9-10-2004 Скопје Македонија   2 – 2   Холандија Квал. за СП 2006 -2
13-10-2004 Амстердам Холандија   3 – 1   Финска Квал. за СП 2006 -1
17-11-2004 Барселона Андора   0 – 3   Холандија Квал. за СП 2006 -  
9-2-2005 Бирмингем Англија   0 – 0   Холандија Пријателска -  
26-3-2005 Букурешт Романија   0 – 2   Холандија Квал. за СП 2006 -  
30-3-2005 Ајндховен Холандија   2 – 0   Ерменија Квал. за СП 2006 -  
4-6-2005 Ротердам Холандија   2 – 0   Романија Квал. за СП 2006 -  
8-6-2005 Хелсинки Финска   0 – 4   Холандија Квал. за СП 2006 - 100,  
17-8-2005 Ротердам Холандија   2 – 2   Германија Пријателска -2  
3-9-2005 Ереван Ерменија   0 – 1   Холандија Квал. за СП 2006 -  
7-9-2005 Ајндховен Холандија   4 – 0   Андора Квал. за СП 2006 -  
8-10-2005 Прага Чешка   0 – 2   Холандија Квал. за СП 2006 -  
12-10-2005 Амстердам Холандија   0 – 0   Македонија Квал. за СП 2006 -  
12-11-2005 Амстердам Холандија   1 – 3   Италија Пријателска -3  
1-3-2006 Амстердам Холандија   1 – 0   Еквадор Пријателска -  
27-5-2006 Ротердам Холандија   1 – 0   Камерун Пријателска -  
4-6-2006 Ротердам Холандија   1 – 1   Австралија Пријателска -1  
11-6-2006 Лајпциг Србија и Црна Гора   0 – 1   Холандија СП 2006 - Прва фаза -  
16-6-2006 Штутгарт Холандија   2 – 1   Брег на Слоновата Коска СП 2006 - Прва фаза -1  
21-6-2006 Франкфурт на Мајна Холандија   0 – 0   Аргентина СП 2006 - Прва фаза -  
25-6-2006 Нирнберг Португалија   1 – 0   Холандија СП 2006 - Осминафинале -1  
16-8-2006 Даблин Ирска   0 – 4   Холандија Пријателска -  
2-9-2006 Луксембург Луксембург   0 – 1   Холандија Квал. за Евро 2008 -  
6-9-2006 Ајндховен Холандија   3 – 0   Белорусија Квал. за Евро 2008 -  
7-10-2006 Софија Бугарија   1 – 1   Холандија Квал. за Евро 2008 -1  
11-10-2006 Амстердам Холандија   2 – 1   Албанија Квал. за Евро 2008 -1  
28-3-2007 Цеље Словенија   0 – 1   Холандија Квал. за Евро 2008 -  
8-9-2007 Амстердам Холандија   2 – 0   Бугарија Квал. за Евро 2008 -  
12-9-2007 Тирана Албанија   0 – 1   Холандија Квал. за Евро 2008 -  
17-11-2007 Ротердам Холандија   1 – 0   Луксембург Квал. за Евро 2008 -  
6-2-2008 Сплит Хрватска   0 – 3   Холандија Пријателска -  
29-5-2008 Ајндховен Холандија   1 – 1   Данска Пријателска -1  
1-6-2008 Ротердам Холандија   2 – 0   Велс Пријателска -  
9-6-2008 Берн Холандија   3 – 0   Италија Евро 2008 - Прва фаза -  
13-6-2008 Берн Холандија   4 – 1   Франција Евро 2008 - Прва фаза -1  
21-6-2008 Базел Холандија   1 – 3 прод.   Русија Евро 2008 - Четвртфинале -3  
11-10-2008 Ротердам Холандија   2 – 0   Исланд Квал. за СП 2010 -
15-10-2008 Осло Норвешка   0 – 1   Холандија Квал. за СП 2010 -
Вкупно Настапи (2. место) 130 Голови -89

Спортска улога уреди

Ван дер Сар ја презел улогата на маркетинг директор во Ајакс на 19 ноември 2012 година.[19] Во 2016 година во тој бил промовиран во улогата на извршен директор.[20]

Титули уреди

Клупски уреди

  Ајакс уреди

1993-1994, 1994-1995, 1995-1996, 1997-1998
1992-1993, 1997-1998, 1998-1999
1993, 1994, 1995
1994-1995
1991-1992
1995
1995

  Јувентус уреди

1999

  Фулам уреди

2002

  Манчестер Јунајтед уреди

2006-2007, 2007-2008, 2008-2009, 2010-2011
2005-2006
2007, 2008, 2010
2007-2008
2008

Поединечни уреди

1994, 1995, 1996, 1997
1995, 2009[21]
1995–1996, 2008–2009
1998[22]
1998
2006–2007,[23] 2008–2009,[24] 2010–2011[25]
2008
2008–2009[26]

Наводи уреди

  1. „Edwin Van der Sar ESPN“. Soccernet.espn.go.com. ESPN Soccernet. 3 February 2011. Архивирано од изворникот на 2012-10-25. Посетено на 3 February 2011.
  2. „Edwin van der Sar Manchester United“. ManUtd.com. Manchester United. 3 February 2011. Посетено на 3 February 2011.
  3. White, Jim (2008). Manchester United: The Biography. London: Sphere. стр. 425. ISBN 978-1-84744-088-4.
  4. „Van der Sar pens new one-year deal at United“. ESPNsoccernet. ESPN. 15 December 2006. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на 20 July 2007.
  5. Giancarlo Mola (29 June 2000). „Italia, finale da leggenda Olanda spreca e va fuori“ (италијански). La Repubblica. Посетено на 18 May 2015.
  6. „UEFA Euro 2008 Information“ (PDF). UEFA. стр. 88. Посетено на 30 June 2008.
  7. „Holland end Swede dream“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 26 June 2004. Посетено на 13 August 2008.
  8. „Portugal 2–1 Holland“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 20 June 2004. Посетено на 13 August 2008.
  9. „Van Der Sar Tight-Lipped on Future“. Yahoo! Sport UK. 20 October 2007. Архивирано од изворникот на 22 October 2007. Посетено на 13 August 2008.
  10. „RSSSF International Career for Edwin van der Sar“.
  11. Scurr, Andrew (29 October 2007). „Van der Sar to quit Holland“. Sky Sports. Посетено на 29 January 2009.
  12. „Van der Sar happy to be Dutch daddy“. fifa.com. 12 June 2008. Архивирано од изворникот на 2012-11-11. Посетено на 2017-05-08.
  13. Ruizenaar, Theo (22 June 2008). „Van der Sar ends Dutch career with painful defeat“. Reuters. Посетено на 29 January 2009.
  14. „Manchester United close to signing keeper – David Gill“. BBC Sport. 15 May 2011. Посетено на 15 May 2011.
  15. „Edwin van der Sar most minutes played at European Championship“. TopFootball.net. 21 June 2008. Посетено на 29 January 2009.
  16. „Van der Sar makes Dutch comeback for World Cup qualifiers“. Reuters. 3 October 2008. Посетено на 28 October 2008.
  17. „Strikers put in the shade“. FIFA. 15 October 2008. Архивирано од изворникот на 2009-02-01. Посетено на 28 October 2008.
  18. „Wesley Sneijder breaks Netherlands caps record“. UEFA.com. 9 јуни 2017. Посетено на 4 јануари 2018.
  19. „Edwin van der Sar back at Ajax as marketing director“. 19 November 2012.
  20. „Man United icon Van der Sar bids to win Europa League final with Ajax“.
  21. „Man Utd's Edwin van der Sar to retire at end of season“. BBC Sport. 27 January 2011. Посетено на 13 September 2016.
  22. „FIFA Technical Study Group designates MasterCard All-Star Team“. FIFA.com. 10 July 1998. Архивирано од изворникот на 2014-11-29. Посетено на 17 January 2015.
  23. „Ronaldo secures PFA awards double“. BBC Sport. 22 April 2007. Посетено на 18 April 2018.
  24. „Giggs earns prestigious PFA award“. BBC Sport. 26 April 2009. Посетено на 18 April 2018.
  25. „Spurs' Gareth Bale wins PFA player of the year award“. BBC Sport. 17 April 2011. Посетено на 18 April 2018.
  26. Matt S (26 May 2009). „Van Der Sar Claims Barclays Golden Glove“. Посетено на 24 April 2018.

Надворешни врски уреди

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Спортски позиции
Претходник
Едгар Давидс
Капитен на Холандија
2004-2008
Наследник
Џовани ван Бронхорст